Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Archive

Гулабарница (Голубарница) – Беличката мистериозна пештера

Гулабарница (Голубарница) – Беличката мистериозна пештера

29.09.2018 Пештерата Гулабарница или Голубарница (Голубарник), се наоѓа во заштитеното подрачје „Споменик на природата – Беличка Река“. Заштитената зона се проститра во сливот на реката Белешница односно Беличка Река, поточно истата се наоѓа на атарот на селото Белица во областа Порече (општина Македонски Брод). Имено, овој споменик на природата е погрешно именуван како „Белешничка Река“, а всушност месното население за реката ги користи народните топоними Белешница или Беличка Река, но во никој случај не се среќава … Read entire article »

Filed under: На тема, Чудесна Македонија

Образование на ученици со оштетен вид и географија во наставата со слепи и слабовидни лица

Образование на ученици со оштетен вид и  географија во наставата со слепи и слабовидни лица

25.03.2018 Образованието на лицата со оштетен вид (слепите) започнува да се развива кон крајот на 18 и во почетокот на 19 век, истото е инспирирано од неколку историски случки и личности. Најпрво Дени Дидро напишал есеј со наслов „Писмо за слепите за оние кои гледаат“, текстот е плод и инспирација од способноста и успехот на неколку слепи лица, како што биле математичарот Саундрес и слепата пијанистка Марија Терезија фон Парадис. Идејата на Дени Дидро за образование … Read entire article »

Filed under: На тема, Отворено...

Од каде потекнуваат и што значат имињата на државите? II дел – Обединети и единствени или политички експеримент!?

Од каде потекнуваат и што значат имињата на државите?  II дел – Обединети и единствени или политички експеримент!?

27.02.2018 Како државите ги добиле своите имиња? Зошто ги користат тие имиња? И, што значат нивните имиња? Се прашања кои секогаш ни предизвикуваат огромно внимание и интерес особено кога разговараме и читаме за државите. Постојат повеќе легенди, историски факти, но и логички објаснувања кои образложуваат како државите ги добиле своите имиња. Инаку, името на државата е една многу важна и света одлика на една територија, култура,  историја и постоење на еден народ. Во светот има 196 независни … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Од каде потекнуваат и што значат имињата на државите? I дел – Од рамната грофовија преку северниот пат и земјата на троловите па се до земјата на огнот и мразот

Од каде потекнуваат и што значат имињата на државите?  I дел – Од рамната грофовија преку северниот пат и земјата на троловите па се до земјата на огнот и мразот

19.02.2018 Многу често сме се запрашале како државите ги добиле своите имиња? Што било пресудно за да се користат тие имиња? Но и што всушност означуваат нивните имиња? Постојат повеќе објаснувања за потеклото на имињата на државите, а речиси сите се поврзани со името на народот или племето кое што живее во нив. Дел од државите се именувани според географскиот простор или нивната местоположба,  дел се наречени според одликите на територијата и на населението, а постојат и … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Младински едукативен камп “Вртешка 2018“

Младински едукативен камп “Вртешка 2018“

17.01.2018 Во периодот од 10.01.2018 до 13.01.2018 во организација на Планинарскиот клуб „Македон“ и Истражувачко здружение на студенти географи „Природник“, сe реализира едукативен камп за ученици и млади во планинарскиот дом Вртешка на прекрасните падини на мистичната планина – Плачковица. Програмата беше реализирана под водство на тројца искусни наставници и планинарски водичи: Петар Ивановски, Александар Кирковски и Дарко Стојчески . Главна цел на овој камп беше да ги однесеме младите во природа на чист воздух, но и истите … Read entire article »

Filed under: Природник...

Рејкјавик – градот кој чади, но не загадува!

Рејкјавик – градот кој чади, но не загадува!

05.11.2017 Градот Рејкјавик се наоѓа на островот Исланд и претставува еден од најинтересните, највпечатливите и најпосетените градови во “Земјата на мразот и лавата“. Градот е сместен во заливот Факсафлои, кој се наоѓа во југозападниот дел на островот. Името на градот Рејкјавик всушност е произлезено од неговата местоположба, залив во чија близина има термални извори кои испаруваат т.е. “чадат“, оттаму зборот Рејкјавик во превод значи “Залив на чадот“. Рејкјавик се наоѓа на 64° северно од екваторот и … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Централните Шарпланински езера – Боженствена убавина која треба да се посети!

Централните Шарпланински езера – Боженствена убавина која треба да се посети!

04.11.2017 Во Република Македонија се среќаваат околу 50 – тина глацијални езера. Најмногу глацијални езера има на Шар Планина. Во делот на територијата на Р. Македонија,  Шар Планина има 27 глацијални езера, од нив 19 се постојани, а 8 се повремени езера. Во оваа прилика ќе се запознаеме со големите глацијални езера кои егзистираат во централниот дел на Шар Планина, околу врвот Бристовец или Бориславец (2675 m). Боговинското Езеро се наоѓа помеѓу врвовите Бристовец (2675 m) и врвот … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог, Чудесна Македонија

Географија на танците

Географија на танците

27.06.2017 Државите ширум светот уште во минатото така и денес, освен по јазикот и писмото така и по начинот на танцување се оделуваат од другите држави и народи. Таквите танци се развивале со години најчесто како резултат на верски и племенски обреди во разни облици и утврдени движења. Така во многу држави, народот со танцување запаѓал во транс за да може да комуницира со боговите. Во Европа традиционалните танци водат потекло од верските обичаи, а играњето е во вид на … Read entire article »

Filed under: На тема

Западна туристичка магистрала

Западна туристичка магистрала

14.06.2017 За нашата држава, Република Македонија, може слободно да се каже дека претставува простор каде речиси секој дел од нејзината природа содржи или има посебна впечатливост и привлечност. Па така, во оваа статија ќе се обидеме да опишеме еден дел од тоа, односно во продолжение ќе стане збор за една сообраќајница која се вбројува во категоријата на една од најинтересните од туристичка гледна точка, а тоа е сообраќајницата или патниот правец Скопје-Маврово-Струга (долг 205 km), односно … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог, На тема, Чудесна Македонија

Интересни карпести (денудациони) форми на планината Беласица

Интересни карпести (денудациони) форми на планината Беласица

Планината Беласица е позната по бројните водопади (Колешинскиот, Смоларскиот, Габровскиот, Ѓаволскиот, Разиграениот итн.), но оваа планина е богата и со бројни карпести (денудациони) форми во вид на чашки, корита, остенци, прозорци итн. Таквите интересни форми се среќаваат во најголем дел источно од Валандово на западната падинска страна од 500 м.н.в., па се до највисокото планинско било.  Настанати се како резултат на физичките и хемиските влијанија врз гнајсните карпи, како и селективната ерозија на овие карпести … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог, Чудесна Македонија

ИЗЛЕЗЕ НОВАТА РАНГ ЛИСТА НА ЕВРОПСКАТА ГЕОГРАФСКА АСОЦИЈАЦИЈА, ЕГЕА СКОПЈЕ (ИЗСГ ПРИРОДНИК) НА РЕКОРДНО НАЈВИСОКО МЕСТО!

ИЗЛЕЗЕ НОВАТА РАНГ ЛИСТА НА ЕВРОПСКАТА ГЕОГРАФСКА АСОЦИЈАЦИЈА, ЕГЕА СКОПЈЕ (ИЗСГ ПРИРОДНИК) НА РЕКОРДНО НАЈВИСОКО МЕСТО!

03.12.2016 ЕГЕА или Европската географска асоцијација на студенти и млади географи, секоја година го вреднува трудот и работата на своите ентитети (географски друштва), а за таа намена  издава своја ранг листа. Оваа ранг листа, покрај тоа што служи како еден вид на мотивација за географските друштва, да се трудат и работат многу повеќе, има за цел да ја определи распределбата на поволностите кои ги дава ЕГЕА, претежно се работи за распределба на местата за учество на … Read entire article »

Filed under: Природник...

Одржан ЕГЕА семинарот за географските друштва од Јужна Европа, на кој беше и ЕГЕА Скопје

Одржан ЕГЕА семинарот за географските друштва од Јужна Европа, на кој беше и ЕГЕА Скопје

23.11.2016 Во периодот од 11.03.2016 – 13.03.2016 во Анкаран, Словенија се одржа семинар од ЕГЕА, наменет за контакт личности од Евромедитеранскиот дел на Европа (Јужна Европа). Овој семинар беше организиран од страна на ЕГЕА Копер, односно од Географското друштво на студенти и млади географи од Копер. Главна тема на семинарот беше работата на контакт личностите и ентитетите, како истите да си ја олеснат, но и да се усовршат во работата. На овој семинар од Македонија, односно ЕГЕА … Read entire article »

Filed under: Природник...

Ел Хиеро – уникатна убавина од Канарските Острови

Ел Хиеро – уникатна убавина од Канарските Острови

14.11.2016 Островот Ел Хиеро или  познат уште како Исла дел Меридијано се наоѓа во Атланскиот Океан во близина на Африканскиот континент и претставува дел од архипелагот на Канарските Острови. Ел Хиеро е најзападниот, а воедно и најмалиот од големите Канарски Острови. Од островот Тенерифе е одалечен  110 km, а од главниот град на Канарските Острови, градот  Санта Крус де Тенерифе се наоѓа на  170 km.  Иако, Ел Хиеро е лоциран во непосредна близина на Мароко и Западна … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Перчулица – непозната и ретко посетена планина

Перчулица – непозната и ретко посетена планина

08.09.2016. Република Македонија иако е мала по својата територија (25.713 km2) има толку многу планини и планински ограноци што понекогаш е многу тешко да се одреди од каде започнува една, а каде завршува друга планина или планински огранок. Но, не секогаш сите планини и ограноци се претставени и презентирани, разбирливо се врши еден вид генерализација (селекција) се со цел читателот да не се доведе до забуна,  а воедно на поедноставен начин да се претстават планинските масиви. … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог, На тема, Чудесна Македонија

Реката во која има „се“ освен ЗЛАТО

Реката во која има „се“ освен ЗЛАТО

31.08.2016 Анска Река (во изворишниот дел Башибоска Река), настанува со спојување на реките Калдрма Дере и Чамдаш Дере, во близина на селото Башибос, па оттаму доаѓа и името на овој дел од реката. Името Анска Река доаѓа по тоа што во нејзиниот тек од XVIII и XIX век имало повеќе анови кои служеле за одмор на караваните кои патувале за Солун и Струмица. Бидејќи притоката Калдрма Дере има подолг водотек, се зема како изворно продолжение на … Read entire article »

Filed under: На тема, Чудесна Македонија

Постојнска Јама – волшебната пештера

Постојнска Јама – волшебната пештера

5.08.2016. Постојнска Јама или пештерата Постојна се наоѓа во југозападниот дел на Република Словенија, во самата близина на градот Постојна. Пештерата има поволна географско – сообраќајна положба, бидејќи е лоцирана во непосредна близина на железничката пруга и автопатот E 61, кој води од Љубљана кон Копер. Пештерата Постојна претставува сложен пештерски систем формиран од четири пештери, Постојнска Јама, Пивка Јама, Црна Јама и Магдаленска Јама. Во геолошки поглед пештерата е формирана вдолж два раседа. Од една страна … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог, По Светот

Убавините на областа Порече

Убавините на областа Порече

01.05.2016 Областа Порече или просторот кој денес го зафаќа општината Македонски Брод се наоѓа во западните делови на Република Македонија. Поточно областа се протега во средниот тек на реката Треска. Долината на реката Треска е пробиена помеѓу мошне високи планини и наликува на високо распостранета котлина, односно басен. Басенот на Порече на југ е ограничен со планината Бушева, на запад е загреден со планинскиот венец составен од планините Песјак, Челоица (Добра Вода –  2.061 m) и Сува … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог, Чудесна Македонија

Пештерата Су Кујусу

Пештерата Су Кујусу

25.04.2016 Во југоисточниот дел на Р. Македонија над селото Севендекли (општина Дојран) под врвот Боскија 720 м.н.в., се наоѓа пештерата Су Кујусу или во превод „Дупка со вода“. До самиот отвор на пештерата не води никаква патека, а и самиот пештерски отвор е делумно сурнат па влегувањето е отежнато. Пештерата досега не била истражувана па затоа не е евидентирана во научната литература. Во јануари оваа година од моја страна заедно со тим од планинарското друштво „Југ“ беа … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Теренска настава до Китка, предводена од ИЗСГ Природник

Теренска настава до Китка, предводена од ИЗСГ Природник

 04.04.2016 Новиот управен одбор на ИЗСГ Природник или Егеа Скопје, го организираше својот трет терен на планината Китка. Теренската настава беше реализирана во период од 25.03.2016 год. до 27.03.2016 год. Присуствуваа 12 студенти, од кои тројца дипломирани географи и тројца дипломирани туризмолози. Нашата идеја беше да ја посетиме планината Китка која се наоѓа југоисточно од Скопје. Имено, авантурата започна во претпладневните часови, каде со автобуски превоз стигнавме до населба Драчево каде не чекаше организиран превоз. Нашата … Read entire article »

Filed under: Природник...

„Прстенски Водопади“- убавина која треба да се види

„Прстенски Водопади“- убавина која треба да се види

На само 10 km од Валандово веднаш до селото Прстен се наоѓаат три прекрасни водопади. Претставуваат ерозивни водопади, а се формирани како резултат на нееднаквото вертикално всекување на Прстенска Река во филитите и песочноците. Првиот Водопад е со висина од 16,5 m, а го сочинуваат два вертикални одсека. Првиот е со висина од 5,5 m и уште еден одсек со висина од 11 m. Двата вертикални одсека се поделени со џиновски лонец, а заедно сочинуваат една … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија