Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » На тема, По Светот » Сетенил де лас Бодегас – „Живеалиште под карпи“

Сетенил де лас Бодегас – „Живеалиште под карпи“

08.03.2021

Сетенил де лас Бодегас е село-општина во провинцијата Кадиз во Шпанија, позната по своите живеалишта вградени во карпи над реката Гвадалпорчан, каде околу 3.000 жители живеат буквално, под карпа. Оваа мало село се наоѓа на 157 km североисточно од Кадиз. Има карактеристичен амбиент долж тесната клисура на реката Рио Трехо. Се протега по течението на реката со некои куќи вградени во карпестите делови на самата клисура. Исто така, Сетенил де лас Бодегас е дел од така наречениот ,,Пат на белите села во Кадиз”.

 

Многу од куќите се изградени околу и под самите ѕидови на клисурата. На некои места изгледа како карпата да ги притиска куќите, но тоа е само привидно. На одредени места карпите дури и „навлегуваат“ во домовите, но тоа им се допаѓа на жителите, бидејќи е уникатно обележје на селцето. Карпите се главните ликови на секојдневниот живот во Сетенил де лас Бодегас. Очигледно, најсјајните карактеристики на Сетенил се куќите и зградите под карпите. Тие се познати како „abrigos bajo las rocas“ (засолништа под карпите), и тоа затоа што тие всушност биле изградени без да се резбаат камењата.

Со векови, жителите на Сетенил живеат во пештерите заштитени од карпите и, во денешно време ова е најпознатата карактеристика на Сетенил, што ја прави една од најпривлечните туристички дестинации во Сиера де Кадиз. Името на оваа село „Сетенил де лас бодегас“ ја рефлектира неговата богата историја; сетенил, од латинските зборови septem nihil– „седум пати не“, се однесува на обидот седум пати католичките владетели кои се обиделе да ја земат територијата од Маврите, средновековните арапски жители кои владееле во голем дел од Шпанија неколку векови. Само на седмиот обид за освојување на Сетенил, католиците биле во можност да ја освојат територијата. Овде подоцна започнало да се користат ладните области под карпата за  складирање секакви локални производи а најмногу лозје во големи магацини, од каде што населбата го заработила вториот дел од името, „бодегас“, што значи „магацин“ на шпански јазик односно „де лас Бодегас“ од винарските визби“ и се однесува на лозјата што го опкружуваат градот и на одличното вино што се произведува тука.

Верувале или не, луѓето избираат да се населат таму од практични причини. Овие пештери во Сетенил се покажале како идеални простории за живеење, бидејќи наместо да имаат потреба да градат цели куќи за да се задржат топлината во лето и студот во зима, сè што треба е да се среди внатрешноста и да се направи фасада. Две од главните улици на овој простор се наоѓаат од двете страни на реката Гвадалпорчан што го преминува градот, создавајќи совршени точки за уживање во погледот на карпите. Тие се нарекуваат Куевас дел Сол (пештери на Сонцето) и Куевас де ла Сомбра (пештери на сенката). Нивното име потекнува од феноменот создаден од карпите што стојат над улиците, кои спречуваат сончевото сонце да го загрее Куевас де ла Сомбра (додека Куевас дел Сол секогаш ужива во светлината). Местото е позната туристичка атракција и за него се вели дека ги има најдобрите ресторани во регионот.

 

Користена литература:

  1. www.ruralidays.co.uk/travel/city-guide/what-to-do-setenil-de-las-bodegas/
  2. unusualplaces.org/setenil-de-las-bodegas/
  3. www.andalucia.com/province/cadiz/setenil/home.htm

Изработила: Марија Василева – студент на наставна географија

 

 

Оваа статија е прочитана 811 пати!

Објавено од:

Од категорија: На тема, По Светот · Tags: , ,

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger