Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Archive

Поречки Манастир – Боженствена убавина и мир на падините на планината Добра Вода

Поречки Манастир – Боженствена убавина и мир на падините на планината Добра Вода

21.09.2021 Секогаш кога ќе се спомне областа Порече, меѓу првите асоцијации се мир, спокој, таинствена, недопрена и живописна природа. Природата во Порече била особено дарежлива и на областа и подарила мноштво од раскошна убавина (повеќе за природата на Порече). Покрај широко познатите убавини, во областа Порече се среќаваат повеќе уникатни културно – историски објекти и старини. Старините или археолошките локалитети се претставени со стари градови, калиња, кули и цркви. Во Порече се среќаваат неколку впечатливи стари … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог, Чудесна Македонија

Колку езера имa на Земјата?

Колку езера имa на Земјата?

11.04.2021 Колку езера имa на Земјата? Ова прашање отсекогаш предизвикува мистерија и силен интерес кај бројни светски научници и географи. Со оваа особено обемна и макотрпна проблематика се зафатиле голем број на хидролози и лимнолози. Речиси сите успеале да евидентираат до неколку стотици илјади езера, а претежно биле регистрирани само најголемите езера. Сумирањето на езерата е особено деликатна тема за која се потребни неколку комбинирани процеси, првенствено стандардизирана методологија, современи и крупноразмерни сателитски снимки без приказ на … Read entire article »

Filed under: На тема

Кои се најголемите полуострови на континентите? Седми дел – Австралија со Океанија

Кои се најголемите полуострови на континентите? Седми дел – Австралија со Океанија

02.06.2020 Австралија заедно со регионот Океанија претставува најмалиот континент на Земјата кој зафаќа површина од околу 8,5 милиони km2. Најголемиот дел од континентот е претставен со копното Австралија, а помал дел го зафаќаат островите од Океанија кои се наоѓаат во Тихиот океан. Регионот Океанија е составен од неколку големи острови како што се Нова Гвинеја и Нов Зеланд, како и огромен број на мали острови. Океанија се дели на три пространи области: Меланезија, Полинезија и Микронезија. … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Кои се најголемите полуострови на континентите? Шести дел – Европа

Кои се најголемите полуострови на континентите? Шести дел – Европа

30.05.2020 Европа е дел од големото Евроазиско копно кое се протега од Атлантскиот океан на запад до Тихиот океан на исток и го зафаќа помалиот западен дел, претставувајќи голем полуостров. Сепак Европа заради општествената, културната и политичката улога која ја имала во светската историја се смета за посебен континент. Тој е вториот најмал континент на Земјата, со површина од околу 10 милиони km2 или 1/15 од светското копно. На исток овој континент има природна граница со … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Кои се најголемите полуострови на континентите? Петти дел – Антарктик

Кои се најголемите полуострови на континентите? Петти дел – Антарктик

29.05.2020 Континентот Антарктик претставува големо студено копно кое се наоѓа јужно од континентите Јужна Америка, Африка и Австралија, околу јужниот пол. Овој континент е обиколен со водите на Веделово Море, Амундсеново Море, Белингхаузеново Море и Росово Море или со водите на Тихи, Атлантски и Индиски Океан, кои на некои географски карти и извори се именуваат под едно име како Јужен Океан (просторот околу Антарктик). Всушност терминот “Јужен Океан” во светската географска литература официјално не е класифициран … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Кои се најголемите полуострови на континентите? Четврти дел – Јужна Америка

Кои се најголемите полуострови на континентите? Четврти дел – Јужна Америка

28.05.2020 Континетот Јужна Америка го завзема јужниот дел од големото Американско копно, а од  Северна Америка е одделен со Панамскиот канал. На исток  и север излегува на Атлантскиот океан и Карипското море, а  на југ се доближува до континентот Антарктик. На запад излегува на водите на најголемиот океан на Земјата т.е. на Тихи Океан. Јужна Америка е четвртиот најголем континент на Земјата и зафаќа површина од околу 18 милиони km2. Низ Јужна Америка поминува екваторот (почетниот … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Кои се најголемите полуострови на континентите? Трет дел – Северна Америка

Кои се најголемите полуострови на континентите? Трет дел – Северна Америка

27.05.2020 Северна Америка е дел од големото Американско копно, кое се наоѓа на западната хемисфера. Северна Америка започнува од Панама и Панамскиот канал на југ и се протега до Северно Ледениот океан на север. На исток широко излегува на водите на Атлантскиот океан, а на запад е заграден со Тихи Океан. Северна Америка е третиот најголем континент на Земјата, има површина од околу 24 милиони km2 или околу 16 % од копнената површина. Континентот се одликува … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Кои се најголемите полуострови на континентите? Втор дел – Африка

Кои се најголемите полуострови на континентите? Втор дел – Африка

26.05.2020 Вториот најголем континент во светот е континентот Африка. Зафаќа површина од околу 30 милиони km2 и заедно со островите тој покрива 6% од  површината на Земјата или околу 20% од копнената површина на Земјата. Африка е единствениот континент низ кој поминуваат и екваторот и двата повратници. Овој континент е еден од најслабо разгранетите и на него се наоѓаат мал број на заливи, протоци, острови,  а само три полуострови можат да се издвојат како позабележителни и … Read entire article »

Filed under: На тема

Краткометражен документарен филм „Брзинско искачување на врвот Аконкагва (6962 m)“ од Александар Кирковски

Краткометражен документарен филм „Брзинско искачување на врвот Аконкагва (6962 m)“ од Александар Кирковски

26.05.2020 Врвот Аконкагва (6962 мнв) се наоѓа на планинскиот масив Анди во Аргентина, а претставува највисок врв на континентот Јужна Америка но и воопшто надвор од Азија. Условите на планината се екстремно сурови, има низок воздушен притисок и концентрација на кислород од само околу 40% во споредба со нивото на Светското море, а карактеристика е студот и силните ветрови. Просечната летна температура на врвот Аконкагва се движи од -25°C до -35 °C. Врвот за првпат е … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема

Кои се најголемите полуострови на континентите? Прв дел – Азија

Кои се најголемите полуострови на континентите? Прв дел – Азија

25.05.2020 Полуостров претставува копнена површина, обиколена со вода од три страни, а од  четвртата страна е поврзана со континенталното копно. Секој континент има различна брегова разгранетост, некои континенти имаат поголем број на полуострови и тие се поизразени, додека пак кај некои континенти бројот на полуострови е помал и тие се помалку изразени, но, кои се најголемите полуострови на секој континент? Азија е најголемиот континeнт во светот со површина од околу 44.5 милиони km2. Се карактеризира со голема брегова … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Најстарото заштитено подрачје и најстариот национален парк во светот

Најстарото заштитено подрачје и најстариот национален парк во светот

08.05.2020 Заштитено подрачје претставува јасно дефиниран географски простор, признат, посветен и управуван, преку правни или други ефективни средства, се со цел да се постигне долгорочно зачувување на природата со придружните услуги на екосистемот, како и сите културните вредности. Најстарото заштитено подрачје во светот ни доаѓа од Монголија. Во 1783 година тогашната власт ја прогласува планината Богд Кан за заштитено подрачје, иако уште од 13 век оваа планина била под некаква заштита бидејќи тогашниoт локален владател Торил Кан … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Најголемото вулканско езеро на Земјата

Најголемото вулканско езеро на Земјата

07.05.2020 Езерата претставуваат вдлабнатини на копното кои се исполнети со вода. Според настанокот на вдлабнатината, потеклото и својствата на водата има повеќе различни типови на езера. Класификацијата на езрата може да се изведе на различни начини. Првично езерата според настанокот на езерските басени се делат на природни и вештачки езера. Во природни езера се вбројуваат  тектонските,  ерозивните и акумулативните езера. Во групата на тектонски езера спаѓаат и вулканските езера. Тие се формираат во кратерите или калдерите … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Кои земјоделски култури потекнуваат од Американското копно?

Кои земјоделски култури потекнуваат од Американското копно?

22.04.2020 Земјоделството е стара стопанска гранка која опфаќа одгледување на животни и растенија  со цел  обезбедување основни производи корисни за населението.  Како примарна стопанска дејност земјоделството е систем  кој опфаќа повеќе земјоделски активности: полјоделство, во кое се издвојуваат: ораничарски култури (житни, индустриски, градинарски и фуражни култури), овоштарство, лозарство и сточарство. Голем  дел од полјоделските култури, денес се секојдневие за населението во нивната исхрана, обезбедувајќи витамини, протени, белковини и сл., неопходни за функционирање на  човечкиот организам, давајќи енергија … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Кои се највисоките православни храмови во светот?

Кои се највисоките православни храмови во светот?

20.04.2020 Христијанството е една од најстарите, а воедно најбројната религија во светот и има околу 2,2 милијарди верници. Христијанството се дели на три групи или цркви: католицизам, протестанство и православие. Според одредени проценки, православни верници се околу 260 милиони или 11,81 % од христијаните. Во православни народи спаѓаат: Македонците, Србите, Бугарите, Грците, Црногорците, Русите, Украинците, Белорусите, Романците, Молдавците, Грузиците, Етиопјаните и др. Во продолжение ќе ги издвоиме и разгледаме највисоките православни храмови во светот, а како … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Спектакуларна ерупција на вулканот Кракатау!

Спектакуларна ерупција на вулканот Кракатау!

11.04.2020 Вулканот Кракатау познат уште како Кракатоа се наоѓа во Индонезија, a истиот е лоциран на малиот Сундски Архипелаг помеѓу островите Суматра и Јава. Претставува вулкан кој се одликува со разновидна активност, која се издвојува како посебен тип на вулкани. Покрај продукцијата на лава и гасови, активноста на овој вулкан се одликува со силни експлозии проследени со исфрлање на огромни количини на пареа, гасови и пирокластичен материјал. Активноста на вулканот е поврзана со субдукцијата на Индискоaвстралиската … Read entire article »

Filed under: Географски вести, По Светот

Вулканот Вакаари – „повторно видлив“

Вулканот Вакаари – „повторно видлив“

16.12.2019 Деновиве од земјата на Маорите, односно Нов Зеланд одекна веста за најновата вулканска активност, т.е. ерупцијата на вулканот Вакаари. Истата се карактеризираше со последици, а бидејќи ѝ претходеше и земјотрес со посилен интензитет, во продолжение ќе наведеме неколку работи кои се карактеристични за овој вулкан и неговата најнова активност. Најпрво, колку за потсетување, да наведеме дека магматската актвност претставува процес на формирање на физичко-хемиски системи на одредени и делумни топења во Земјината обвивка или кората … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Реката и водопадот Уча – таинствена природа во Порече

Реката и водопадот Уча – таинствена природа во Порече

28.10.2019 Во областа Порече се наоѓа селото Девич, познато по Девините Кули и легендите за сестрите на Крале Марко, Дева и Пеша. Покрај богатото културно – историско наследство, атарот на селото Девич располага со повеќе природни вредности, како што се: изворот Асаноец, Девината пештера, пештерата Пешна и други. Исто така доста привлечна е бујната вегетација, особено во долината на реката Уча, каде се наоѓа и еден мал, но интересен водопад. Реката Уча е една од двете изворни … Read entire article »

Filed under: На тема, Чудесна Македонија

Лубничките Слапови (водопади) во заборавената Лакавичка Област

Лубничките Слапови (водопади) во заборавената Лакавичка Област

05.02.2019 Областа Лакавица е една од малку познатите и ретко посетените краеви во Република Македонија. Областа се наоѓа по долината на реката Крива Лакавица, па оттаму доаѓа и нејзиното име. Лакавичката Област од три страни е заградена со неколку ниски и средно – високи планини како што се  планината Смрдеш (Еленица 971 m) на североисток и исток, Конечка Планина (Волчјак 1159 m) на запад и Градешка Планина (Вршник 1031 m) на југ. На север областа Лакавица … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог, На тема, Чудесна Македонија

Мала Река – најдолгата притока на реката Треска

Мала Река – најдолгата притока на реката Треска

30.11.2018 Поречката Мала Река или реката Црнешница е најдолгата лева притока, а воедно најдолгата притока на реката Треска. Во реката Треска се влива во централниот дел на Поречкиот Басен. Мала Река се формира од три реки кои во селото Самоков (во близна на хотелот Поречки Бисер) се соединуваат, од една страна се спојуваат реките Бенческа и Ковачка, а потоа овој водотек се спојува со реката Црнешница и надоле водотекот е познат како Мала Река. Често пати, … Read entire article »

Filed under: На тема, Чудесна Македонија

Слатински Водопад – интересна појава во областа Порече

Слатински Водопад – интересна појава во областа Порече

07.10.2018 Селото Слатина се наоѓа во недопреното и таинственото Порече. Слатина е наделеку позната по нејзините прекрасни пештери, особено по пештерата Слатински Извор – најдолгата пештера во Република Македонија. Исто така, селото Слатина е познато и по солениот извор, еден извонреден раритет кој ретко се среќава во нашата држава. Покрај овие природни реткости, не толку познат за Слатина е Слатинскиот Водопад. Водопадот се наоѓа јужно од маалото Марковци на Марковска Река, па оттаму може да се … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог, Чудесна Македонија