Посета на ERASMUS+ меѓународен тим ученици на ПМФ во Скопје

На ден 13.05.2022 година, група од 30-тина средношколски ученици и наставници од 6 држави (Македонија, Турција, Норвешка, Германија, Италија и Чешка), го посетија Природно-математичкиот факултет во Скопје. Посетата беше во рамките на Еразмус+ проектот на средното училиште Мирко Милески од Кичево и раководен од проф. Павлина Билеска од истото училиште.

 

Согласно агендата, најпрвин, во амфитеатарот на Институтот за географија-ПМФ во Скопје, гостите ги поздрави Деканот на ПМФ, проф. д-р Александар Скепаровски. Потоа следуваше едночасовно предавање од д-р Ивица Милевски на тема „Climate Changes and Natural Hazards in Macedonia” (климатските промени и природните непогоди во Македонија“). Истото беше прилагодено на средношколските ученици, поради што беше проследено во „еден здив“ и со голем интерес. Тоа веројатно е и поради актуелноста на темата, па сосема разбирливо што следуваа интересни прашања и дискусии.

По предавањето, учениците и нивните наставници ја посетија ботаничката градина на ПМФ (Институтот за биологија), која им привлече големо внимание и љубопитност. Градината зафаќа простор со површина од 14 хектари, а дендропаркот (парк на дрвјата), кој има површина од околу 11 хектари, е претставен со околу 400 растенија од различни делови и континенти на светот. За гостите, особено интересен беше затворениот, застаклен простор од 120 m2, во кој се сместени над 500 различни растенија од пустински, тропски и суптропски подрачја. Овде, изразуваме благодарност до раководителот на Институтот за биологија, проф. д-р Рената Ќуштеровска, која помогна во организација на посетата на ботаничката градина.

Со оглед на одличните взаемни впечатоци, се надеваме дека во идниот период, Природно-математичкиот факултет уште почесто ќе биде домаќин на вакви едукативни посети и настани.

Во оваа прилика изразуваме благодарност до учениците и наставниците од средното училиште Мирко Милески од Кичево, како и до Бојана Алексова од Институтот за географија, која помогна во успешна техничка реализација на настанот.

Подготвиле: д-р Ивица Милевски и Павлина Билеска.

Оваа статија е прочитана 286 пати!

Leave a Reply

Your email address will not be published.