Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » На тема

Ноќва во 2 часот започнува летното сметање на времето!

Ноќва во 2 часот започнува летното сметање на времето!

28.03.2020 Утре (недела 29 март), во 2 часот наутро, Македонија ќе премине на летно сметање на времето. Тогаш стрелките на часовникот треба да се поместат еден час напред и наместо 2 да означуваат 3 часот. За разлика од зимското време кое е „реално“ и „вистинско“, летното време е административно или указно. Летното или уште се нарекува мандатно, договорно или указно време претставува административно поместување на службеното време, заради економска заштеда, политички, безбедносни, спортско-рекреативни, здравствени или други … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема

10-те најсветли ѕвезди на ноќното небо

10-те најсветли ѕвезди на ноќното небо

27.02.2020 Многумина мислат дека ѕвездата Северница или Поларис е најсветлата ѕвезда на ноќното небо. Сепак, вистината е дека од неа има повеќе од 40-тина посветли ѕвезди. Затоа, ви го претставуваме списокот на 10-те најсветли или најсјајни sвезди, што може да ги забележите на нашето ноќно небо. 1. Сириус (Алфа Канис Мајорис) Најсветлата sвезда на ноќното небо е Сириус. Сместена е на југ од небесниот екватор на -16,7° и е видлива од речиси целата Земја. Со магнитуда од 1,5 … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Вселена, На тема

Мистеријата на топчестите молњи

Мистеријата на топчестите молњи

18.02.2020 Познато ни е дека молњите се електрично празнење помеѓу различно наелектризирани облаци или помеѓу некој облак и земјата, и дека вообичаената слика на молњата наликува на краткотраен блесок во облик на искршена линија. Меѓутоа, во некои случаи се појавуваат посебен тип „молњи“ со чуден, топчест облик (топчеста „молња“), кои имаат подолго времетраење од неколку секунди, време во кое огнената топка “шета” во просторот натаму-наваму сè додека не исчезне. Според одредени проценки, годишно, на Земјата се … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема

Дроновите – дел од иднината на хуманитарните операции

Дроновите – дел од иднината на хуманитарните операции

20.02.2020 Забрзаниот технолошки развој на нашето општество нуди можности за современо, ефикасно и пред се финансиски исплатливо користење на технологија на беспилотни летала, дронови. Самите можности за развој, но и залагањата на одредени компании како Тесла, не наведуваат да размислуваме дека беспилотните летала ќе променат сè. Во иднина, дроновите ќе имаат можност да ги заменат луѓето во нивните работни места, поточно да ја подобрат нивната ефикасност (мониторинг на животна средина, дистрибуција на материјали итн.), менување на … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема

Изработен сеизмички томографски модел на Македонија

Изработен сеизмички томографски модел на Македонија

14.02.2020 Терминот томографија потекнува од грчките зборови: τόμος (tomos) кој има значење на дел или парче и γράφω (graphō) кој има значење на запис. Под поимот сеизмичка томографија се подразбира геофизичка метода наменета за истражување на градбата и физичката состојба на Земјата преку интерпретација на записите од земјотресните бранови (сеизмограми) иницирани од природни извори (земјотреси) или вештачки извори (нуклеарни или други експлозии). Припадноста на територијата на Македонија, на Медитеранската област на Алпско-Хималајскиот ороген појас условува висока сеизмичка активност, … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема

Во што се разликуваат астрономијата и астрологијата?

Во што се разликуваат астрономијата и астрологијата?

10.02.2020 Разликата помеѓу астрономијата и астрологијата на наједноставен начин е следната: Астрономијата е наука, додека астрологијата, од модерните научници се смета за псевдо-наука. Сепак, станува збор за слични термини, што ги збунува луѓето, а има и многумина што мислат дека станува збор за иста наука. Иако слични како термини, астрологијата многу се разликува од астрономијата, без оглед што двете вклучуваат проучување на движењето на небесните тела. Астрологијата е збир на верувања дека движењето на Сонцето, Месечината, планетите,  … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Вселена, На тема

Што е тоа просторно планирање и зошто е толку неопходно?

Што е тоа просторно планирање и зошто е толку неопходно?

23.01.2020 Просторното планирање е мултидисциплинарна активност која обезбедува планско регулирање на просторните аспекти на развојот. Тоа опфаќа методи кои ги користи јавниот сектор со цел да влијае на дистрибуција на луѓе и активности во просторот. Просторното планирање ги опфаќа сите нивоа на планирање на употреба на земјиштето, вклучувајќи убанистичко планирање, регионално планирање, планирање на животната средина, просторни планови на национални паркови, а во Евопската Унија опфаќа и меѓунационални планови. Постојат многу дефиниции за терминот просторно планирање. Една … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, Отворено...

За „големината“ на научните работници (или експерти и квази-експерти)

За „големината“ на научните работници (или експерти и квази-експерти)

23.01.2020 Во последниве години на хиперпродукција на научни титули и разноразни експерти, настана конфузија во однос на поимите научник и/или експерт од дадена област. Во развиенот свет, за проценка на „величината“ на некој научник или експерт, се користат разни пристапи, меѓу кои: разни библиометриски индекси, фактори на влијание, библиографија, вид на објавени публикации, рејтинг на списанија во кои се објавени и сл. Во таа смисла, за да се добие претстава за „меѓународната големина“ и влијание на … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, Отворено...

Геопарковите не претставуваат закана за локалните економски активности

Геопарковите не претставуваат закана за локалните економски активности

21.12.2019 Геопарковите претставуваат современ концепт на заштита, промоција и одржливо искористување на геолошки и геоморфолошки локалитети со меѓународно значење или интернационална вредност. Првите геопаркови се воспоставени во 2001 година и се покажаа како извонреден начин, не само на промоција на нивните уникатни вредности, туку и за забрзан развој на локалните заедници во кои се лоцирани. Со големиот интерес за воспоставување на геопаркови во годините кои следеа, нивната бројка драстично се зголеми и сега само во Европа … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, Отворено...

Во недела започнува зимата!

Во недела започнува зимата!

20.12.2019 Во недела, на 22 декември 2019 година, во 5 часот и 19 минути, во Македонија и на северната полутопка почнува зимата, а на јужната полутопка започнува летото. Воедно, неделата на северната полутопка ќе биде најкраткиот ден во годината (краткоденица или зимски солстициум), а на јужната полутопка ќе биде најдолгиот ден (долгоденица или летен солстициум). Во Македонија, најкраткиот ден ќе трае само 9 часа и 7 минути. Ноќта пак (22.12-23.12), ќе биде најдолга за 2019 година … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема

Мадеира – совршена дестинација за кратко зимско бегство

Мадеира – совршена дестинација за кратко зимско бегство

16.12.2019 Мадеира е територија на Португалија, но е значително поблизу до копното Африка (800 km) отколку до Лисабон (1.200 km), додека Канарските острови се помалку од 400 km на југ. Мадеира често се нарекува „остров на вечна пролет“ заради климата, која е пријатна во текот на целата година. Мадеира е прекрасен и фасцинантен остров што претставува прекрасна дестинација за годишен одмор. Островот се состои од прекрасни природни предели, со масивни планини, бујни шуми и прекрасни цветни … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, По Светот

Вулканот Вакаари – „повторно видлив“

Вулканот Вакаари – „повторно видлив“

16.12.2019 Деновиве од земјата на Маорите, односно Нов Зеланд одекна веста за најновата вулканска активност, т.е. ерупцијата на вулканот Вакаари. Истата се карактеризираше со последици, а бидејќи ѝ претходеше и земјотрес со посилен интензитет, во продолжение ќе наведеме неколку работи кои се карактеристични за овој вулкан и неговата најнова активност. Најпрво, колку за потсетување, да наведеме дека магматската актвност претставува процес на формирање на физичко-хемиски системи на одредени и делумни топења во Земјината обвивка или кората … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, По Светот

Национален приоритет: концесии или зачувување на природата?

Национален приоритет: концесии или зачувување на природата?

15.12.2019 Со оглед на територијата што ја има, подрачјето на Македонија се одликува со извонредно богато и разновидно природно наследство. Станува збор за 40-тина високи (над 2000 m), средно високи (1500-2000 m) и ниски (под 1500 m) планини, 20-тина котлини, секоја со сопствени климатско-вегетациски и почвени карактеристики, речни долини со клисури и кањони и др. Богатиот геодиверзитетот условил извонреден биодиверзитет, а сето тоа кај домашните, но и кај странските истражувачи, побудува голем интерес за нивно детално … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема

Во познато меѓународно списание објавен труд за зонирање на теренот според подложност на свлечишта во Македонија!

Во познато меѓународно списание објавен труд за зонирање на теренот според подложност на свлечишта во Македонија!

15.11.2019 Деновиве во познатото меѓународно списание Open Geoscience излезе труд под наслов „Статистички и експертско базиран модел на подложност на свлечишта во национален опфат, на примерот на Северна Македонија“ (Statistical and expert-based landslide susceptibility modeling on a national scale applied to North Macedonia). Главен автор на трудот е д-р Ивица Милевски, а како коавтори се јавуваат д-р Славољуб Драгичевиќ од Географскиот факултет во Белград и д-р Матија Зорн од Словенечката Академија на науки и уметности. Трудот, … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема

Честит 8-ми роденден ИГЕО!

Честит 8-ми роденден ИГЕО!

10.11.2019 Утре, на 11.11.2019 година, ИГЕО порталот го прославува осмиот роденден, откако беше објавена првата официјална статија. За 8 години од своето постоење, ИГЕО порталот како прв географски портал во Македонија, постигна навистина висока посетеност. Имено, вкупната бројка на посетители надмина 400 000, додека вкупниот број на посети е речиси 900 000. Во овј период се објавени точно 1050 статии од разни области блиски со географијата, потоа статии за активностите на Институтот за географија при ПМФ … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема

Реката и водопадот Уча – таинствена природа во Порече

Реката и водопадот Уча – таинствена природа во Порече

28.10.2019 Во областа Порече се наоѓа селото Девич, познато по Девините Кули и легендите за сестрите на Крале Марко, Дева и Пеша. Покрај богатото културно – историско наследство, атарот на селото Девич располага со повеќе природни вредности, како што се: изворот Асаноец, Девината пештера, пештерата Пешна и други. Исто така доста привлечна е бујната вегетација, особено во долината на реката Уча, каде се наоѓа и еден мал, но интересен водопад. Реката Уча е една од двете изворни … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, Чудесна Македонија

Топ 15 причини зошто Марс заслужува да биде нашиот втор дом?!

Топ 15 причини зошто Марс заслужува да биде нашиот втор дом?!

19.09.2019 Бидејќи е планета од Земјин тип; Времетраењето на денот и ноќта се многу слични како на Земјата. Едно деноноќие на Марс изнесува 24 часа, 39 минути и 35 секунди; Има атмосфера, иако е потенка и поретка од Земјината, сепак делумно ја заштитува планетата од космичко и радиоактивно зрачење; Гравитацијата на Марс е 38% од онаа на Земјата. Науката е скоро сигурна дека луѓето би можеле без поголеми проблеми да се навикнат на неа; Има доволно сончева светлина да се … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Вселена, На тема

Во светот се зголемува грижата за зачувување на геонаследството. Каква е состојбата кај нас?

Во светот се зголемува грижата за зачувување на геонаследството. Каква е состојбата кај нас?

31.07.2019 Во однос на заштитата на биодиверзитетот, која во меѓународни рамки станува актуелна уште во почетокот на XX век, посериозните чекори за заштитата на геодиверзитетот почнуваат многу подоцна. Така, првиот „сериозен“ меѓународен собир за геоконзервација е одржан во Холандија во 1988 година. На настанот присуствувале претставници од 7 европски држави, кои се договориле да воспостават работна група за заштита на геонаследството. Пет години подоцна, поточно во 1993 година, работната група прераснува во ProGEO – меѓународно здружение … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема

56 години од разорниот земјотрес во Скопје!

56 години од разорниот земјотрес во Скопје!

26.07.2019 На денешен ден пред точно 56 години утрото во 5 ч. 17 мин. се случил силен земјотрес во Скопје. 26ти јули 1963 година ќе остане ден длабоко врежан во сеќавањето на многу поколенија, кои ќе се претопуваат во раскази за силниот земјотрес кој го разурнал Скопје. Епицентарот на овој земјотрес е во близина на с. Бразда, со магнитуда 6.1 степени според Рихтеровата скала. Макросеизмичките ефекти на земјотресот имале катастрофални последици за жителите и градбите во … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема

Ноќва ќе има делумно затемнување на полната Месечина!

Ноќва ќе има делумно затемнување на полната Месечина!

16.07.2019 Вечерва, помеѓу 16 и 17 јули, во 22.01 часот, на небото ќе започне затемнување на Месечината. Природниот сателит ќе биде најмногу покриен со сенката на планетата Земја во 23.31 часот, а од неа ќе излезе во еден часот по полноќ. Затемнувањето настанува поради движењето на Месечината околу Земјата, при што често пати таа влегува во Земјината сенка. Според тоа, затемнувањето на Месечината може да се случи само во фазата на полна Месечина, односно кога таа … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема

Advertisment ad adsense adlogger