Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » На тема, По Светот » Најстарото заштитено подрачје и најстариот национален парк во светот

Најстарото заштитено подрачје и најстариот национален парк во светот

08.05.2020

Заштитено подрачје претставува јасно дефиниран географски простор, признат, посветен и управуван, преку правни или други ефективни средства, се со цел да се постигне долгорочно зачувување на природата со придружните услуги на екосистемот, како и сите културните вредности.

Најстарото заштитено подрачје во светот ни доаѓа од Монголија. Во 1783 година тогашната власт ја прогласува планината Богд Кан за заштитено подрачје, иако уште од 13 век оваа планина била под некаква заштита бидејќи тогашниoт локален владател Торил Кан го забранил логорувањето и ловењето дивеч, сметајќи дека е света планина. Ова заштитено подрачје зафаќа површина од 673 km2 и се наоѓа на надморска височина помеѓу 1310 m и 2270 m. Северните падини на планината Богд Кан се покриени со густи зимзелени шуми додека јужната страна е претставена со голини. На Богд Кан пристуни се повеќе видови на вегетација од кои најмногу се среќава тајгата (борова шума), алпска тундра, и мешовитата вегетација (ариш, бреза, кедар, бор и топола). Како најзагорзени животински видови во ова подрачје се еленскиот мошус, срната и арктичкиот зајак.

Национален парк претставува широко пространо подрачје кое е заштитено од државата заради неговата природна убавина, геодиверзитет, биодиверзитет и сл., а покрај тоа, подрачјето е отворено за посета од страна на луѓето.

Терминот „Национален парк“ прв пат се применува по прогласувањето на заштитеното подрачје Јелоустон во САД како национален парк, кој воедно претставуа најстариот Национален парк во светот прогласен во 1872 година. Паркот зафаќа површина од 8.983 км² заедно со езера, кањони, реки и планински венци. Јелоустон е познат по растителниот и животинскиот свет, како и по геотермалните извори и гејзерите (како резултат на некогашно присуство на вулкани). Документирани се стотици видови на цицачи, птици, риби и влекачи, вклучувајќи и некои кои се загрозени или во опасност од исчезнување. Во паркот живеат и гризли мечки, сиви волци и слободни стада на бизони и елени. Националниот парк Јелоустоун нуди и рекреативни можности за туристите како што се пешачење, кампување, возење со чамци, рибарење и прошетки. До сите позначајни атракции водат асфлатирани патишта. Во зима, на туристите на располагање им се овозможени и тури со снежни санки.

Користена литература:
Димитровска О. (2009) Заштита на природното наследство, Селектор, Скопје
https://l.facebook.com/l.php?u=https%3A%2F%2Ftheculturetrip.com%2Fnorth-america%2Farticles%2Fthe-10-oldest-national-parks-in-the-world%2F%3Ffbclid%3DIwAR2FOcE7LgqiEqd3cnNSfMrv9h-Qdz9RgWSq4Pr8QQQNjDLiyO78BbhJeHA&h=AT0tyh2fjawUWbqH8MnnlSt2PeaF3HMzGjEVED9dRl9bGJbzJThqnFU3YZCR97oPlNFv242iXaZ7gL5r3O9laHT_ViPikP5jtWLJ-_AWaFZ136etb7-U4IxqJXvx7CLxf0U
https://books.google.mk/books?id=ceZWCgAAQBAJ&pg=PA68&redir_esc=y&fbclid=IwAR2zuhQH3f0s8-oSTR7ZI62B3Twy-N6818oseci7ly-XBfQrWzDKf-xDboA#v=onepage&q&f=false
https://web.archive.org/web/20180314220616/http://old.unep-wcmc.org/about-protected-areas_163.html
https://www.collinsdictionary.com/dictionary/english/national-park?fbclid=IwAR0jb7bfv7kzDGNz_h23rHYGmiG1NKw4DJ3ce8Zdkd4dXWMxIcgFPY7pWWI
https://www.loc.gov/collections/national-parks-maps/articles-and-essays/yellowstone-the-first-national-park/?fbclid=IwAR17Rwww3765TrFDxH5Zd1vjUzo_ATVRWXsekMfWpi_jyvmLLEUSot8hp1s
https://www.nps.gov/yell/learn/nature/geothermal.htm?fbclid=IwAR3beRq2Iv-1puLcBnccES5aSjNzOvcguGfdmgpvMjRtlBdcmnkb-372YfY

Подготвил: Тоше Столески, наставник по географија

Оваа статија е прочитана 1306 пати!

Објавено од:

Од категорија: На тема, По Светот · Tags: , ,

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger