Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » По Светот

„Негостопримливата“ Данакилска депресија во Етиопија

„Негостопримливата“ Данакилска депресија во Етиопија

Позната како „портата кон пеколот“ и „најсуровото место на Земјата“, депресијата Данакил се наоѓа во регионот Афар во северна Етиопија на повеќе од 100 m под нивото на морето и содржи некои од најпознатите вонземски пејзажи во светот. Не само што депресијата е едно од најтоплите места на Земјата, туку е и едно од најразновидните геолошки места на планетата. Етиопската депресија Данакил има интересни и специфични карактеристики, како што сена лава, светло жолти топли извори, … Прочитај го целиот текст »

Filed under: По Светот

Интересни факти за вулканот Етна

Интересни факти за вулканот Етна

Една од главните атракции на островот Сицилија е вулканот на планината Етна (највисокиот вулкан во Европа, на речиси 3329 m надморска височина), помеѓу градовите Месина и Катанија. Неговата геолошка историја започнува уште пред 350000 години, а прв пат за неговата ерупција се спомнува во книгата на грчкиот поет Диодорус Сицилус во 425 година п.н.е. Името Етна вулканот го добил од грчкиот збор „aitho“ што значи „јас горам“. Според римската митологија, се верува дека под него … Прочитај го целиот текст »

Filed under: По Светот

Мистериозниот „крвав“ водопад на Антарктикот

Мистериозниот „крвав“ водопад на Антарктикот

На Антарктикот, серија паралелни суви долини лежат помеѓу Росово Море и мразот на источниот дел на Антарктикот. Во сувите долини застапени на Антарктикот, има збир на езера покриени со мраз, од кои секое е хемиски различно од друго. Овие разлики ги предизвикале научниците да истражаат како се формирале езерата и како се менувале низ различни периоди од историјата на Земјата. Меѓу најинтересните и најзбунувачките карактеристики на езерата е токму „крвавиот“ водопад кој се наоѓа во … Прочитај го целиот текст »

Filed under: По Светот

Интересни факти за Белград

Интересни факти за Белград

01.10.2021 Белград е главен, но и најголем град во Србија, кој се наоѓа на устието на реките Сава и Дунав. Овој град брои над 1,2 милиони жители, додека во рамките на неговите административни граници живеат над 1,6 милиони луѓе. Тој е најголемиот град на територијата на поранешна Југославија и по бројот на жители е четврт во Југоисточна Европа по Истанбул, Атина и Букурешт. Белград има статус на посебна територијална единица во Србија, со посебна автономна градска … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, По Светот

Венеција – градот на вода!

Венеција – градот на вода!

01.10.2021 За романтичарите Венеција е остварување на сонот. Позната како и „Огледало на душата“, „Кралица на Јадранот“, „Градот на вода“, „Градот на мостовите и каналите“… Венеција е една од најпосакуваните туристички дестинации. Се наоѓа на брегот на Северна Италија, отворена кон Јадранското Море. Венеција е главен град на регионот Венето, а областа помеѓу делтите на реките По и Пијав се нарекува Венецијанска лагуна. Овој туристички рај опфаќа 118 острови. Превозот помеѓу овие острови со 170 канали … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, По Светот

Мегалополисот Мумбај!

Мегалополисот Мумбај!

22.09.2021 Пронајден 1668 год. тогаш познат како Бомбај, а од 1995 год. преименуван во Мумбај, денес претставува главен град на Сојузната држава Махараштра во Индија. Своето име според едни податоци, го добил од божицата на локалните риболовци „Мумба Деви“, која ги штитела нивните трговски интереси. Согласно податоците од Соединетите држави, во 2018 година Мумбај е втор најнаселен град во Индија, и седми најнаселен град во светот со околу 20 милиони луѓе. Според други податоци името Бомбај било … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема, По Светот

Мистерија на Париските Катакомби – царството на мртвите!

Мистерија на Париските Катакомби – царството на мртвите!

20.09.2021 Тунелите под Париз биле оригинално создадени во 12-тиот век, кога била изградена Богородичната црква (Нотр Дам). На жителите им овозможувале патека под метежот на градот, преку која ќе стигнат до црквата. Во текот на доцните години од 18-ти век, цела улица се срушила, и открила што се криело под неа. Градската управа решила да ги доизгради тунелите, и секој да го означи како улица која се протега над нив. За да се спречи понатамошно рушење … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, По Светот

Островот Родос – Медитеранската убавина!

Островот Родос – Медитеранската убавина!

07.09.2021 Најголемиот остров на Додеканезите и четвртиот по големина грчки остров Родос, поради својата стратешка позиција меѓу Крит и Турција, има големо значење и исклучително бурна историја со векови. Антички Грци, Римјани, Византијци, Османлии и Италијанци живееле на ова подрачје. Мешањето на овие народи кои ги оставиле своите траги и стапки, го прави Родос толку многу уникатен. Сепак, имајќи предвид дека срцето и најголемата атракција на Родос е Стариот град изграден од витезите болничари во текот … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, По Светот

Точкасто Езеро – едно од „најмистериозните“ езера во светот

Точкасто Езеро – едно од „најмистериозните“ езера во светот

06.09.2021 Сместено во градот Осојоос, Британска Колумбија (Канада), езерото Хилок (познато како Точкасто езеро) во облик на грав, има површина од 573 m2, должина на брегот од 1.7 km и широчина од 250 m. Ова езеро е уникатно чудо на природата заради својата шарена, точкаста шема, предизвикана поради испарување на водата во текот на летото, оставајќи шарени минерални наслаги што се таложат околу езерото како дамки. Иако на посетителите не им е дозволено да се капат во … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, По Светот

Ладога – најголемото слатководно езеро во Европа

Ладога – најголемото слатководно езеро во Европа

28.07.2021 Езерото Ладога е најголемото слатководно езеро во Европа. Се наоѓа во регионот Карелија, северозападниот дел на Русија, источно од Балтичкото Море, на само 40 km источно од Санкт Петерсбург во близина на границата со Финска. Се протега помеѓу 40 и 65° северна географска ширина. Зафаќа површина од 17675 km2 (без островите) или споредбено значи дека зафаќа скоро 69% од територијата на Македонија (25713 km2). Се наоѓа на надморска височина од само 5 m. Има издолжен … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, По Светот

Мистеријата за пирамидите во Гиза

Мистеријата за пирамидите во Гиза

17.06.2021 Мистеријата отсекогаш не фасцинирала и ни давала некој мотив се повеќе да ја истражуваме нашата Земја. Токму таа мистерија е карактеристична и за пирамидите во Гиза. Градот Гиза, се наоѓа во северниот регион на Египет, на западниот брег на реката Нил. Претставува трет по големина египетски град, зад Каиро и Александрија, а неговата стратешка локација во близина на некогашната, античка престолнина на Мемфис, го направи важен град низ египетската историја. Комплексот на мистериозните пирамиди во Гиза … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема, Отворено..., По Светот

Покарактеристични села во северниот дел на Италија – скриено богатство во Европа!

Покарактеристични села во северниот дел на Италија – скриено богатство во Европа!

14.06.2021 Северниот дел на Италија е еден од најразвиените делови во Европа. Од автомобилската индустрија, па се до туризмот, овој дел може да се пофали со многу атракции. Во овој дел се наоѓаат и некои од најголемите градови како што се Рим, Милано и Торино. Но, покрај големиот број на познати атракции во овој регион, селата во овој дел се сметаат за еден вид на скриено богатство. Kарактеристичната архитектура, специфичните тесни улички и преубавите пејсажи се … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема, По Светот

Видиковец кај црквата Св. Сава – еден од најубавите погледи кон Јадранското Море

Видиковец кај црквата Св. Сава – еден од најубавите погледи кон Јадранското Море

14.06.2021 Патувањето е една од најисполнителните работи за секој човек. Сите ние патуваме од различни причини. Некој патува со цел да се одмори и рекреира, некој со цел да спортува, некој патува со цел да запознае нови луѓе и култури и слично. Во овој случај, Црна Гора е мала земја, но со изобилство на природни убавини, културни знаменитости и можности за патување, уживање, одмор и туристичко разгледување. Таа е земја на море и планина, чиста природа … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема, По Светот

Регионот Тоскана во Италија од географски аспект

Регионот Тоскана во Италија од географски аспект

23.05.2021 Регионот Тоскана е сместен во централниот дел на Апенинскиот Полуостров, односно во средишниот дел на Италија. На западната страна Тоскана излегува на Лигурско и Тиренско Море, додека на исток и североисток е опкружена со Апенините. Има површина од околу 23000 km2 и на овој простор живеат 3,73 милиони жители. Регионот Тоскана се граничи со регионот Лигуриа на северозапад, Емилиа – Ромагна на север, Марче на североисток, Умбриа на исток и Лацио на југоисток. Имено, Тоскана … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, По Светот

Интересни факти за планината на виножитото во Перу

Интересни факти за планината на виножитото во Перу

06.05.2021 Перу, третата јужноамериканска држава по големина, зафаќа површина од околу 1300 милиони km2, позиционирана меѓу Еквадор, Бразил, Колумбија, Боливија и Чиле и секако моќниот Пацифик на запад. Површината на оваа држава е околу 50 пати поголема од површината на Република Македонија. Целата Перуанска територија припаѓа на Андите и Амазонија. Оваа држава географски се дели на 3 зони: Западна или Пацифичка или Коста зона (шп. costa – морски брег) која е главно пустинска територија во која има … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, По Светот

Зошто Истанбул го нарекуваат „главен град на светот“?

Зошто Истанбул го нарекуваат „главен град на светот“?

03.05.2021 Истанбул се наоѓа на северозападниот дел во Турција. Градот го опфаќа јужниот дел на Босфор, на границата помеѓу заливот Златен Рог и Мраморно Море, во северозападниот дел на земјата. Истанбул е единствениот  град  на два континента, кој се наоѓа на крстопатот на Европа и Азија. Овој град е престолнина која остава без здив, без разлика дали зборуваме за историјата, бројните занимливости и активности, со сите мириси и вкусови кои овој град ги пружа. Западниот дел … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, По Светот

Внатрешното Море во Малта – лагуна и вртача

Внатрешното Море во Малта – лагуна и вртача

23.04.2021 Внатрешното Море (познато на малтешки јазик како Кавра) е лагуна и една од четирите вртачи што се наоѓаат во областа Двејра, Малта (на островот Гозо) и претставува најинтересна карактеристика во оваа област од геоморфолошка гледна точка. Тунел долг 80 метри, познат како Гар тад Двејра го поврзува Внатрешното Море со отворено море, а механизмот на овој тунел е тесно поврзан со формирање на абразивни прозорци како што е сега срушениот Азурен Прозорец. Токму овој тунел може … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, По Светот

Езерото Блаус (Blausee)-синиот бисер на Швајцарија

Езерото Блаус (Blausee)-синиот бисер на Швајцарија

31.03.2021 Швајцарија е земја која има приближно 1500 езера, па според тоа, многу тешко може да се одбере кое е најубаво, бидејќи сите имаат свој шарм. Како едно од невообичаените, а воедно и познато туристичко место е езерото Блаус. Блаус или во превод “Сино езеро” е мало езеро, во Швајцарија, во долината на реката Кандер над Кандергрунд на 887 метри. Административно, му припаѓа на Бернски Оберленд. Имено, езерото има површина од 0,64 хектари, и е многу … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, По Светот

71 годинa oд формирање на Светската метеоролошка организација и 61 година Светски метеоролошки ден

71 годинa oд формирање на Светската метеоролошка организација и 61 година Светски метеоролошки ден

24.03,2021 Секоја година на 23-ти март, Светската метеоролошка организација (СМО), заедно со метеоролошките и хидрометеоролошките организации го слават Светскиот метеоролошки ден и го одбележуваат стапувањето на сила на Конвенцијата на СМО која стапила на сила на 23-ти март 1950 година. Како основа за одбележување на овој ден претставници од 31 земја претходно, на 11-ти октомври 1947 година, едногласно го усвоиле текстот на Конвенцијата,  на конференцијата на директори на Национални метеоролошки служби одржана во Вашингтон (на која … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема, По Светот

Се откина голема санта мраз од Антарктикот!

Се откина голема санта мраз од Антарктикот!

18.03.2021 Истражувачката станица Хејли VI (Halley VI) е меѓународна платформа за  да ја проучува атмосферата на Земјата во климатско-чувствителните зони. Во 2013 година, станицата го постигнала статусот на Глобалната станица на Светската Метеоролошка Организација (СМО), 29-та во светот и 3-та на Антарктикот. Оваа истражувачка станица Хејли VI која припаѓа на Британското Антарктичко Истражување (BAS-British Antarctic Survey) се наоѓа на ледената плоча Брунт која има дебелина до 150 m. Оваа ледена плоча се движи со брзина до … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, По Светот