Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Активности, Географски вести » Успешно реализирана online работилница на светскиот бренд HERE Technologies  на Институтот за географија

Успешно реализирана online работилница на светскиот бренд HERE Technologies  на Институтот за географија

Во текот на вчерашниот ден, 31.03.2022 година, успешно се реализираше уште една работилница  помеѓу Институтот за географија при ПМФ и  познатиот светски бренд HERE Technologies. Работилницата се реализираше во рамките на предметот Глобален Позиционен Систем за студентите 3-та година, каде се вклучија и студентите од 4-та година, на студиите по насоката Географски Информациски Системи. Студентите се стекнаа со нови знаења за просторните податоци како и проучување и совладување на програмите Map Creator и , кои се употребуваат во картирање, ажурирање на постоечките просторни и атрибутни податоци, но и креирање и  додавање на нови податоци.Онлајн работилницата беше спроведена под раководство на  проф. д-р Свемир Горин и главниот претставник на HERE Technologies во регионот, г-дин Александар Тодоров, и истата претставува дел од повеќегодишната соработка помеѓу Институт за географија при ПМФ, предводена од страна на проф. д-р. Свемир Горин и познатиот светски бренд HERE Technologies, при што голем број на студенти, пред се од студиската насока ГИС се имаат стекнато со знаења и искуство, но истовремено претставува значајна промоција и соработка на институтот со меѓународни институции.Исто така, во следниот период во план се и други активности, меѓу кои и дополнителна работилница со HERE Technologies, каде студентите ќе продолжат со обука кој ќе биде реализирана од страна на стручни лица од HERE со цел за продлабочување на знаењата и стекнување на искуство на студентите во делот со просторните податоци и ГИС. На крајот на активностите, студентите ќе се добијат светски признат сертификат од компанијата HERE Technologies.

Подготвил: Кузманоски Арсе, дипломиран географ и Виш лаборант на Институтот за географија

Објавено од:

Од категорија: Активности, Географски вести · Tags: , ,

Leave a Reply

*