Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » На тема, По Светот » Интересни факти за планината на виножитото во Перу

Интересни факти за планината на виножитото во Перу

06.05.2021

Перу, третата јужноамериканска држава по големина, зафаќа површина од околу 1300 милиони km2, позиционирана меѓу Еквадор, Бразил, Колумбија, Боливија и Чиле и секако моќниот Пацифик на запад. Површината на оваа држава е околу 50 пати поголема од површината на Република Македонија. Целата Перуанска територија припаѓа на Андите и Амазонија. Оваа држава географски се дели на 3 зони:

Западна или Пацифичка или Коста зона (шп. costa – морски брег) која е главно пустинска територија во која има 40тина кратки реки кои се спуштаат од Андите во Пацификот и овозможуваат создавање на земјоделски оази.

Андска или Сиера зона (шп. sierra – планина) во која доминираат импресивните Анди со предели и височини меѓу 4000 и 6000 метри надморска височина, а над сите нив е врвот Уаскаран кој со 6768мнв е највидок на континентот, надвор од Аргентина.

Амазонска или Селва зона (шп. selva – шума) е зона која опфаќа околу 60% од вкупната територија на државата, но и зона во која живеат само 5% од населението.

Во втората, Андска зона, на само 3 часа од градот Куско, планината Виникунка или позната како Планина на виножитото неодамна стана главна атракција кај туристите и место со кое што локалците се гордеат. Како што е познато, планината е значајна по својата природна и разнобојна убавина која се наоѓа на неверојатни 5200 метри надморска височина. Нејзиниот изглед кој што наликува на виножито е создаден со таложење на минерали низ целата област давајќи и на планината тиркизна, лаванда, златна и други бои. Причините поради кои се гледаат боите на виножитото на планината Виникунка во голема мера се должат на атмосферските влијанија и минерологијата.

Црвената боја на седиментните слоеви често укажува на ‘рѓата на железниот оксид како минерал. Оние седименти кои што се богати со железо, ја променуваат својата боја кога се изложени на кислород и вода. А сето ова, во комбинација со издигнувањето и движењето на тектонските плочи, овозможува навалување на седиментните слоеви и изложување на развлечените стратиграфски интервали. Делувањео на гетитот или оксидиранот лимонит воведува кафеаво обојување на песочниците, а пак светло жолтата боја се должи на железниот сулфид како минерал во трагови на порцементот. Покрај тоа, хлоритот честопати обојува седименти со различни нијанси на зелена боја, зависно од дијагенетската историја и концентрацијата.

Дефинитивно, најпотребните работи кои што треба да ги знаете пред да ја посетите оваа уникатна природа се:

  • Планината на виножитото е на надморска височина повеќе од половина Монт Еверест;
  • Позната е и како Виникунка, збор кој потекнува од мајчиниот јазик на Перу – Кечуа, што во превод значи „обоена планина“;
  • Планината е составена од 14 различни и шарени минерали;
  • Пред само 4 години, оваа планина беше целосно покриена со снег, правејќи да е невозможно целото сведочење на убавината на планината;
  • Температурите сè уште паѓаат под нулата за време на ноќите;
  • Ламите и алпаките може да се сретнат по целата патека на Виникунка;
  • Времето тука се менува многу брзо од снег во дожд до сончево време и тоа во период од само еден час;
  • Дозволено е изнајмување коњ како средство за превоз во која било точка од патот, односно доколку патеката ви е тешка, нема потреба истото да го имате ангажирано или резервирано од самиот почеток.

Ламите, коњите и алпаките ги има насекаде низ планината, со тоа што локалните заедници сè уште живеат скоро ист живот како порано, но сега им помагаат и на многуте посетители (во просек 1000 секој ден) да ја откријат и истражат оваа планина во боја.

Неодамна поради топењето на снегот, е откриен скапоцениот камен што многумина сеуште го сметаат за свет камен. Од откритието, планината на виножитото започнува да се здобива со популарност и дури се наоѓа во „Топ 100 места што треба да се посетат барем еднаш во животот“ според National Geographic.

Користена литература:

  1. www.rainbowmountainperu.com/about-rainbow-mountain-peru/
  2. www.forbes.com/sites/trevornace/2017/01/21/welcome-rainbow-mountains-peru/?sh=10d0e3a6f70c

Изработила: Андреа Алексоска – студент на ГИС-ИГ

Објавено од:

Од категорија: На тема, По Светот · Tags: , , , , ,

Leave a Reply

*