Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Archive

Ѓаволски Водопад

Ѓаволски Водопад

Планината Беласица е позната по повеќето водопади, како Смоларскиот, Колешинскиот и Габровскиот Водопад. Еден од помалку познатите и потешко достапните  е Ѓаволскиот Водопад, кој заразлика од останатите кои се наоѓаат на северната страна на планинскиот масив, овој водопад се наоѓа на западната страна на Беласица. Од градот Валандово е оддалечен 16, 5 км. и се наоѓа на надморска височина од 580м. Ѓаволскиот водопад како и останатите има тектонско потекло, а е изграден на Калдрма Дере … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

125 години од постоењето на National Geographic Society

125 години од постоењето на National Geographic Society

Вчера се одбележа 125 годшнината од постоењето на „National Geographic Society“ оценувајќи го своето досегашно патување како патување на мало научно тело, создадено за да ги зголеми и прошири географските знаења, кое прерасна  во една од светски најголемите образовнио едукатви организации. Се започнало на 13 јануари 1889 година во Вашингтон каде 33 од најпрочуените научници и иинелектуални лидери од градот се здружиле и го основале она што е денес „National Geographic Society“. Две години подоцна организацијата ја … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Искачување до Големото Езеро и врвот Ветерница (2420 м) на планинскиот масив Баба (Пелистер)

Искачување до Големото Езеро и врвот Ветерница (2420 м) на планинскиот масив Баба (Пелистер)

Од 4-8.10.2012 во Националниот парк Пелистер се одржа Балканијадата под организација на ЕГЕА Скопје. Како една од активностите на оваа Балканијада беше експедицијата до прекрасното глацијално „Големо Езеро“ и до врвот Ветерница 2420 м. На оваа експедиција зедоа учество поголемиот дел од учесниците на Балканијадата кои беа од различни држави: Македонија, Србија, Хрватска и Словенија. Стартот за искачувањето беше предвиден во вториот ден од програмата (5.10.2012), а учесниците тргнаа во 8 часот наутро. На учесниците … Read entire article »

Filed under: Активности

Посета на коралните гребени со Google Maps

Посета на коралните гребени со Google Maps

Google и The Catlin Seaview Survey денес официјално го стартуваа новиот проект, кој на интернет корисниците им овозможува виртуелно да посетат неколку светски локации и да го видат подводниот свет. Можете да пливате со желки и ражи и да го разгледате Заливот Ханаума. Сето тоа е изведено со подводни камери кои ќе снимаат фотографии, а корисниците можат да одберат некоја локација на гребен и виртуелно да набљудуваат околу 50.000 панорами. Дел од тие панорами и подводен свет … Read entire article »

Filed under: Географски вести

4та Георегнет летна школа Прешов

4та Георегнет летна школа Прешов

Од 3-16ти септември се одржа 4та интернационална Георегнет летна школа во Прешов, под наслов „Geography as a Socially  Relevant Discipline“. Овогодинешната  Георегнет летна школа беше во организација на Универзитетот од Прешов, а помогната од CEEPUS програмата. Оваа година за прв пат  имаше претставници од Институтот за Географија при Природно-математичкиот факултет од Скопје,  Дарко Стојчески и Глигорије Џилвиџиев. Предавањата на летната школа, беа изведени од реномирани професори од неколку европски држави и тоа: Лудек Сикора (Чешка);Питер Пачура … Read entire article »

Filed under: Активности

Сириус и неговото бело џуџе

Сириус и неговото бело џуџе

Најсјајнатa ѕвезда на ноќното небо е Сириус. Таа се наоѓа во соѕвездието Големо куче (Canis Major), па оттаму позната е и како ѕвездата Куче. Но, дали знаевте дека сопатник на оваа ѕвезда е едно мало бело џуџе наречено Сириус Б? Светлината од ова бело џуџе целосно исчезнува во екстремно сјајниот Сириус. Сепак, користејќи ги високо чувствителните инструменти на вселенскиот телескоп Хабл, астрономите успееја да ја изолираат светлината на Сириус Б. Новите резултати овозможија прецизно определување на … Read entire article »

Filed under: Вселена, Отворено...

Викенд предлог: Водопади на планината Беласица

Викенд предлог: Водопади на планината Беласица

Беласица е планина во југоисточниот дел на Македонија во близина на Струмица. Има напореднички правец на протегање исток – запад со должина од над 70 км. Според морфолошката структура планината е изразит хорст со мошне стрмни падини кои се спуштаат на северната и јужната страна. Од соседните планини Беласица е одделена со долините на реката Вардар на запад. Струма на исток, Струмичка Котлина на север и Дојранска и Серската Котлина на југ. Според височината спаѓа … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог

Водопади и слапови на Башибоска Река

Водопади и слапови на Башибоска Река

На 2 километри северно од селото Кочули  односно 14 километри  од градот Валандово на Башибоска Река се изградени неколку мали водопади и неколку слапа. Се наоѓаат на источната страна на планината Беласица од 750 до 800 м.н.в., а се распоредени еден над друг во должина од околу 200 м. Водопадите и слаповите се од ерозивно потекло, а се настанати како резултат на не еднаквото вертикално всекување на Башибоска Река. Височините на водопадите им се движи … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Теренска настава во источниот дел на Република Македонија

Теренска настава во источниот дел на Република Македонија

Во периодот од 22 до 24 мај се изведе тридневна теренска настава низ источна Македонија под раководство на проф. д-р. Драган Колчаковски. Теренска настава беше наменета за студенти географи кои го слушаат предметот Физичка географија на Република Македонија, а покрај географи на теренската учестуваше и мала група на биолози. Првично временските услови беа стабилни без врнежи од дожд, па така успеавме да ги посетивме базалтните плочи кај Младо Нагоричане (Куманово), додека кон Кокино временските услови … Read entire article »

Filed under: Активности

Глацијални езера на Шар Планина

Глацијални езера на Шар Планина

Се смета дека после Рила, Шар Планина претставува планина најбогата со леднички езера на Балканскиот Полуостров. Вкупно на планинскиот масив регистрирани се 39 вакви езера, 25 постојани и 14 повремени, а на територијата на Република Македонија ги има 19. Сите се наоѓаат во појасот помеѓу 1820 и 2440 метри н.м.в. и нивниот постанок во целост е врзан за периодот на глацијација и интерглацијација. Со повлекувањето и топењето на мразниците предните делови на цирковите се оградуваат … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Приматијада (Албена) 2012

Приматијада (Албена) 2012

Приматијада претставува научно-спортско натпреварување на студентите од природно-математичките факултети, од повеќе држави: Србија, Црна Гора, Македонија, Словенија и Босна и Херцеговина. Манифестацијата се организира успешно 38 години, а секоја година учествуваат околу 2000 студенти. Приматијада се организира, поради размена на искуства, презентација на научни трудови, дружење и зближување на студентите од сродните факултети. Спортскиот дел од овие натпреварувања го чинат натпреварувањата во: фудбал, ракомет, кошарка, одбојка, тенис, пинк понк и др. Од 28.04 до 03.05.2012 во … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Урагани во Медитеранот

Урагани во Медитеранот

Многу ретко кога се проучуваат климатските елементи се среќава во некоја реченица, тропски циклони (урагани) во Медитеранот. Иако во медитеранот не се јавуваат типични трпоски циклони, сепак се јавуваат некои помали циклонски системи кои ги имаат сличните карактеристики на тропските. Разлика помеѓу тропските и вонтропските циклони: Вонтропските циклони се јавуваат во умерените широчини, а настануваат со придвижување на два фронта од топли и ладни воздушни маси. Ладните воздушни маси се движат кон топлите, навлегуваат како клин во … Read entire article »

Filed under: По Светот

Како се пресметува датумот за Велигден?

Како се пресметува датумот за Велигден?

Велигден и празниците кои се поврзани со него се подвижни празници, тие не паѓаат на ист датум секоја година според грегоријанскиот календар или јулијанскиот календар (кои го следат движењето на Земјата околу сонцето и годишните времиња). Тие се фиксни според лунарниот календар кој е сличен, но не ист со еврејскиот календар. Уште од самото востановување на празникот постоела разлика во датумот на празнување помеѓу помесните цркви. Поголемиот дел од помесните Западни цркви сметале дека Велигден треба … Read entire article »

Filed under: Отворено...

Смрдлива Вода-село Коњско

Смрдлива Вода-село Коњско

Туристичкиот локалитет Смрдлива Вода, се наоѓа на надморска височина од 850 метри, а од градот Гевгелија е оддалечен 24 километри. Го зафаќа просторот помеѓу врвовите Флора, Аџибарица, Белези и селото Коњско. Просторот располага со следниве атрактивно- рекреативни објекти: -минерални извори кај народот познати како „Смрдлива вода“ од каде што и целиот локалитет го добил своето име. Се нарекуваа така поради непријатната миризба на водата на „расипено јајце“. По својот хемиски состав се хидрокарбонатни, минерализирани, слабо кисели … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог

Месечината не е единствен природен сателит на Земјата

Месечината не е единствен природен сателит на Земјата

Месечината не е единствен природен сателит на Планетата Земја- во орбитата околу нашата планета ротираат стотици мали тела покажале новите истражувања. Нивното движење прецизно било измерено, гравитациското влијание на Сонцето, другите планети и големите астероиди во Сончевиот систем. Било откриено дека 18 000 од тие астероиди биле навлезени во орбитата на Земјата. Оваа го изјавил Robert Jedicke, астроном во универзитетот на Хаваите. Било проценето дека во секој момент околу Земјата кружи еден или два таканаречени „месечини“ … Read entire article »

Filed under: Географски вести

„Окото на Сахара“

„Окото на Сахара“

Структурата Ришад (Richat), поради својата уникатна форма уште се нарекува и „Окото на Сахара“. Оваа форма се наоѓа во Мавританија во близина на градот Уадан, на надморска височина помеѓу 400 и 450 метри. Претставува концентрични кругови со дијаметар од околу 50 км. Концетричните кругови се составени од варовник и палеозојски кварцити. Разликата во висината помеѓу прстените е околу 40 метри. Во центарот се наоѓа огромен конгломерат со дијаметар од околу 1.5 км. Структурата Ришат за прв … Read entire article »

Filed under: По Светот

Еден од најубавите национални паркови во светот „Јосемит“

Еден од најубавите национални паркови во светот „Јосемит“

Јосемит е еден од најголемите паркови во Сиера Невада во кој егзистираат разновидни растенија и животни. Националниот парк ги опфаќа источните делови на Телуме, Марипоса и Медера окрузи во источниот дел на централна Калифорнија. Паркот зафаќа површина од 761 268 хектари (3 080 74 км2 ), а се наоѓа на надморска височина од 648 до 3997м и содржи пет зони на вегетација: дабови шуми, долна планинска зона, горна планинска зона, субалпска и алпска зона. Во … Read entire article »

Filed under: По Светот

Екскурзија до Охрид предводена од ИЗСГ„Природник„

Екскурзија до Охрид предводена од ИЗСГ„Природник„

На 03.03.2012 година истражувачкото здружение на студенти географи „Природник“ организираше еднодневна екскурзија до Охрид. Оваа екскурзија беше во склоп со програмата за размена помеѓу ЕГЕА-Скопје и ЕГЕА- Белград. Дел од оваа екскурзија беа членовите на ИЗСГ-Природник, гостите од ЕГЕА-Белград и дел од наставниот колектив на ПМФ и тоа: д-р Дејан Илиев; д-р Милена Талевска и Анита Тодорова. Тргнувањето беше во 8.30 часот од паркингот наспроти Скопски Саем. При патувањето до Охрид се направи и мала пауза … Read entire article »

Filed under: Природник...

Колкав е бројот на досега пронајдените планети?

Колкав е бројот на досега пронајдените планети?

До 31.1.2012 астрономите од целиот свет успејале да откријат 755 екстрасоларни планети (планети околу други ѕвезди). Заедно со  8 те планети од нашиот сончев систем  дава една егзактна бројка од 763 познати планети во вселената. Од вкупниот број 605 планети припаѓаат од групата една планетa на една ѕвезда, а останатите припаѓаат на повеќепланетарни групи (повеќе планети-едно сонце) вклучувајќи го и нашиот сончев систем. Од сите досегашни пронајдени објекти во вселената кандидати за планети има уште … Read entire article »

Filed under: Вселена, Географски вести

Дали времето на Земјата и на Сонцето е исто?

Дали времето на Земјата и на Сонцето е исто?

Користејќи точни цезиумски часовници, се успејало да се докаже Ајнштајновото предвидување дека различната гравитација дава поразлично време. Експериментот бил потврден со тоа што еден цезиумски часовник бил поставен на земјата, а друг на една висока кула. Во двата часовника имало разлика од траењето на секундата. Гравитациското влијание се намалува со оддалечување од Земјата и затоа и времето е поразлично во часовниците. Благодарејќи на Ајнштајновата теорија на релативитетот и знаејќи дека времето и гравитацијата се различни … Read entire article »

Filed under: Вселена, Географски вести