Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Активности » Семинар во организација на Македонското географско друштво

Семинар во организација на Македонското географско друштво

Во сабота на 21 јануари, во просториите на Природно-математичкиот факултет беше одржан четвртиот Семинар за наставниците по географија во Република Македонија, во организација на Македонското географско друштво. И покрај релативно лошите временски услови, на настанот присуствуваа 50-тина наставници од различни делови на државата. Во рамките на семинарот беа презентирани 3 стручни предавања поврзани со регионалната географија, односно географските региони во Светот (проф. д-р Благоја Маркоски), потоа географијата и геополитиката (проф. д-р Ристо Мијалов и Горан Китевски) и со најпосетуваните туристички дестинации во Светот (д-р Милена Талеска). По предавањата се продолжи со информирање на наставниците за тековните активности на Друштвото во однос на следните општински и државни натпревари по географија, потоа со промените на студиските програми на Институтот за географија, како и со состојбата со наставните часови по географија во основното и средното образование. Присутните беа информирани и за новите веб-страници на Институтот за географија, потоа на списанието Географски разгледи и на ИГЕО порталот.

Покрај официјалниот дел, големо значење имаше и неформалниот дел од семинарот поради меѓусебните контакти, дискусии и размена на сознанија помеѓу наставниците и присутните од Институтот за географија.

Подготвил: д-р Ивица Милевски

Објавено од:

Од категорија: Активности · Tags: , , ,

Leave a Reply

*