Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Archive

Утре не очекува вистински астрономски феномен кој не смеете да го пропуштите!

Утре не очекува вистински астрономски феномен кој не смеете да го пропуштите!

20.12.2020 На 21 декември (утре) 2020 година, после точно 794 години, Јупитер и Сатурн погледнати од Земјата, ќе се приближат толку блиску што ќе изгледаат како „двојна планета“, или како една ѕвезда на небото. Овој феномен, астрономите тврдат дека ќе изгледа спектакуларно. Двете најголеми планети во нашиот Сончев Систем ќе бидат поблиску од било кога, за создавање на т.н. „Божиќната Ѕвезда“. Имено, последниот ваков феномен е забележан на 4 март, 1226 година. Според тоа, вакво приближување … Read entire article »

Filed under: Вселена, На тема

Езеро Комо-Огледало на луксузот

Езеро Комо-Огледало на луксузот

19.12.2020 Леднички езера или со други имиња наречени глечерски или глацијални, претставуваат природни езера кои настанале со топење на мразот. Најчесто се наоѓаат на високите планини и повеќето од нив се со мала површина. Едно од нив е езерото Комо, кое има ледничко потекло во Ломбардија, Италија. Овој природен бисер има доста студена и бистра вода, со исклучителна убавина. Имено, ова интересно езеро претставува „магнет“ за многу туристи и посетители. Вистинското италијанско име на езерото е … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Коралните гребени и нивното значење за природата и поморскиот свет

Коралните гребени и нивното значење за природата и поморскиот свет

16.12.2020 Коралните гребени се многу значајни за поморскиот свет. Тие се една од најубавите и најколоритните појави во природата, а воедно, се многу значајни за биодервизерзитот. Од целата океанска површина, тие се дом за повеќе од 25% од животните во океаните. Всушност, коралните гребени се значајни за поморскиот свет исто како што се дрвјата и шумите за копното. Фасцинантни се и поради нивното настанување. Имено, коралните гребени настануваат кога секој индивидуален каменит корален организам или полип … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Сиромашните квартови во Манила – синоним за „преживување“

Сиромашните квартови во Манила – синоним за „преживување“

16.12.2020 Метро Манила се наоѓа во јужниот регион на Лузон, најголемиот остров на Филипините, држава архипелаг составена од повеќе од 7000 острови во Југоисточна Азија, во западниот дел на Тихиот океан. Оваа метрополитенска област е поделена на 6 административни делови, кои сочинуваат 17 области, а една од нив е градот Манила – главниот град на Филипините, кој се наоѓа на источниот брег на заливот Манила. Интересен факт за овој град е тоа што претставува најгусто населен … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Миграциите како социоекономска појава и нивните влијанија врз туризмот

Миграциите како социоекономска појава и нивните влијанија врз туризмот

15.12.2020 Како социјален елемент, миграциите постојат уште од времето на постоењето на човекот, кој како единка или во група морал да го менува своето место на живеење поради опстанок. Миграциите се јавуваат во сите општества и можат да бидат поттикнати од економски, социјални, етнички, културни или други фактори. Меѓу другото, тие исто така имаат и големо влијание за промена на истите општествени фактори од кои се поттикнати. Покрај влијанието на миграциите врз начинот на живеењето во … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема

Последици врз животната средина предизвикани од пандемијата COVID 19

Последици врз животната средина предизвикани од пандемијата COVID 19

15.12.2020 Покрај тоа што Корона вирусот стана еден од најголемите предизвици за справување за човештвото, од здравствен, економски, социјален и психолошки аспект, исто така тој донесе и големи промени во природата и животната средина. Заради згаснувањето на туризмот, интензивното намалување на транспортот (авионски, сообраќаен итн.), како и поради честото воведување на полициски час или за метрополите целосен „lockdown“, значително се намали аерозагадувањето на светско ниво. Да потенцираме дека аерозагадувањето значително се намали гледано само глобално ниво, … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Тирана – склоп на модерен и туристички град

Тирана – склоп на модерен и туристички град

13.12.2020 Позиционирана скоро во централниот дел на земјата, Тирана е главен град на политичкиот, економскиот и културниот живот на Албанија. Имено, овој модерен и туристички град се наоѓа на 110 m надморска височина, во западното подножје на планината Дајти (1612 m), односно 25 km од Националниот Парк Дајти. Планината Дајти, позната како Балкон на Тирана, освен што е лоцирана во близина на Јадранското Море, се издига над градот и му дава неверојатен поглед. Воедно, Тирана се … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема, По Светот

Фазан – остров со специфична административна организација

Фазан – остров со специфична административна организација

11.12.2020 Oстровот Фазан е лоциран на самата граница помеѓу Франција и Шпанија, на само неколку десетици метри од брегот на двете земји. Се наоѓа во коритото на реката Бидисоа, а неговата територија припаѓа на две одделни нации истовремено. Она што е интересно за овој мал речен остров, е тоа што го менува суверенитетот на секои шест месеци, како дел од редок, вековен договор. Можеби изгледа како ништо посебно, но ова мало парче земја е дом на вековната … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема, По Светот

Хилиер – розевото езеро во Австралија

Хилиер – розевото езеро во Австралија

11.12.2020 Понекогаш за да добиеме одговор на прашањата за природата, треба да се потсетиме колку нашата планета е необична. Природата е позната по своите извонредни и чудесни убавини. Една од нив е соленото езеро Хилиер, кое се наоѓа на островот Мидл во западна Австралија. Имено, ова не е единственото розово езеро на светот, но секако најдолго го задржа вниманието на научниците. Блескавата светлорозова површина на езерото Хилиер, гледана од воздух, изгледа како глазура на тркалезна торта … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема, По Светот

Најсолените езера во светот!

Најсолените езера во светот!

08.12.2020 Соленоста на езерските води варира од една до друга локација и од сезона во сезона. Иако многумина ке помислат дека Мртвото Море, како водена површина ја поседува најголемата количина на сол во светот, сепак не е така. Во продолжение ке ги наведеме 7-те најсолени езера во светот. 1. Езерото Гаетале Понд е дел од серијата мали езерца лоцирани во близина на изворот Далол во Етиопија. Сместено е во Афарската депресија воо северна Етиопија, која имено е … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема, По Светот

Окленд – Градот на едрата!

Окленд – Градот на едрата!

30.11.2020 Окленд, не само што е најголемиот град на Северниот Остров на Нов Зеланд, туку и во земјата. Имено, лоциран е во најсеверниот дел на Северниот остров, помеѓу заливот Хаураки на Тихиот Океан на исток, ниските планински венци Хунуа на југоисток, заливот Манукау на Тасманово Море на југозапад и планинскиот венец Ваитакере на северозапад. Централниот дел од населената област го завзема теснецот помеѓу заливот Манукау на Тасмановото Море и заливот Ваитемата на Тихиот Океан. Воедно, Окленд се … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема, По Светот

Необичните раседни езера во источна Африка

Необичните раседни езера во источна Африка

26.11.2020 Во должина од 1600 km, во североисточниот дел на Големата раседна долина во Африка, се наоѓаат неколку езера, кои се загадени со натриумови карбонати. Овие хемикалии се исцедиле од вулканските сливни подрачја, или пак, навлегле во езерата преку подземната вулканска активност. Во продолжение ќе дадеме појаснување за некои од езерата. Езерото Туркана е најголемото алкално езеро во светот. Има соленост од 2,44%.  Сместено покрај Големата раседна долина во Африка, езерото се протега од северна Кенија до … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема, По Светот

Разлики помеѓу астрономот и астронаутот!

Разлики помеѓу астрономот и астронаутот!

17.11.2020 Во оваа статија ќе дадеме објаснување што е тоа астроном, а што астронаут (космонаут). Иако многумина мислат дека се работи за иста личност или иста работна позиција и професија, сепак не е така. Имено, астрономите и астронаутите имаат работни позиции поврзани со истражување на Вселената, вселенскиот простор и вселенските тела, но и покрај одредената поврзаност, имаат различни погледи и пристапи. Така, во оваа статија можете да научите кој каква улога има во проучувањето на вселената. Астрономијата е … Read entire article »

Filed under: Вселена, На тема

Успешно реализирана првата Студентска Конференција за Глобални Климатски Промени

Успешно реализирана првата Студентска Конференција за Глобални Климатски Промени

03.10.2020 На ден 29.10.2020 година, се одржа првата Студентска Конференција за Глобални Климатски Промени. Заради состојбата со пандемијата, конференцијата се одржа on-line, на платформата “Zoom”. На настанот учествуваа шест млади истражувачи (студенти и дипломци) од неколку различни факултети, кои ги презентираа своите трудови на една од најактуелните теми во светот – влијанието на климатските промени согледано од повеќе аспекти. Конференцијата ја отвори главниот координатор на Студентската Конференција за Глобални Климатски Промени – Јане Влахов, а огромна подршка … Read entire article »

Filed under: Активности, Географски вести, На тема

Глечерот Мингјонг во Тибет се топи со огромна брзина!

Глечерот Мингјонг во Тибет се топи со огромна брзина!

14.10.2020 Глечерот Мингјонг е еден од најголемите глечери во Кина. Се наоѓа на планинскиот венец Меили, во југозападната Кинеска провинција Јунан, на 2700 m надморска височина. Тој е најнизок и најјужен глечер во Кина. Се смета дека глечерот во подножјето на планината се повлекува со невидена брзина секоја година и дека за многу брзо време ќе се стопи. Од 1970-та година загубил дури една четвртина од својот мраз. Научниците анализирале сателитски снимки, преку кои заклучиле дека … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Островите Пи Пи во Тајланд – вистинска атракција во светот!

Островите Пи Пи во Тајланд – вистинска атракција во светот!

21.09.2020 Oстровите Пи Пи (Phi Phi) се наоѓаат во југоисточна Азија. Тоа се група на острови во Тајланд кои што се сместени меѓу островот Пукет и Малачкиот Проток и се едни од најубавите острови во овој дел. Оваа островска група се состои од шест острови, од кои главни се Пи Пи Ле (Phi Phi Leh) и Пи Пи Дон (Phi Phi Don). Пи Пи Дон е единствениот населен остров кој привлекува стотици посетители кои уживаат на неговите … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Утре на северната хемисфера започнува есента!

Утре на северната хемисфера започнува есента!

21.09.2020 По доста жешкото и сушно лето, утре на 22 септември (267-иот ден во годината), во Македонија и на северната хемисфера, календарски ќе започне есента. Во Македонија, таа официјално ќе пристигне во 15.30 часот по средноевропско време. Во првиот ден на есента, денот и ноќта на целата Земјина топка ќе траат подеднакво, со тоа што на северната хемисфера ќе биде есенска рамноденица (еквиноциум), а на јужната пак пролетна рамноденица (таму почнува пролетта). Во првиот есенски ден, … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема

Извонредна туристичка атракција во Бали – Шума на мајмуните!

Извонредна туристичка атракција во Бали – Шума на мајмуните!

15.09.2020 Последниве години сведоци сме за големиот развој на туризмот и неговите различни облици. Во некои земји низ светот туризмот претставува водечка индустрија. Денешниот турист не купува само одредени услуги и производи, туку е заинтересиран за сето она што може да му го даде туристичката дестинација која што ја избрал. Токму затоа земјите низ целиот Свет тежнеат да остварат се повеќе облици на туризам, со цел да имаат поголема заинтересираност и побарувачка, а со тоа се … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Крстот на Побиен Камен (Од енигма до реалност)

Крстот на Побиен Камен (Од енигма до реалност)

11.09.2020 Почнува четвртиот месец, затворен во карантин од коронавирусот. Нема терен, нема истражување. Просторни планови веќе со години не се изработуваат. Со мислите враќајки се во детството, од Гумењата, преку Чифликот, Џабирите, Пампурите и Дуритите доаѓаме до Побиен Камен. Дали ќе ни помогне и фантастичната приказна за Цар Константин и Царица Елена да го  разрешиме обидот за исламизација на жителите од село Бели, Кочани,  сублимирано во Крстот на овој камен?! Бидејќи нема историски податоци, ќе ја … Read entire article »

Filed under: На тема, Чудесна Македонија

Дубаи – градот на раскошот во Арабиската Пустина!

Дубаи – градот на раскошот во Арабиската Пустина!

11.09.2020 Дубаи е град, но воедно е и еден од седумте емирати во Обединетите Арапски Емирати. Сместен е во средишниот дел на Арабиската Пустина, во југоисточниот дел на Персискиот Залив на површина од 4114 km2. Според последните податоци за населението, во него живеат околу 2.300.000 жители, од кои само 17% се Арапи кои се автохтоно население. Најголема популациска група се Индијците со околу 40%, потоа Пакистанците 13%, Бангладежани, Филипинци, Иранци, голем број на Руси и др … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот