Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Чудесна Македонија

Косел – поствулканска појава или не?

Косел – поствулканска појава или не?

Непосредно до селото Косел, во близина на градот Охрид, се наоѓа геолокалитетот Дувало. Овој геолокалитет јави големи дилеми меѓу околните жители, особено по долготрајните земјотреси во јули 2017 година кога поради исплашеноста на граѓаните излегоа најразлични претпоставки за настанувањето на тогашните земјотреси. Најголем дел од претпоставките беа дека причината за земјотресите е „активирање на вулканот во Косел“ , но во оваа статија ќе ви објасниме што всушност претставува Косел, односно Дувало?Појавата Дувало се наоѓа на … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Чудесна Македонија

Колку раселени и историски села има во Македонија?

Колку раселени и историски села има во Македонија?

Селото се дефинира како населено место со еднофункционално значење во кое преовладува една дејност, а атарот е со аграрна физиономија и функција (Закон за територијалната организација на Локалната Самоуправа во Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 55/2004, 12/2005, 98/2008 и 106/2008)). Големиот број на војни кои што се одвивале на територијата на Македонија во периодот на првата половина од ХХ век и сите миграциски процеси, кои настанале поради новите општествено-економски односи, довеле до … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Чудесна Македонија

Праисториската густина на населеност во Прилепско Поле и Пелагониската Котлина

Праисториската густина на населеност во Прилепско Поле и Пелагониската Котлина

Население и населени места Еволуцијата на популацијата во Прилепско Поле е тесно поврзана со општествено-историските услови во регион. Разни фактори во минатото влијаеле и врз демографските промени на населението и врз демографските елементи кои ги откриваат основните промени поврзани со социјалните, економските, етничките и други одлики на населението. На опфатената територија постојат 89 населени места, од кои 2 може да ги сметаме како градски насеби, а останатите како селски. Во овие населени места населени се … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Чудесна Македонија

Поречки Манастир – Боженствена убавина и мир на падините на планината Добра Вода

Поречки Манастир – Боженствена убавина и мир на падините на планината Добра Вода

21.09.2021 Секогаш кога ќе се спомне областа Порече, меѓу првите асоцијации се мир, спокој, таинствена, недопрена и живописна природа. Природата во Порече била особено дарежлива и на областа и подарила мноштво од раскошна убавина (повеќе за природата на Порече). Покрај широко познатите убавини, во областа Порече се среќаваат повеќе уникатни културно – историски објекти и старини. Старините или археолошките локалитети се претставени со стари градови, калиња, кули и цркви. Во Порече се среќаваат неколку впечатливи стари … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог, Чудесна Македонија

Пред околу 10 милиони години, на просторот на денешната Скопска котлина живееле „џиновски“ слонови

Пред околу 10 милиони години, на просторот на денешната Скопска котлина живееле „џиновски“ слонови

26.07.2021 За време на своите екскурзии во 1930 година во околината на Скопје, познатиот и еминентен географ проф. Петар С. Јовановиќ, во долината на потокот Мали Мост, во близина на селото Нерези (Скопско), во песокливи неогенски наслаги, испод тогашен рудник за лигнит, нашол коски и фосилни остатоци од еден вид предок на денешен слон (Mastodon Angustidens), кој за време на геолошката епоха горен Миоцен, поточно во катот Тортон (11.608 – 7.246 милиони години), живеел на овие … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, Чудесна Македонија

Крани и автокамп „Крани“ – бисер на Преспанското Езеро

Крани и автокамп „Крани“ – бисер на Преспанското Езеро

02.07.2021 Во Преспанска Котлина се сместени двете прекрасни Преспански езера – Големо и Мало езеро, а во околината на Преспа се наоѓаат голем број на села кои изобилуваат со своја убавина и кои се посетени од голем број на туристи. Секако, едно од тие села е малото место наречено Крани, кое под свои закрила го држи автокампот „Крани“, што крие голем потенцијал, преубави капацитети и природни убавини. Крани е вистинско место за одмор, опуштање и релаксација. Крани … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог, На тема, Чудесна Македонија

Топ 10 атрактивни домашни дестинации за ова лето

Топ 10 атрактивни домашни дестинации за ова лето

24.06.2021 Иако летото е годишно време кое асоцира на море, сепак Македонија е земја која располага со голем број туристички атракции кои изобилуваат со извонредна „летна убавина“. Далеку од градската гужва и вообичаените летни дестинации, во прилог се издвоени 10 атракции во Македонија, кои со својата уникатност пленат со својата убавина и се прикладни места за да „избегате“ од летните горештини. 1.Трпејца Трпејца е село сместено на брегот на Охридското Езеро и е старо повеќе од околу десет … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог, На тема, Чудесна Македонија

Никифорово – „гнездо“ на падините на планината Бистра

Никифорово – „гнездо“ на падините на планината Бистра

26.05.2021 Никифорово е село кое е дел од НП Маврово и се наоѓа на падините на планината Бистра, на западната магистрала помеѓу селото Леуново и селото Маврово, на надморска височина од 1250 m. Поврзано е со асфалтниот месен пат P-413 со соседните села Леуново и Маврово, пат кој го обиколува Мавровското Езеро, а од градот Гостивар е оддалечено околу 32 километри. Низ селото тече Никифорска (Петилепска) река која се влева во Мавровско Езеро. Постојат легенди и преданија … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог, На тема, Чудесна Македонија

Берово – Македонската Швајцарија!

Берово – Македонската Швајцарија!

25.05.2021 Ако сакате да дознаете од каде „изгрева сонцето“ во Македонија, упатете се на исток кон малото планинско гратче Берово, кое е сместено под падините на Малешевските планини, обиколено со борова, букова и дабова шума. Низ крошните и височините на дрвјата, ѕирка Беровското езеро кое ви дава чувство на недопрена убавина, која вреди да се види и доживее. Берово е град кој се наоѓа во источниот дел на Република Македонија, кој е сместен под падините на Малешевските … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог, На тема, Чудесна Македонија

Езерото Водоча – синото око на Струмица

Езерото Водоча – синото око на Струмица

14.05.2021 Езерото Водоча се наоѓа во непосредна близина на градот Струмица, со координати 41°25’1″N, 22°33’23″E, на околу 7 km западно од градот. Претставува акумулационо езеро кое е изградено во 1966 година со цел да снабдува со вода дел од Струмичката котлина. Се наоѓа на сливот на реката Водочница. Со површина од 1,9 km² и длабочина од 42 метри, езерото Водоча претставува едно од поголемите акумулации во источниот дел на Македонија, заедно со езерата Гратче и Мантово. Подрачјето … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог, На тема, Чудесна Македонија

Валог – Интересна геоморфолошка форма во релјефот на Македонија

Валог – Интересна геоморфолошка форма во релјефот на Македонија

30.03.2021 Во околината на кочанското село Бели во релјефот се јавува една интересна геоморфолошка форма, кај месното население позната под името Валог. Тоа е вдлабнатина во земјата која има стрмни страни но не е суводолица, ни дол, бидејки нема ни извор ни водотек, има рамно дно но не е речна ни езерска тераса. Во географската литература до сега не е забележена. Се поставува прашањето, што претставува Валогот, кога и како е настанат, имали стопанско значење, поготово … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема, Чудесна Македонија

Крстот на Побиен Камен (Од енигма до реалност)

Крстот на Побиен Камен (Од енигма до реалност)

11.09.2020 Почнува четвртиот месец, затворен во карантин од коронавирусот. Нема терен, нема истражување. Просторни планови веќе со години не се изработуваат. Со мислите враќајки се во детството, од Гумењата, преку Чифликот, Џабирите, Пампурите и Дуритите доаѓаме до Побиен Камен. Дали ќе ни помогне и фантастичната приказна за Цар Константин и Царица Елена да го  разрешиме обидот за исламизација на жителите од село Бели, Кочани,  сублимирано во Крстот на овој камен?! Бидејќи нема историски податоци, ќе ја … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, Чудесна Македонија

Реката и водопадот Уча – таинствена природа во Порече

Реката и водопадот Уча – таинствена природа во Порече

28.10.2019 Во областа Порече се наоѓа селото Девич, познато по Девините Кули и легендите за сестрите на Крале Марко, Дева и Пеша. Покрај богатото културно – историско наследство, атарот на селото Девич располага со повеќе природни вредности, како што се: изворот Асаноец, Девината пештера, пештерата Пешна и други. Исто така доста привлечна е бујната вегетација, особено во долината на реката Уча, каде се наоѓа и еден мал, но интересен водопад. Реката Уча е една од двете изворни … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, Чудесна Македонија

Лубничките Слапови (водопади) во заборавената Лакавичка Област

Лубничките Слапови (водопади) во заборавената Лакавичка Област

05.02.2019 Областа Лакавица е една од малку познатите и ретко посетените краеви во Република Македонија. Областа се наоѓа по долината на реката Крива Лакавица, па оттаму доаѓа и нејзиното име. Лакавичката Област од три страни е заградена со неколку ниски и средно – високи планини како што се  планината Смрдеш (Еленица 971 m) на североисток и исток, Конечка Планина (Волчјак 1159 m) на запад и Градешка Планина (Вршник 1031 m) на југ. На север областа Лакавица … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог, На тема, Чудесна Македонија

Мала Река – најдолгата притока на реката Треска

Мала Река – најдолгата притока на реката Треска

30.11.2018 Поречката Мала Река или реката Црнешница е најдолгата лева притока, а воедно најдолгата притока на реката Треска. Во реката Треска се влива во централниот дел на Поречкиот Басен. Мала Река се формира од три реки кои во селото Самоков (во близна на хотелот Поречки Бисер) се соединуваат, од една страна се спојуваат реките Бенческа и Ковачка, а потоа овој водотек се спојува со реката Црнешница и надоле водотекот е познат како Мала Река. Често пати, … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, Чудесна Македонија

Слатински Водопад – интересна појава во областа Порече

Слатински Водопад – интересна појава во областа Порече

07.10.2018 Селото Слатина се наоѓа во недопреното и таинственото Порече. Слатина е наделеку позната по нејзините прекрасни пештери, особено по пештерата Слатински Извор – најдолгата пештера во Република Македонија. Исто така, селото Слатина е познато и по солениот извор, еден извонреден раритет кој ретко се среќава во нашата држава. Покрај овие природни реткости, не толку познат за Слатина е Слатинскиот Водопад. Водопадот се наоѓа јужно од маалото Марковци на Марковска Река, па оттаму може да се … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог, Чудесна Македонија

Гулабарница (Голубарница) – Беличката мистериозна пештера

Гулабарница (Голубарница) – Беличката мистериозна пештера

29.09.2018 Пештерата Гулабарница или Голубарница (Голубарник), се наоѓа во заштитеното подрачје „Споменик на природата – Беличка Река“. Заштитената зона се проститра во сливот на реката Белешница односно Беличка Река, поточно истата се наоѓа на атарот на селото Белица во областа Порече (општина Македонски Брод). Имено, овој споменик на природата е погрешно именуван како „Белешничка Река“, а всушност месното население за реката ги користи народните топоними Белешница или Беличка Река, но во никој случај не се среќава … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, Чудесна Македонија

Централните Шарпланински езера – Боженствена убавина која треба да се посети!

Централните Шарпланински езера – Боженствена убавина која треба да се посети!

04.11.2017 Во Република Македонија се среќаваат околу 50 – тина глацијални езера. Најмногу глацијални езера има на Шар Планина. Во делот на територијата на Р. Македонија,  Шар Планина има 27 глацијални езера, од нив 19 се постојани, а 8 се повремени езера. Во оваа прилика ќе се запознаеме со големите глацијални езера кои егзистираат во централниот дел на Шар Планина, околу врвот Бристовец или Бориславец (2675 m). Боговинското Езеро се наоѓа помеѓу врвовите Бристовец (2675 m) и врвот … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог, Чудесна Македонија

Викенд предлог: Бигорски Манастир и „Куќата на Мијаците“

Викенд предлог: Бигорски Манастир и „Куќата на Мијаците“

04.11.2017 Во Националниот парк Маврово, на падините на планината Бистра, веднаш над реката Радика, во близина на селото Ростуше, на патот помеѓу градовите Гостивар и Дебар, се наоѓа манастирот „Свети Јован Бигорски” кој е посветен на светиот Јован Крстител. Манастирот е изграден од обработени блокови бигор. Подигнат бил во XI-тиот век, но оттогаш неколкупати бил опустошуван, пален и разрушуван до темел. Единствено иконата на Св. Јован Крстител останала неуништена и сeуште е зачувана. Сегашниот манастирски храм датира од крајот … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог, Чудесна Македонија

Западна туристичка магистрала

Западна туристичка магистрала

14.06.2017 За нашата држава, Република Македонија, може слободно да се каже дека претставува простор каде речиси секој дел од нејзината природа содржи или има посебна впечатливост и привлечност. Па така, во оваа статија ќе се обидеме да опишеме еден дел од тоа, односно во продолжение ќе стане збор за една сообраќајница која се вбројува во категоријата на една од најинтересните од туристичка гледна точка, а тоа е сообраќајницата или патниот правец Скопје-Маврово-Струга (долг 205 km), односно … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог, На тема, Чудесна Македонија