Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » На тема » Оресундскиот мост кој ги поврзува Данска и Шведска

Оресундскиот мост кој ги поврзува Данска и Шведска

Во минатиот век, доколку некој сакал да патува со сопствено возило од главниот град на Данска-Копенхаген, до главниот град на Шведска-Малме, бил принуден да чека долго време. Но, почнувајќи од 2000-та година, со градењето на Оресундскиот мост времето на патувањето изнесува точно 15 минути. Мостот Оресунд е патна и железничка врска помеѓу Шведска и Данска. Должината на овој мост изнесува 16 km.

Оваа патна и железничка инфраструктура се состои од три дела: мост, вештачки остров и тунел. На мостот, железницата и автопатот возилата се движат на одделни нивоа, со железница на долната палуба и сообраќај на возила на горната палуба. Постои двоен автопат со две ленти и две железнички пруги за возови кои се движат со брзина до 200 километри на час. Мостот и тунелот ги поврзува вештачкиот остров Пеберхолм каде што поминуваат железницата и автопатот. Западниот дел на мостот Оресунд е тунел долг 4 km помеѓу вештачкиот остров Пеберхолм и вештачкиот полуостров Каструп и истиот претставува најдолг тунел со потопени цевки и за патен и за железнички сообраќај во светот.

Всушност, целиот мост Оресунд во суштина се состои од: вештачки полуостров 0.5 km,  потопен тунел од 3.5 km,  вештачки остров од 3.9 km и мост од 8 km. Мостот Оресунд официјално го отвориле данската кралица Маргарета и шведскиот крал Карл Густаф на 1 јули, 2000 година.

Пеберхолм

Пеберхолм е мал вештачки остров во данскиот дел на теснецот Оресунд, создаден како дел од мостот Оресунд кој ја поврзува Данска со Шведска. Пеберхолм се наоѓа на приближно 1 km јужно од малиот природен остров Салтхолм. Има површина од 1.3 km2 (320 хектари) и припаѓа на Данска. Вештачкиот остров Пеберхолм е основан за транзицијата помеѓу тунелот и мостот. На негова територија има стотици животински и растителни видови, од кои некои се и ендемични.

Користена литература:

  1. www.nasa.gov/multimedia/imagegallery/
  2. www.oresundsbron.com/en/info/life-on-peberholm
  3. www.roadtraffic-technology.com/projects/oresund/
  4. www.oresundsbron.com

Изработила: Симона Митевска, студент на ГИС – Институт за Географија
Техничка корекција: Бојана Алексова, постдипломец на географски науки, ПМФ

Објавено од:

Од категорија: На тема · Tags: , , , , ,

Leave a Reply

*