Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Географски вести, На тема, Наставни » РГД „Геосфера“ од Битола изработи web-страна со наставни содржини по географија

РГД „Геосфера“ од Битола изработи web-страна со наставни содржини по географија

22.05.2020

Во текот на месец март, откако беше прекинат редовниот воспитно-образовен процес, просветните работници беа приморани да бараат алтернативни начини за пренесување на своите знаења и поврзување со учениците. Паралелно со изведувањето на online наставата, група наставници, членови на Регионалното географско друштво „Геосфера“-Битола дојде до идеја да изработи web-страна со наставни содржини по географија за часовите во сите одделенија во основното и средното гимназиско образование. Истите треба да се реализираат до крајот на учебната година, а содржините се разработени преку видеа или power-point презентации, со цел да бидат постојано достапни за учениците.

На ГЕО-ЧАС (https://geochas.weebly.com/) досега обработени се вкупно 52 наставни содржини, за кои се подготвени 22 видео-лекции и 43 power-point презентации. Оваа соработка меѓу наставниците се покажа многу корисна, пред се поради неможноста за многу краток временски период да се подготват електронски содржини кои се неопходни за успешно реализирање на online наставата.

Доказ за потребата од ваква web-страна е нејзината посетеност. Вкупно видео-лекциите од сите одделенија досега имаат околу 23000 прегледи и претставуваат скоро една третина од изработените електронски содржини, па доколку се претпостави дека презентациите се користени со ист таков интензитет посетеноста на страната би била околу 70000 пати.

И покрај надежта за поскоро враќање во училишните клупи, во наредниот период наставниците ќе продолжат да ја збогатуваат оваа web страна со електронски материјали, со цел што поголема покриеност на наставните содржини по географија.

Подготвила: м-р Гордана Богоевска, секретар на РГД „Геосфера“-Битола

Објавено од:

Од категорија: Географски вести, На тема, Наставни · Tags: , , , ,

Leave a Reply

*