Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Географски вести, Наставни » Натпревари по географија во време на пандемија

Натпревари по географија во време на пандемија

28.07.2021

Македонското географско друштво оваа година во невообичаени услови за работа и ограничувања кои ги наметна пандемијата со Covid 19, ги реализираше натпреварите по географија за средните училишта на општинско (19 март 2021), регионално (17 април 2021) и државно ниво (7 мај 2021 година). Натпреварите се спроведоа on line на три платформи: Microsoft Teams, Zoom и Webex, истите оние на кои учениците натпреварувачи ја следеа наставата. Од вкупно 138 ученици кои учествуваа на општинскиот натпревар во сите пет категории (прва, втора и трета година гимназиско образование, – прва и трета година средно стручно образование) на регионалниот се пласира  91 ученик. На државниот натпревар учествуваа вкупно 63 ученика од кои првите три места им припаднаа на:

На учесниците им беа доделени сертификати за учество и дипломи за освоено место и освоена награда. За сите оние кои се пласираа на првите три места, покрај дипломите им беа додели и награди за кои се погрижија Македонското  географско друштво, Институтот за географија и Тримакс, кој сите овие години наназад е наш соработник и активен поддржувач на нашите настани. Во продолжение од најдобро пласираните ученици кои  се со соодветна возраст според правилата на Олимпијадата и лично изразија желба да бидат дел од натпреварот, преку селекционен натпревар ќе се формира тим од четворица ученици кои ќе се натпреваруваат на Олимпијадата IESO која ќе се одржи во 2022 во Кина. Следат месеци на сериозна работа и подготовка. Оваа година начинот на споведување на натпреварите беше новина за сите нас и бараше посебна техничка подготовка.

Во оваа прилика искрено сакам да упатам благодарност до доц. д-р Горан Китевски, кој се погрижи за целокупната техничка подготовка на натпреварите и нивна  успешна реализација. Воедно упатувам благодарност до сите професори во улога на регионали координатори: Елизабета Брсакоска Геогриевска, Валентина Келешова, Гордан Стојановски, Сребран Георгиевски, Ардонит Дурмиши, Медат Арслани, м-р Мите Ристов, м-р Тони Симоновски, Тони Савески, м-р Марјан Матракоски, Трајче Недев и  Кире Јанковски кои активно се вклучија во спроведување на општинските и регионалните натпревари.

Голема благодарност и до колегите од Институтот за географија, посебно до помладите колеги: доц. д-р Марија Љакоска, доц. д-р Христина Димеска Трајкова, асс. м-р Анита Тодорова, Христина Ниневска, Бојана Алексова, Арсе Кузмановски и Емилија Маневска за максималната вклученост во реализација на натпреварите.

Благодарност до професорите ментори за посветеноста во едукацијата и развивање на интересот за географијата меѓу учениците. Благодарност и до учениците кои покажаа, подготвеност, посветеност, знаење и пред се љубов кон географијата, која сите заедничи треба да ја негуваме.

Проф. д-р Билјана Апостоловска Тошевска

Претседател на Македонско географско друштво

Објавено од:

Од категорија: Географски вести, Наставни · Tags: , , ,

Leave a Reply

*