Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Вселена, Географски вести » Дали времето на Земјата и на Сонцето е исто?

Дали времето на Земјата и на Сонцето е исто?

Користејќи точни цезиумски часовници, се успејало да се докаже Ајнштајновото предвидување дека различната гравитација дава поразлично време. Експериментот бил потврден со тоа што еден цезиумски часовник бил поставен на земјата, а друг на една висока кула. Во двата часовника имало разлика од траењето на секундата. Гравитациското влијание се намалува со оддалечување од Земјата и затоа и времето е поразлично во часовниците. Благодарејќи на Ајнштајновата теорија на релативитетот и знаејќи дека времето и гравитацијата се различни можни се мисиите кои се прават во вселената.

На Сонцето еден атомски часовник оди побавно поради тоа што Сонцето има 300 пати поголема гравитациона сила од Земјата. Ајнштајн пресметал дека 1секунда на Сонцето одговара на 1.000002 секунди на Земјата. Иако разликата е мала сепак се докажува дека има разлики во времето.

Времето поминува побавно за телото кое спрема набљудувачот се движи многу брзо. Оваа се докажува со движењето на космичките честички кои секојдневно ја бомбардираат Земјата. Овие честички кон Земјата се движат со огромна брзина, не често ја достигнуваат и брзината на светлината. Земјата благодарејќи на атмосферата се брани од овие честички. Доколку не би постоел овој штит, зрачењето би било толку јако што на Земјата не би постоел живот.

 

 

 

 

 

 

Напишал: Глигорије Џилвиџиев

Објавено од:

Од категорија: Вселена, Географски вести · Tags: , ,

Leave a Reply

*