Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Вселена, На тема » Денес не очекува астрономски спектакал: Целосно затемнување на Месечината (крвава супермесечина)

Денес не очекува астрономски спектакал: Целосно затемнување на Месечината (крвава супермесечина)

26.05.2021

Денес, на 26 мај, спектакуларната супермесечина ќе се совпадне со целосното затемнување на Месечината. Доколку сте во Австралија, делови од западна САД, западна Јужна Америка или во југоисточна Азија, доколку дозволи времето, ќе можете да забележите како полната месечина ќе добие впечатливо црвена нијанса околу 14 минути за време на целосното затемнување (еклипса). Во таа смисла, региони од каде може да се забележи затемнувањето се: Јужна/Источна Азија, Австралија, голем дел од Северна Америка, Јужна Америка, Пацифик, Атлантик, Индиски Океан, Антарктик.

Извор: НАСА

Она што нас не интересира, дали ние во Македонија ќе можеме да го забележиме целосното затемнување на Месечината, единствениот природен сателит на Земјата? Одговорот е за жал не, меѓутоа во прилог ќе објасниме како изгледа ова затемнување на Месечината. Целосно затемнување на Месечината (Lunar eclipse) се јавува поради искривување на патот на сенката и ротација на Месечината, а истовремено и Земјината ротација.

Супермесечина (научно: перигејна сизигија) се јавува заради малата оддалеченост од Земјата (перигеум) од само 359.000 km (наспроти просечните 385.000 km), поради што ќе изгледа околу 13% визуелно поголема и 20-30% посјајна од вообичаеното. Реално, тие неколку проценти големина или сјајност во однос на претходните слични појави се едвај забележливи (поточно најчесто незабележливи) за човекот (Милевски, 2018).

Фото: Ивица Милевски

Како што е наведено, т.н крвава Месечина обично се случува за време на затемнувањето, кога Земјата е поставена помеѓу Месечината и Сонцето и кога ја „покрива“ Месечината од сончевите зраци, а името „црвена“ (крвава) е поради црвениот сјај. Според НАСА, во тој момент единствената светлина што достигнува до површината на Месечината е од работ на атмосферата на Земјата. Останатата светлина се рефлектира на површината на Месечината со црвен сјај, па затоа Месечината изгледа црвено.

Денешната супермесечина, една од трите годинава, не само што ќе се совпадне со затемнувањето, туку ќе биде и најголемата супермесечина во оваа година. Имено, многу истражувања покажуваат дека полната месечина има огромно влијание кај луѓето, а особено во поглед на бурни емоции, реакции, несоница и сл.

Изработиле: Бојана Алексова и д-р Ивица Милевски – Институт за географија, ПМФ

Користена литература:

  1. nasa.gov/Watch_the_Skies/2021/05/21/mays-full-moon-comes-with-supermoon-eclipse/
  2. timeanddate.com/eclipse/lunar/2021-may-26

Оваа статија е прочитана 1168 пати!

Објавено од:

Од категорија: Вселена, На тема · Tags: , , , , , , , ,

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger