Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Вселена, На тема » Во што се разликуваат астрономијата и астрологијата?

Во што се разликуваат астрономијата и астрологијата?

10.02.2020

Разликата помеѓу астрономијата и астрологијата на наједноставен начин е следната: Астрономијата е наука, додека астрологијата, од модерните научници се смета за псевдо-наука. Сепак, станува збор за слични термини, што ги збунува луѓето, а има и многумина што мислат дека станува збор за иста наука. Иако слични како термини, астрологијата многу се разликува од астрономијата, без оглед што двете вклучуваат проучување на движењето на небесните тела.

Астрологијата е збир на верувања дека движењето на Сонцето, Месечината, планетите,  sвездите, и останатите небесни тела, има влијание врз личноста, врз неговата сегашност и иднина. Современите научници ја сметаат астрологијата за псевдо-наука и суеверие. Но, да се исмејува само затоа што не може нешто да се докаже, не значи дека е погрешно. Многумина, меѓу кои и сериозни научници, веруваат дека планетарното движење сепак има некое влијание врз луѓето и врз нивната иднина.

Од друга страна, астрономијата е наука за небесните тела и нивното движење и е многу слична со астрофизиката, па затоа е прифатена како наука. Астрономијата воопшто не се занимава со предвидувањата за тоа како движењето на планетите и ѕвездите ќе влијае врз животите на луѓето. Факт е дека астрологијата е „прамајка“ на астрономијата. Од големо значење е тоа што денешните астролози не ги набљудуваат небесните тела и прават предвидувања само врз основа на астролошките знаења насобрани со илјадници години. Од друга страна, информациите и податоците соберени од астрономите се документирани и верификувани од астрофизичарите. Како резултат на тоа, астрономите ги сметаме за научници, бидејќи се обидуваат да ги откријат мистериите околу небесните тела.

Сличности и разлики помеѓу астрологијата и астрономијата се:

  • Астрономијата и астрологијата се слични само по термините и по тоа што ги земаат во предвид движењата на небесните тела;
  • Астрологијата е псевдо-наука, односно верувања и тези дека планетарните движења имаат влијание врз животот на луѓето, додека астрономијата е наука која ги истражува движењата на небесните тела и поставува законитости;
  • Податоците соберени преку астрономијата се верификуваат со астрофизиката;
  • За разлика од астрономијата, главно поле на интерес на астрологијата се предвидувањата за идните настани на Земјата, особено за животот на личноста;
  • Астрономијата е реалност затоа што е наука, а астрологијата би можела да биде факт или фикција;

Како заклучок, можеме да кажеме дека иако астрономијата и астрологијата се различни, секогаш ќе бидат поврзани затоа што се фокусирани на слична тема – движењето, положбата и карактеристиките на небесните тела. Секој поединец има право да одлучи во што сака да верува, што е подобро за него, или дури може да ги прифаќа двете работи, астрономијата и астрологијата.

Како географи, веруваме само во она што е научно докажано, заради што голема предност и даваме на астрономијата. Всушност, истата со децении се изучува на студиумот за наставна географија на Институтот за географија, во предметот Земјата и Вселената.

Извор: www.differencebetween.com/difference-between-astrology-and-vs-astronomy/

Автори: Бојана Алексова и Ардита Тоска, студенти на наставна географија

Оваа статија е прочитана 1296 пати!

Автор:

Од категорија: Вселена, На тема · Tags: , , , , , ,

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger