ИГЕОГРАФИЈА » Archive
Настап на студенти на Институтот за географија при ПМФ во Скопје, на престижна работилница на НАСА и ЕСА

Во периодот од 5 до 9 септември 2022 година, во кампусот на Карловиот Универзитет во Прага, Република Чешка се одржа голема меѓународна работилница за новите технологии во далечинска детекција (RS-Remote Sensing), TAT-2022 (TAT-9). ТАТ (Trans-Atlantic-Training) претставува серија годишни работилници и курсеви за набљудување на Земјата (EO), организирани од 2013 година од страна на Националната аеронаутичка и вселенска агенција (NASA), Европската вселенска агенција (ESA) и Карловиот Универзитет во Прага, Чешка. Оваа година тренинг-курсот на ТАТ 2022 … Read entire article »
Filed under: Географски вести
Неоткриена пештера во атарот на с. Лешани

Пештерата позната под името Змија Дупка се наоѓа во котлината Дебрца, во атарот на с. Лешани или поточно на околу 2.5 km источно од Лешани пред месноста викана Бозоец. Пештерата се наоѓа на околу 930 м.н.в со координати 41°16’31’’ северна географска широчина и 20°53’30” источна географска должина. Оваа пештера е позната само меѓу локалните жители на с. Лешани и не е позната во јавноста, а крие голем број убавини како од геолошко-геоморфолошки, така и од туристички … Read entire article »
Filed under: Географски вести
Оресундскиот мост кој ги поврзува Данска и Шведска

Во минатиот век, доколку некој сакал да патува со сопствено возило од главниот град на Данска-Копенхаген, до главниот град на Шведска-Малме, бил принуден да чека долго време. Но, почнувајќи од 2000-та година, со градењето на Оресундскиот мост времето на патувањето изнесува точно 15 минути. Мостот Оресунд е патна и железничка врска помеѓу Шведска и Данска. Должината на овој мост изнесува 16 km. Оваа патна и железничка инфраструктура се состои од три дела: мост, вештачки остров и … Read entire article »
Filed under: На тема
За пештерата Рамниште кај Прилеп

За време на спелеолошките истражувања од 2005 до 2007 година, во близина на Прилеп, истражувани биле пет пештери, од кои особено е интересна пештерата Рамниште. Оваа пештера е првиот примерок на пештери во Македонија која не се формирала врз компактна карпа (варовник), односно е кластокарстна пештера. Рамниште се наоѓа помеѓу селата Крстец и Оревоец, на западната страна на планината Козјак (1745 m), дел од масивот Бабуна. Иако пештерата на локалното население му била одамна позната, … Read entire article »
Filed under: Географски вести
Косел – поствулканска појава или не?

Непосредно до селото Косел, во близина на градот Охрид, се наоѓа геолокалитетот Дувало. Овој геолокалитет јави големи дилеми меѓу околните жители, особено по долготрајните земјотреси во јули 2017 година кога поради исплашеноста на граѓаните излегоа најразлични претпоставки за настанувањето на тогашните земјотреси. Најголем дел од претпоставките беа дека причината за земјотресите е „активирање на вулканот во Косел“ , но во оваа статија ќе ви објасниме што всушност претставува Косел, односно Дувало?Појавата Дувало се наоѓа на … Read entire article »
Filed under: Чудесна Македонија
Успешно реализирана online работилница на светскиот бренд HERE Technologies на Институтот за географија

Во текот на вчерашниот ден, 31.03.2022 година, успешно се реализираше уште една работилница помеѓу Институтот за географија при ПМФ и познатиот светски бренд HERE Technologies. Работилницата се реализираше во рамките на предметот Глобален Позиционен Систем за студентите 3-та година, каде се вклучија и студентите од 4-та година, на студиите по насоката Географски Информациски Системи. Студентите се стекнаа со нови знаења за просторните податоци како и проучување и совладување на програмите Map Creator и , кои … Read entire article »
Filed under: Активности, Географски вести
Жените во високото образование

По повод осми март, интернационалниот ден на жената, направена е анализа на учеството на жената во високото образование, поконкретно, на студентките на прв циклус на студии. Во овој кус осврт, акцентот е ставен на состојбите во Република Северна Македонија, но направена е споредба со други држави од Европа. Главната цел е да се пресмета процентуалното учество на студентките во вкупниот број на студенти, во кои стручни и научни полиња доминираат жените и сето тоа да се … Read entire article »
Filed under: На тема
Колку раселени и историски села има во Македонија?

Селото се дефинира како населено место со еднофункционално значење во кое преовладува една дејност, а атарот е со аграрна физиономија и функција (Закон за територијалната организација на Локалната Самоуправа во Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 55/2004, 12/2005, 98/2008 и 106/2008)). Големиот број на војни кои што се одвивале на територијата на Македонија во периодот на првата половина од ХХ век и сите миграциски процеси, кои настанале поради новите општествено-економски односи, довеле до … Read entire article »
Filed under: Чудесна Македонија
„Негостопримливата“ Данакилска депресија во Етиопија

Позната како „портата кон пеколот“ и „најсуровото место на Земјата“, депресијата Данакил се наоѓа во регионот Афар во северна Етиопија на повеќе од 100 m под нивото на морето и содржи некои од најпознатите вонземски пејзажи во светот. Не само што депресијата е едно од најтоплите места на Земјата, туку е и едно од најразновидните геолошки места на планетата. Етиопската депресија Данакил има интересни и специфични карактеристики, како што сена лава, светло жолти топли извори, … Read entire article »
Filed under: По Светот
Интересни факти за вулканот Етна

Една од главните атракции на островот Сицилија е вулканот на планината Етна (највисокиот вулкан во Европа, на речиси 3329 m надморска височина), помеѓу градовите Месина и Катанија. Неговата геолошка историја започнува уште пред 350000 години, а прв пат за неговата ерупција се спомнува во книгата на грчкиот поет Диодорус Сицилус во 425 година п.н.е. Името Етна вулканот го добил од грчкиот збор „aitho“ што значи „јас горам“. Според римската митологија, се верува дека под него … Read entire article »
Filed under: По Светот
Мистериозниот „крвав“ водопад на Антарктикот

На Антарктикот, серија паралелни суви долини лежат помеѓу Росово Море и мразот на источниот дел на Антарктикот. Во сувите долини застапени на Антарктикот, има збир на езера покриени со мраз, од кои секое е хемиски различно од друго. Овие разлики ги предизвикале научниците да истражаат како се формирале езерата и како се менувале низ различни периоди од историјата на Земјата. Меѓу најинтересните и најзбунувачките карактеристики на езерата е токму „крвавиот“ водопад кој се наоѓа во … Read entire article »
Filed under: По Светот
Краток осврт на земјотресот во Лерин-Битола од 9-ти јануари 2022

Земјотрес или потрес на земјата е природна појава која настанува како резултат од поместувањето на тектонските плочи. Всушност, тектонските плочи постојано се движат и акумулираат енергија која наеднаш ја испуштаат и тогаш се појавува земјотрес. За да ги претставиме јачината и интензитетот на земјотресите се користат поимите хипоцентар, епицентар и скали за јачина и интензитет. Хипоцентар претставува точка на одредена длабочина во Земјата каде започнал земјотресот, додека епицентар претставува точка на површината на Земјата која … Read entire article »
Filed under: Географски вести
Праисториската густина на населеност во Прилепско Поле и Пелагониската Котлина

Население и населени места Еволуцијата на популацијата во Прилепско Поле е тесно поврзана со општествено-историските услови во регион. Разни фактори во минатото влијаеле и врз демографските промени на населението и врз демографските елементи кои ги откриваат основните промени поврзани со социјалните, економските, етничките и други одлики на населението. На опфатената територија постојат 89 населени места, од кои 2 може да ги сметаме како градски насеби, а останатите како селски. Во овие населени места населени се … Read entire article »
Filed under: Чудесна Македонија
Изведена теренска настава до Катлановска Бања

На 22 ноември 2021 година беше реализирана теренска настава на просторот на Катлановска Бања со студентите од Институтот за географија. Теренската настава беше организирана согласно наставната програма по предметите општа геологија со петрографија (за студентите на студии ои географија), бањски туризам и претприемништво (за студентите на насока туризам).Во рамките на теренската настава проф. д-р Ивица Милевски имаше предавање за геолошките карактеристики на просторот, за потеклото и особеностите на термалните води. Проф. д-р Билјана Апостоловска Тошевска … Read entire article »
Filed under: Наставни
Интересни факти за Белград

01.10.2021 Белград е главен, но и најголем град во Србија, кој се наоѓа на устието на реките Сава и Дунав. Овој град брои над 1,2 милиони жители, додека во рамките на неговите административни граници живеат над 1,6 милиони луѓе. Тој е најголемиот град на територијата на поранешна Југославија и по бројот на жители е четврт во Југоисточна Европа по Истанбул, Атина и Букурешт. Белград има статус на посебна територијална единица во Србија, со посебна автономна градска … Read entire article »
Венеција – градот на вода!

01.10.2021 За романтичарите Венеција е остварување на сонот. Позната како и „Огледало на душата“, „Кралица на Јадранот“, „Градот на вода“, „Градот на мостовите и каналите“… Венеција е една од најпосакуваните туристички дестинации. Се наоѓа на брегот на Северна Италија, отворена кон Јадранското Море. Венеција е главен град на регионот Венето, а областа помеѓу делтите на реките По и Пијав се нарекува Венецијанска лагуна. Овој туристички рај опфаќа 118 острови. Превозот помеѓу овие острови со 170 канали … Read entire article »
Мегалополисот Мумбај!

22.09.2021 Пронајден 1668 год. тогаш познат како Бомбај, а од 1995 год. преименуван во Мумбај, денес претставува главен град на Сојузната држава Махараштра во Индија. Своето име според едни податоци, го добил од божицата на локалните риболовци „Мумба Деви“, која ги штитела нивните трговски интереси. Согласно податоците од Соединетите држави, во 2018 година Мумбај е втор најнаселен град во Индија, и седми најнаселен град во светот со околу 20 милиони луѓе. Според други податоци името Бомбај било … Read entire article »
Filed under: Географски вести, На тема, По Светот
Мистерија на Париските Катакомби – царството на мртвите!

20.09.2021 Тунелите под Париз биле оригинално создадени во 12-тиот век, кога била изградена Богородичната црква (Нотр Дам). На жителите им овозможувале патека под метежот на градот, преку која ќе стигнат до црквата. Во текот на доцните години од 18-ти век, цела улица се срушила, и открила што се криело под неа. Градската управа решила да ги доизгради тунелите, и секој да го означи како улица која се протега над нив. За да се спречи понатамошно рушење … Read entire article »
Островот Родос – Медитеранската убавина!

07.09.2021 Најголемиот остров на Додеканезите и четвртиот по големина грчки остров Родос, поради својата стратешка позиција меѓу Крит и Турција, има големо значење и исклучително бурна историја со векови. Антички Грци, Римјани, Византијци, Османлии и Италијанци живееле на ова подрачје. Мешањето на овие народи кои ги оставиле своите траги и стапки, го прави Родос толку многу уникатен. Сепак, имајќи предвид дека срцето и најголемата атракција на Родос е Стариот град изграден од витезите болничари во текот … Read entire article »
Точкасто Езеро – едно од „најмистериозните“ езера во светот

06.09.2021 Сместено во градот Осојоос, Британска Колумбија (Канада), езерото Хилок (познато како Точкасто езеро) во облик на грав, има површина од 573 m2, должина на брегот од 1.7 km и широчина од 250 m. Ова езеро е уникатно чудо на природата заради својата шарена, точкаста шема, предизвикана поради испарување на водата во текот на летото, оставајќи шарени минерални наслаги што се таложат околу езерото како дамки. Иако на посетителите не им е дозволено да се капат во … Read entire article »