Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » На тема, По Светот » Национален парк „Бели песоци“

Национален парк „Бели песоци“

18.01.2021

Националниот парк „Бели песоци“ е лоциран во сојузната држава Ново Мексико во САД, 24 km југозападно од градот Аламогордо. Пејзажот на оваа пустина е назначен како строга државна заштита во 1933 година, од страна на претседателот Херберт Хувер. Паркот се наоѓа на просечна надморска височина од околу 1219 m во сливот на Тулароса и го сочинува јужниот дел на гипсното поле од 710 km2.

Белите песоци се импресивно природно чудо. Дините се настанати од гипс кристали, и како резулат на тоа е белата боја. Ова е, исто така најголемото поле со дини од гипс во целиот свет. Брилијантните дини од бел песок зафаќаат површина од скоро 595 km2, a воедно псотојат многу дини кои се искачуваат над 60 m. Најдобро време за посета на дините е во топол зимски ден, бидејќи зимската светлина е преубава за треперливите песоци. Талкајте далеку по дините и поминувајте часови играјќи и лежејќи во песок. Дините, исто привлекуваат посетители од разни делови на светот. Од друга страна, пак, има луѓе, кои решително го негираат нивното постоење и го именуваат како “вонземско чудо. Имено, според тамошното локално населени, стотици НЛО се видени на „Белите песоци“ во текот на изминатите 30 години.

Составот на белите песоци не се поистоветува со повеќето пустински песоци, неговиот состав е гипс и калциум сулфат. Гипсот е едно од најчестите минерални соединенија што се наоѓа на Земјата, но ретко се гледа на површината, бидејќи лесно се раствора во вода. Потеклото на оваа пустина датира од пред околу 100 милиони години. Како што се повлекувала водата, се создавале езера со солена вода, кои потоа со тек на време испарувале. Како што се повлекувала водата, се формирале наноси од гипс, кои со помош на ветерот се создавале бели песочни дини. Ветерот формира дини кои можат да достигнат висина до 30 m. Она што е интересно за овој Национален парк е тоа што басенот го спречува дождот што паѓа тука да се пробие до океанот, односно ги задржува концентрациите на гипс во базенот високо, што води до брилијантната бела боја што можете да ја забележите.

Бели песоци е дом на многу видови растенија и животни кои развиле специјализирани услови за преживување во оваа област на студени зими и топли лета, со мала количина на вода и високоминерализирана подземна вода. Огромен број гуштери, глувци и инсекти, еволуирале во бела боја за да се прилагодат со пејсажот. Ова навистина е уникатно место, бидејќи гипсот обично (супстанца растворлива со вода) се плакне во морето. Сепак, басенот кој е заробен тука, ги создава овие огромни бели „меки“ полиња. Во таа смисла, блескавата површина е дополнително украсена со повеќе од 800 видови животни.

Безрбетниците ја формираат најголемата група, со околу 600 видови на животни, како што се пајаци, оси, молци, бубачки, итн. Најчесто забележени птици се: гулаб, cactus wrens, мршојадец, гавран, бело врапче и други. Cactus wrens имаа долга бела линија над очите и црни дамки на градите. Тие своите гнезда ги градат во кактуси, се хранат со лов на инсекти. Птиците најчесто се сместени во вегетативните области на паркот, во близина на езерото Лусеро, далеку од динското поле.

Белата песочна кученце-риба (White Sands pupfish) е единствениот ендемичен вид риба во сливот на Тулароса. Рибата има темни очи, сребрени лушпи и расте во должина од 44-64 mm.

Цветното растение „јука“ е најубавата декорација во оваа пустина. Младите стебленца од растението се богати со витамин Ц, листните влакна се користат за изработка на јаже, додека од коренот се прави сапун.

Исто така, националниот парк „Бели песоци“ е познат по возење санки во лето. Посетители доаѓаат во паркот во голем број секоја година, за да ја видат оваа прекрасна убавина на овој национален парк, но и да се санкаат по стрмните дини. Центарот за посетители продава санки во текот на целата година и тоа е една од омилените активности на младите посетители тука. Имено, многу реклами, музички спотови и филмови се снимени во овој национален парк. Првата голема филмска снимка била снимена во 1950 година. Некои од популарните филмови снимени во оваа област се: „Мажите што зјапаат во кози“ (Тhe men who stare at goats), „Трансформери“ (Transformers), и Јархед (Jarhead).

Националниот парк „Бели песоци“ е отворен во текот на годината, што го прави речиси секој ден совршен ден за посета. Утрата и вечерните моменти се особено одлични за фотографија.

Користена литература:

  1. newmexico.org/places-to-visit/regions/southeast/white-sands-national-monument
  2. wikipedia.org/wiki/White_Sands_National_Park
  3. desertusa.com/desert-new-mexico/white-sands-national-park
  4. traasgpu.com
  5. 365.com.mk/154786/beli-pesotsi-najgolemata-gips-pustina-vo-svetot
  6. mk.sacredsites.com/americas/united_states/white_sands_new_mexico.html

Автори: Викторија Ангелеска, студент на географија-ГИС и Бојана Алексова, Институт за географија

Објавено од:

Од категорија: На тема, По Светот · Tags: , , , , ,

Leave a Reply

*