Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Географски вести

Податоци за катастрофалниот земјотрес во Петриња – Хрватска

Податоци за катастрофалниот земјотрес во Петриња – Хрватска

02.01.2021 Како што веќе ни е познато, земјотресите се природна појава која што е резултат на поместувањето на тектонските плочи, движењето на земјината кора, при што се ослободува голема енергија што води до потресување на Земјата. Секој од земјотресите се карактеризира со параметри: време на настанувањето, хипоцентар, епицентар, длабочина на хипоцентарот, епицентрално растојание и сила на енергија. Хрватската провинција Банија беше сериозно погодена на 28 декември 2020 година во 6 часот и 28 минути по локално … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема, По Светот

Што е присојна а што осојна страна?

Што е присојна а што осојна страна?

20.01.2021 Сонцето претставува главен извор на светлина и загревање на Земјата. Сончевите зраци што достигнуваат до Земјината површина најпрво го загреваат копното и водите. Степенот на загреаност на Земјината површина зависи од повеќе фактори и тоа: Од аголот под кој паѓаат сончевите зраци во текот на денот и годината, надморската височина на земјиштето, наклонот, експозицијата на теренот, облачноста и др. Сепак, најголемо значење претставува експозицијата на теренот, односно која страна од земјиштето е насочено кон Сонцето. … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема

Миграциите како социоекономска појава и нивните влијанија врз туризмот

Миграциите како социоекономска појава и нивните влијанија врз туризмот

15.12.2020 Како социјален елемент, миграциите постојат уште од времето на постоењето на човекот, кој како единка или во група морал да го менува своето место на живеење поради опстанок. Миграциите се јавуваат во сите општества и можат да бидат поттикнати од економски, социјални, етнички, културни или други фактори. Меѓу другото, тие исто така имаат и големо влијание за промена на истите општествени фактори од кои се поттикнати. Покрај влијанието на миграциите врз начинот на живеењето во … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема

Тирана – склоп на модерен и туристички град

Тирана – склоп на модерен и туристички град

13.12.2020 Позиционирана скоро во централниот дел на земјата, Тирана е главен град на политичкиот, економскиот и културниот живот на Албанија. Имено, овој модерен и туристички град се наоѓа на 110 m надморска височина, во западното подножје на планината Дајти (1612 m), односно 25 km од Националниот Парк Дајти. Планината Дајти, позната како Балкон на Тирана, освен што е лоцирана во близина на Јадранското Море, се издига над градот и му дава неверојатен поглед. Воедно, Тирана се … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема, По Светот

Фазан – остров со специфична административна организација

Фазан – остров со специфична административна организација

11.12.2020 Oстровот Фазан е лоциран на самата граница помеѓу Франција и Шпанија, на само неколку десетици метри од брегот на двете земји. Се наоѓа во коритото на реката Бидисоа, а неговата територија припаѓа на две одделни нации истовремено. Она што е интересно за овој мал речен остров, е тоа што го менува суверенитетот на секои шест месеци, како дел од редок, вековен договор. Можеби изгледа како ништо посебно, но ова мало парче земја е дом на вековната … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема, По Светот

Хилиер – розевото езеро во Австралија

Хилиер – розевото езеро во Австралија

11.12.2020 Понекогаш за да добиеме одговор на прашањата за природата, треба да се потсетиме колку нашата планета е необична. Природата е позната по своите извонредни и чудесни убавини. Една од нив е соленото езеро Хилиер, кое се наоѓа на островот Мидл во западна Австралија. Имено, ова не е единственото розово езеро на светот, но секако најдолго го задржа вниманието на научниците. Блескавата светлорозова површина на езерото Хилиер, гледана од воздух, изгледа како глазура на тркалезна торта … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема, По Светот

Најсолените езера во светот!

Најсолените езера во светот!

08.12.2020 Соленоста на езерските води варира од една до друга локација и од сезона во сезона. Иако многумина ке помислат дека Мртвото Море, како водена површина ја поседува најголемата количина на сол во светот, сепак не е така. Во продолжение ке ги наведеме 7-те најсолени езера во светот. 1. Езерото Гаетале Понд е дел од серијата мали езерца лоцирани во близина на изворот Далол во Етиопија. Сместено е во Афарската депресија воо северна Етиопија, која имено е … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема, По Светот

Окленд – Градот на едрата!

Окленд – Градот на едрата!

30.11.2020 Окленд, не само што е најголемиот град на Северниот Остров на Нов Зеланд, туку и во земјата. Имено, лоциран е во најсеверниот дел на Северниот остров, помеѓу заливот Хаураки на Тихиот Океан на исток, ниските планински венци Хунуа на југоисток, заливот Манукау на Тасманово Море на југозапад и планинскиот венец Ваитакере на северозапад. Централниот дел од населената област го завзема теснецот помеѓу заливот Манукау на Тасмановото Море и заливот Ваитемата на Тихиот Океан. Воедно, Окленд се … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема, По Светот

Необичните раседни езера во источна Африка

Необичните раседни езера во источна Африка

26.11.2020 Во должина од 1600 km, во североисточниот дел на Големата раседна долина во Африка, се наоѓаат неколку езера, кои се загадени со натриумови карбонати. Овие хемикалии се исцедиле од вулканските сливни подрачја, или пак, навлегле во езерата преку подземната вулканска активност. Во продолжение ќе дадеме појаснување за некои од езерата. Езерото Туркана е најголемото алкално езеро во светот. Има соленост од 2,44%.  Сместено покрај Големата раседна долина во Африка, езерото се протега од северна Кенија до … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема, По Светот

Успешно реализирана првата Студентска Конференција за Глобални Климатски Промени

Успешно реализирана првата Студентска Конференција за Глобални Климатски Промени

03.10.2020 На ден 29.10.2020 година, се одржа првата Студентска Конференција за Глобални Климатски Промени. Заради состојбата со пандемијата, конференцијата се одржа on-line, на платформата “Zoom”. На настанот учествуваа шест млади истражувачи (студенти и дипломци) од неколку различни факултети, кои ги презентираа своите трудови на една од најактуелните теми во светот – влијанието на климатските промени согледано од повеќе аспекти. Конференцијата ја отвори главниот координатор на Студентската Конференција за Глобални Климатски Промени – Јане Влахов, а огромна подршка … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Активности, Географски вести, На тема

Утре на северната хемисфера започнува есента!

Утре на северната хемисфера започнува есента!

21.09.2020 По доста жешкото и сушно лето, утре на 22 септември (267-иот ден во годината), во Македонија и на северната хемисфера, календарски ќе започне есента. Во Македонија, таа официјално ќе пристигне во 15.30 часот по средноевропско време. Во првиот ден на есента, денот и ноќта на целата Земјина топка ќе траат подеднакво, со тоа што на северната хемисфера ќе биде есенска рамноденица (еквиноциум), а на јужната пак пролетна рамноденица (таму почнува пролетта). Во првиот есенски ден, … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема

Тибет – најголемата и највисоката висорамнина во светот!

Тибет – најголемата и највисоката висорамнина во светот!

28.06.2020 Кога зборуваме за Тибет, многумина мислат дека се однесува на Тибетскиот Автономен Регион – ТАР, со главен град Ласа. Всушност, тоа е пространа висорамнина во Централна Азија, на просечна надморска висина од 4.900 m, од која најголем дел е во состав на Народна Република Кина. Тибет е еден од најзначајните региони во светот и се нарекува „покрив на светот“ или „третиот пол во светот“, затоа што тука се заробени 15% од светскиот мраз, односно огромна … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема, По Светот

Поларните предели на Земјата – Арктик и Антарктик

Поларните предели на Земјата – Арктик и Антарктик

01.06.2020 Антарктик е континент кој се наоѓа околу Земјиниот Јужен пол. Во литературата често како граница на овој континент се зема Јужниот поларен круг. Тоа е најладното место на Земјата и е скоро целосно покриен со мраз. Воедно Антарктикот претставува и најголемата пустина во светот. Со површина од 14,200,000 km2, тој е петтиот континент по големина, по Азија, Африка, Северна и Јужна Америка. Сепак, убедливо најмалку е населен и нема постојано насление. Овој мистичен континент е … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, По Светот

Краткометражен документарен филм „Брзинско искачување на врвот Аконкагва (6962 m)“ од Александар Кирковски

Краткометражен документарен филм „Брзинско искачување на врвот Аконкагва (6962 m)“ од Александар Кирковски

26.05.2020 Врвот Аконкагва (6962 мнв) се наоѓа на планинскиот масив Анди во Аргентина, а претставува највисок врв на континентот Јужна Америка но и воопшто надвор од Азија. Условите на планината се екстремно сурови, има низок воздушен притисок и концентрација на кислород од само околу 40% во споредба со нивото на Светското море, а карактеристика е студот и силните ветрови. Просечната летна температура на врвот Аконкагва се движи од -25°C до -35 °C. Врвот за првпат е … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема

РГД „Геосфера“ од Битола изработи web-страна со наставни содржини по географија

РГД „Геосфера“ од Битола изработи web-страна со наставни содржини по географија

22.05.2020 Во текот на месец март, откако беше прекинат редовниот воспитно-образовен процес, просветните работници беа приморани да бараат алтернативни начини за пренесување на своите знаења и поврзување со учениците. Паралелно со изведувањето на online наставата, група наставници, членови на Регионалното географско друштво „Геосфера“-Битола дојде до идеја да изработи web-страна со наставни содржини по географија за часовите во сите одделенија во основното и средното гимназиско образование. Истите треба да се реализираат до крајот на учебната година, а … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема, Наставни

Спектакуларна ерупција на вулканот Кракатау!

Спектакуларна ерупција на вулканот Кракатау!

11.04.2020 Вулканот Кракатау познат уште како Кракатоа се наоѓа во Индонезија, a истиот е лоциран на малиот Сундски Архипелаг помеѓу островите Суматра и Јава. Претставува вулкан кој се одликува со разновидна активност, која се издвојува како посебен тип на вулкани. Покрај продукцијата на лава и гасови, активноста на овој вулкан се одликува со силни експлозии проследени со исфрлање на огромни количини на пареа, гасови и пирокластичен материјал. Активноста на вулканот е поврзана со субдукцијата на Индискоaвстралиската … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, По Светот

Земјата ја демне космичка непогода

Земјата ја демне космичка непогода

19.03.2020 Во следните 100.000 години, се чини дека нашата планета Земја ќе има две сонца, со оглед на тоа што веројатно за тој период ѕвездата Бетелгејз најверојатно ќе доживее супернова експлозија. Оваа ѕвезда е речиси 20 пати помасивна од Сонцето, но има животен век од само 10 милиони години. При таква експлозија на супернова, со оглед на малата оддалеченост на оваа ѕвезда од Земјата, ноќното небо би било мошне осветлено. Веројатно, ѕвездата би била јасно видлива … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Вселена, Географски вести

Откриена досега најстарата позната ѕвезда во Вселената

Откриена досега најстарата позната ѕвезда во Вселената

29/01/2020 Тим на астрономи, користејќи го Хабловиот телескоп на НАСА, направија голем исчекор во одредување на точното време на формирање на ѕвездата, која ја следат веќе подолг период. Според нивните анализи, веројатно таа е една од најстарите досега познати ѕвезди со релативно прцизна старост. Првичните пресметки покажуваат дека оваа ѕвезда наречена Мефусел или означена како HD140283 е стара околу 14,5 милијарди години (+/- 0,8 милијарди години), што на прв поглед би значело дека е постара дури … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Вселена, Географски вести

Според најновите истражувања на НАСА, Месечината некогаш имала атмосфера

Според најновите истражувања на НАСА, Месечината некогаш имала атмосфера

29.10.2017 Ново истражување на НАСА, извршено од страна на научниците Debra Needham и David Kring покажува дека пред 3 до 4 милијарди години околу Месечината била создадена атмосфера, кога интензивни вулкански ерупции исфрлале гасови на површината. На Месечината, може да се забележи како темни површини од вулкански базалтен камен пополнуваат големи кратерски долини. Овие базалтни „мориња“ еруптирале кога Месечината била сè уште жешка и создавала изблици од магма кои понекогаш ја пробивале нејзината повшина и течеле … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Вселена, Географски вести

NovaSAR-S, нова генерација на сателити наменети за Далечинска детекција

NovaSAR-S, нова генерација на сателити наменети за Далечинска детекција

10.10.2017 Облаците и ноќта се најголемите пречки при собирање на просторни податоци со Далечинска детекција. Новата генерација на сателити ќе го надмине овој проблем. На овие сателити ќе биде инсталиран сензор кој ќе ги користи микробрановите (радарските) зраци, кои без никаков проблем стигнуваат до површината на Земјата, независно од периодот на денот, временските услови и т.н. Финансиите потребни за изградба на ваков тип на сателити не се многу големи, оттаму сателитите се вбројуваат во групата на … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести