Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » По Светот » Живот во најнедостапните места на Планетата Земја

Живот во најнедостапните места на Планетата Земја

Британските научници неодамна ги објавија резултатите од истражувањата на најнедостапните места на Планетата Земја, а тоа се кратерите на подводните вулкани.

Нивните длабински снимки покажале дека во топлата вода од термалните извори на дното на Индискиот Океан кај југозападниот Индиски гребен живеат: морски краставици, полжави па дури и необични ракови од кои некои можеби припаѓаат на досега непознати видови. Овие хидротермални извори за прв пат биле откриени во 1977 година. Овие подводни „оџаци“ во околината испуштаат топла вода богата со минерали, овие извори очигледно им годат на различни екосистеми.

За снимање на подводната фауна се користи робот Кил 6000 кој е во сопственост на институтот за морски науки од Лајбниц Германија. Во најтоплите живеалишта роботот Кил 6000 открил голем број на полжави, школки, морски краставици и ракови. Тимот добиените снимки ги споредил со снимките добиени во кратерите на вулканите во Атланскиот Океан и оние снимки направени во Индискиот Океан. Можело да се види дека имало голема сличност помеѓу некои видови, а некои неможело да се сретнат никаде на друго место. Еден од нив била врстата на рак јети. Моментално има откриено само два вида на рак јети и тие ги има само во Тихи Океан.

Извор: http://cudaprirode.com

Напишал: Глигорије Џилвиџиев

Објавено од:

Од категорија: По Светот · Tags: , , ,

Leave a Reply

*