Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Географски вести, На тема, По Светот » Фазан – остров со специфична административна организација

Фазан – остров со специфична административна организација

11.12.2020

Oстровот Фазан е лоциран на самата граница помеѓу Франција и Шпанија, на само неколку десетици метри од брегот на двете земји. Се наоѓа во коритото на реката Бидисоа, а неговата територија припаѓа на две одделни нации истовремено.

Она што е интересно за овој мал речен остров, е тоа што го менува суверенитетот на секои шест месеци, како дел од редок, вековен договор. Можеби изгледа како ништо посебно, но ова мало парче земја е дом на вековната историја и е една од најуникатните гранични неправилности во светот. Имено, на секои шест месеци, претставници од Франција и Шпанија се среќаваат на островот Фазан за да разменуваат службени документи, предавајќи го суверенитетот на островот од една во друга земја.

Овој начин на владење со островот е започнат после триесет годишната војна (1618-1648) помеѓу Шпанија и Франција и го симболизира мирот и еднаквоста помеѓу овие две земји. Од тој ден, Фазан станал неутрална заедничка точка меѓу двете земји, служејќи како често место за средби помеѓу француските и шпански нобелци.

Фазан е единствениот остров што го менува суверенитетот меѓу двете  (Франција и Шпанија) во текот на целата година. Иако речниот остров лежи само неколку десетици метри од брегот на секоја земја, посети од туристи се забранети. Воедно, од 1659 година, па се до денес, Фазан, како остров со специфична административна организација, останува моќен, иако бизарен, симбол на мирот и неутралноста.

Користена литература:
www.atlasobscura.com/places/pheasant-island

Изработил: Дарко Трипуновски, студент на ГИС

Корекција: Бојана Алексова, дипломиран географ

 

Оваа статија е прочитана 1157 пати!

Објавено од:

Од категорија: Географски вести, На тема, По Светот · Tags: , , , , ,

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger