Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Географски вести, На тема, По Светот » Тирана – склоп на модерен и туристички град

Тирана – склоп на модерен и туристички град

13.12.2020

Позиционирана скоро во централниот дел на земјата, Тирана е главен град на политичкиот, економскиот и културниот живот на Албанија. Имено, овој модерен и туристички град се наоѓа на 110 m надморска височина, во западното подножје на планината Дајти (1612 m), односно 25 km од Националниот Парк Дајти. Планината Дајти, позната како Балкон на Тирана, освен што е лоцирана во близина на Јадранското Море, се издига над градот и му дава неверојатен поглед. Воедно, Тирана се наоѓа на околу 34 km од Јадранското Море. На југ и на запад е опкружена со релативно ниски ридови, додека на северозапад Тирана лежи на рамна површина. Во главниот град на Албанија преовладува суптропско-медитеранска клима со интензивни врнежи и просечни годишни температури од +24°C  и +7°C.

Овој град започнал да се развива во почетокот на XVIII век, а во 1920 година бил прогласен за главен град на Албанија. Важи за еден од најдинамичните градови во Балканот, а според последните податоци има 494.000 жители. Воедно, забележани се значителни промени во инфраструктурата,  во меѓувреме беа изградени нови населби, започна масовната изградба на нови палати, згради и плоштади. Сето ова придонесе Тирана да прерасне во модерна Балканска метропола.

Тирана има голем број споменици на културата со историски карактер, кои се заштитени од државата, но, оние што привлекуваат најмногу посетители, се лоцирани во централниот дел на градот и областа околу него. Cпомениците играат важна улога во зголемувањето на бројот на туристи кои ја посетуваат Тирана, а истовремено и во промовирањето на истата како туристичка дестинација. Тирана, како град со модерни и туристички обележја, се состои од повеќе туристички атракции кои се привлечни за секој турист. Еден од најинтересните атракции во срцето на овој град е плоштадот Скендербег, а името потекнува од националниот херој Скендербег кој се борел против Отоманската империја, Потоа, Националниот историски музеј, Националниот Театар, Конгресната палата, споменикот на националниот херој на Албанија, Скендербег и др.

На плоштадот стои часовникот, еден од симболите на градот, познат и како Саат-кула. Изградена е околу 1821-1822 година и нуди извонредна панорама на градот. Во близина е џамијата Етхем Бег, единствената џамија што успеа да го преживее комунистичкиот режим.

Меѓу нив е и замокот Јустинијан, изграден во шестиот век, кога Албанија сè уште беше само мал дел од Византиската империја. Тирана вреди да се посети заради ваков интересен вид архитектура, во која спаѓа и Петрела, прекрасниот средновековен замок, изграден за време на владеењето на византискиот император Јустинијан. Како што напоменавме во статијава, овој интересен град е исполнет со интересни споменици кои раскажуваат дел од неговата историја.

Шетајќи низ улиците на Тирана, можете да видите неколку верски објекти, меѓу нив прекрасната православна Kатедрала на Воскресението Христово и најголемата православна црква на Балканот. Катедралата е изградена помеѓу 2001 и 2012 година.

Од останати верски објекти, спаѓаат Католичката црква Санта Марија, изградена во 1865 година од страна на императорот Франц Јозеф од Австро-унгарската империја, Католичката катедрала Свети Павле, чијашто структура, завршена во 2001 година, има импресивни витражи на кои се претставени Мајка Тереза ​​од Калкута и папата Јован Павле Втори. Покрај спомениците и црквите кои нудат особено интересен преглед на градот, има и неколку музеи и културни центри кои навистина вреди да се посетат. Главните се:

  • Пирамидата, изградена во 1988 година, посветена на албанскиот диктатор Енвер Хоџа, кој со падот на комунистичкиот режим стана дом на Меѓународниот културен центар,
  • Археолошки музеј, кој има интересни предмети пронајдени во областа околу градот,
  • Уметничката галерија, која има збирка на дела од социјалистичкиот период,
  • Национален музеј на историјата,
  • Музејот на природни науки, посветен на локалното и националното опкружување на флората и фауната,
  • Реја (Облакот), модерна уметничка инсталација, поставена пред Националната галерија на уметности. Структурата на инсталацијата и белата транспарентност, создава геометриска форма што изгледа како облак и изгледа како да се крева магла во паркот пред Галеријата.

Посебно внимание треба да се посвети и на ноќниот живот на Тирана, особено во лето, вклучувајќи модерни барови, кафулиња и ресторани што одговараат на вкусот на сите луѓе. Во секој случај, Тирана е град кој секој од нас треба да го посети, бидејќи има што да понуди. Извонредната архитектура и дел од туристичките атракции, кои ги набројавме во оваа статија, се една од причините за богатиот туризам во овој град.

Користена литература:

  1. www.hotelmillennium.eu/al/Itineraret-e-Tiranes/Cfare-te-shohesh-vizitosh-ne-Tirane.html
  2. www.macrotrends.net/cities/20005/tirana/population#:~:text=The%20current%20metro%20area%20population,a%201.93%25%20increase%20from%202017
  3. www.shekulli.com.al/52781/
  4. hwww.intoalbania.com/sq/atraksion/muzeu-i-shkencave-eksplorim-i-natyres-shqiptare/
  5. www.spottedbylocals.com/tirana/reja/

Изработила: Ардита Тоска, студент на наставна географија

Корекција: Бојана Алексова, дипломиран географ

 

 

Оваа статија е прочитана 2163 пати!

Објавено од:

Од категорија: Географски вести, На тема, По Светот · Tags: , , , , , , ,

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger