Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » На тема, По Светот » Патагонија – регион во кој има речиси ист број на население и пингвини

Патагонија – регион во кој има речиси ист број на население и пингвини

18.03.2021

Патагонија е висорамнина која се наоѓа во крајните јужни делови на Јужна Америка. Се простира во две соседни држави, Аргентина и Чиле. Од својата источна и западна страна е опколена со водите на Атлантскиот односно Тихиот океан. Патагонија поседува многу знаменитости кои се привлечни за туристите. Најчесто тоа се глечерите и националните паркови кои изобилуваат во голем број на целиот простор на Патагонија. Рамнината претставува една од основните дестинации за туристите во Јужна Америка и воопшто во светот.

Како една од најпосетуваните области е провинцијата Санта Круз. Овој предел е доста значаен за економијата во Аргентина како и за целиот туризам во Јужна Америка.Глечерот “Los Glaciares” е еден од најпосетуваните места во светот, а своите посетители ги привлекува со својата огромна површина и недопрена природна убавина. Во овој НП се наоѓа и глечерот Перито Морено кој претставува составен дел на глечерот “Los Glaciares”. Иако во последната деценија имаме доста големо топење на ледниците и глечерите тоа не е случај и со глечерот Перито Морено,односно глечерот ја одржува својата формација со текот на годините.

Додека пак во крајниот јужен дел поточно во провинцијата Огнена Земја(Tierra del fuego) се наоѓа градот Ушуаја. Градот овозможува туристички тури низ јужните острови па се до делови на Антарктикот и поради тоа е едно од најпосетуваните места во делот на Патагонија. Во близина се наоѓа и Островот на Пингвините за кој се смета дека спаѓа во најатрактивните дестинации кои ги нуди Патагонија. Интересен е фактот дека на островот има толку пингвини колку што целата рамнина има население (над 2 милиони).

Литература:

  1. www.argentina.travel/#!/global/regions/region-patagonia?lang=es
  2. patagonia.gob.ar/en/treasures-to-discover/
  3. www.copernicus.eu/en/media/image-day-gallery/patagonia-heatwave-argentina-chile
  4. www.argentinaviajera.com.ar/patagonia.html

Изработила: Ивана Крстова – студент на наставна географија

Оваа статија е прочитана 1162 пати!

Објавено од:

Од категорија: На тема, По Светот · Tags: , , , ,

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger