Што е тоа поларна светлина и како настанува?

Поларна светлина или аурора е природна појава на светлина на небото, особено во поларните региони, предизвикана од судирот на наелектризираните честички под влијание на магнетното поле на Земјата. Поларната светлина обично се забележува ноќе, а настанува во јоносферата. Таа е позната и како поларна аурора или колективно, како поларни светлини (аурори). Овие феномени обично се видливи помеѓу 60 и 72 степени северна и јужна географска ширина, со што се ставаат во рамките на Северниот и Јужниот поларен круг. Поларните светлини настануваат подлабоко во поларните региони, но тие се реткост и често се невидливи за голо око.

Поларните светлини настануваат како резултат на фотоните во горниот дел на атмосферата на Земјата, над 80 км (50 милји), поради јонизираните атоми на азот кои апсорбираат електрони, и атомите на кислород и азот кои преминуваат од возбудена состојба (состојба на висока енергија), во основна состојба (состојба на ниска енергија). Тие се јонизирани или се во возбудена состојба поради судирот со честичките од сончевиот ветер, упатени и забрзани кон магнетното поле на Земјата при што возбудената состојба се губи со емисиите на фотони во светлината, или со судир со други молекули.

Емисии на кисород

  • Појава на зеленикаво- црвена светлина, во зависност од количината на апсорбирана светлина.

Емисии на азот

  • Појава на сина или црвена светлина . Светлината е сина ако атомот се здобие со електрон откако ќе биде јонизиран. Црвена ако атомот премине од возбудена во основна состојба.

 

На Северниот пол овој ефект е познат како аурора бореалис (или северна светлина), именувана по Аурора, римската божица на зората и грчкото име за северен ветер, Бореас. Поларната светлина во близина на магнетното поле може за се забележи високо над Земјата, но гледано од поголема далечина, таа го осветлува северниот хоризонт со зеленикав сјај или понекогаш со бледо црвена боја, па изгледа како Сонцето да изгрева од необична насока. Оваа светлина обично се јавува за време на рамнодениците. Низ историјата и се давале голем број имиња. Крите (домородки народ во Америка) овој феномен го нарекле ,,танцот на духовите”. Во Европа, во средниот век се верувало дека поларните светлини биле знак од Бога.

Нејзината јужна двојничка, аурора аустралис (или јужна светлина/ ни), има слични својства и е видлива во јужните географски широчини на Антарктикот, Јужна Америка и Австралија.

Поларните светлини може да се забележат насекаде низ светот и на други планети. Тие се повидливи поблиску до магнетните полови на Земјата поради подолгите периоди на темнина и магнетното поле.

Обично поларните светлини се појавуваат или како распрскан сјај или како ,,завеси” кои најчесто се шират во источно- западен правец. Понекогаш формираат ,,совршен светлосен лак”, а други пак (,,активна поларна светлина”) постојано се менуваат. Секоја завеса се состои од многу паралелни зраци, секој подреден според локалната насока на линиите на магнетното поле, со што покажуваат дека магнетното поле на Земјата ги формира поларните светлини. Навистина, сателитите покажуваат дека електроните се насочуваат според линиите на магнетното поле, извиткувајќи се околу нив додека се движат кон Земјата.

Сличноста на завесите често се зголемува со наборите наречени ,,избраздини”. Кога линијата на магнетното поле водејќи до светли точки на поларната светлина доведува до точка директно над набљудувачот, поларната светлина може да изгледа како ,,корона“ од разидени зраци, односно ефект на перспектива.

Поларните светлини повремено се забележуваат во умерените географски широчини, кога магнетната бура повремено го шири кругот на поларната светлина. Големите магнетни бури се најчести за време на врвот на единаесетгодишниот циклус на активностите на сончевите дамки или за време на три години по тој врв. Сепак, во рамките на зоната на поларната светлина, веројатноста за нејзиното појавување најмногу зависи од закосеноста на линиите на меѓупланетарното магнетно поле (закосеноста е позната како Bz), кои се поголеми на јужниот дел.

Користена литература: http://mk.wikipedia.org/wiki/Поларна_светлина

Напишал: Глигорије Џилвиџиев

 

 

Оваа статија е прочитана 8670 пати!

Leave a Reply

Your email address will not be published.