Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Archive

Никифорово – „гнездо“ на падините на планината Бистра

Никифорово – „гнездо“ на падините на планината Бистра

26.05.2021 Никифорово е село кое е дел од НП Маврово и се наоѓа на падините на планината Бистра, на западната магистрала помеѓу селото Леуново и селото Маврово, на надморска височина од 1250 m. Поврзано е со асфалтниот месен пат P-413 со соседните села Леуново и Маврово, пат кој го обиколува Мавровското Езеро, а од градот Гостивар е оддалечено околу 32 километри. Низ селото тече Никифорска (Петилепска) река која се влева во Мавровско Езеро. Постојат легенди и преданија … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог, На тема, Чудесна Македонија

Денес не очекува астрономски спектакал: Целосно затемнување на Месечината (крвава супермесечина)

Денес не очекува астрономски спектакал: Целосно затемнување на Месечината (крвава супермесечина)

26.05.2021 Денес, на 26 мај, спектакуларната супермесечина ќе се совпадне со целосното затемнување на Месечината. Доколку сте во Австралија, делови од западна САД, западна Јужна Америка или во југоисточна Азија, доколку дозволи времето, ќе можете да забележите како полната месечина ќе добие впечатливо црвена нијанса околу 14 минути за време на целосното затемнување (еклипса). Во таа смисла, региони од каде може да се забележи затемнувањето се: Јужна/Источна Азија, Австралија, голем дел од Северна Америка, Јужна Америка, … Read entire article »

Filed under: Вселена, На тема

Берово – Македонската Швајцарија!

Берово – Македонската Швајцарија!

25.05.2021 Ако сакате да дознаете од каде „изгрева сонцето“ во Македонија, упатете се на исток кон малото планинско гратче Берово, кое е сместено под падините на Малешевските планини, обиколено со борова, букова и дабова шума. Низ крошните и височините на дрвјата, ѕирка Беровското езеро кое ви дава чувство на недопрена убавина, која вреди да се види и доживее. Берово е град кој се наоѓа во источниот дел на Република Македонија, кој е сместен под падините на Малешевските … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог, На тема, Чудесна Македонија

Регионот Тоскана во Италија од географски аспект

Регионот Тоскана во Италија од географски аспект

23.05.2021 Регионот Тоскана е сместен во централниот дел на Апенинскиот Полуостров, односно во средишниот дел на Италија. На западната страна Тоскана излегува на Лигурско и Тиренско Море, додека на исток и североисток е опкружена со Апенините. Има површина од околу 23000 km2 и на овој простор живеат 3,73 милиони жители. Регионот Тоскана се граничи со регионот Лигуриа на северозапад, Емилиа – Ромагна на север, Марче на североисток, Умбриа на исток и Лацио на југоисток. Имено, Тоскана … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Езерото Водоча – синото око на Струмица

Езерото Водоча – синото око на Струмица

14.05.2021 Езерото Водоча се наоѓа во непосредна близина на градот Струмица, со координати 41°25’1″N, 22°33’23″E, на околу 7 km западно од градот. Претставува акумулационо езеро кое е изградено во 1966 година со цел да снабдува со вода дел од Струмичката котлина. Се наоѓа на сливот на реката Водочница. Со површина од 1,9 km² и длабочина од 42 метри, езерото Водоча претставува едно од поголемите акумулации во источниот дел на Македонија, заедно со езерата Гратче и Мантово. Подрачјето … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог, На тема, Чудесна Македонија

Историјата на пазар, географскиот простор заборавен

Историјата на пазар, географскиот простор заборавен

09.05.2021 ЗА ГЕОГРАФСКИОТ И ИСТОРИСКИОТ КОНТИНУИТЕТ НА  МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ НИЗ ИСТОРИЈАТА Мешање на политиката во науката Заради мешање на политиката во науката, неуки политичари си земаат за право да формираат разно разни комисии од кои се очекува да дадат некое мислење, кое тие политичарите/политикантите ќе можат да го користат како алиби за нивните наводни големи дипломатски достигнувања, па и ако се на штета на сопствената држава и нација. Во тој контекст се формирани и меѓудржавните комисии меѓу … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема

Интересни факти за планината на виножитото во Перу

Интересни факти за планината на виножитото во Перу

06.05.2021 Перу, третата јужноамериканска држава по големина, зафаќа површина од околу 1300 милиони km2, позиционирана меѓу Еквадор, Бразил, Колумбија, Боливија и Чиле и секако моќниот Пацифик на запад. Површината на оваа држава е околу 50 пати поголема од површината на Република Македонија. Целата Перуанска територија припаѓа на Андите и Амазонија. Оваа држава географски се дели на 3 зони: Западна или Пацифичка или Коста зона (шп. costa – морски брег) која е главно пустинска територија во која има … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Зошто Истанбул го нарекуваат „главен град на светот“?

Зошто Истанбул го нарекуваат „главен град на светот“?

03.05.2021 Истанбул се наоѓа на северозападниот дел во Турција. Градот го опфаќа јужниот дел на Босфор, на границата помеѓу заливот Златен Рог и Мраморно Море, во северозападниот дел на земјата. Истанбул е единствениот  град  на два континента, кој се наоѓа на крстопатот на Европа и Азија. Овој град е престолнина која остава без здив, без разлика дали зборуваме за историјата, бројните занимливости и активности, со сите мириси и вкусови кои овој град ги пружа. Западниот дел … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Advertisment ad adsense adlogger