Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Географски вести » 60 ГОДИНИ ОД ГОЛЕМАТА ПОПЛАВА КОЈА ГО ПОГОДИ СКОПЈЕ

60 ГОДИНИ ОД ГОЛЕМАТА ПОПЛАВА КОЈА ГО ПОГОДИ СКОПЈЕ

На 16 ноември 1962 година, градот Скопје беше погоден од големо невреме кое го зафати западниот дел од територијата на Македонија. Невремето кое предизвика обилни врнежи на сливните подрачја на реките Вардар и Треска предизвика зголемено истекување на водите низ нивните речни корита. Во тие моменти, нивото на реката Вардар изнесувало +345 cm висина, што одоговара на протек од 1.321 m3 во секунда. Воедно оваа поплава предизвикала најголеми штети од сите поплави кои низ текот на историјата го зафатиле градот Скопје. Само од испусниот канал на ХЕЦ „Матка“ се испуштале над 730 m3 во секунда, кои дополнително придонесло до зголемување на нивото на речното корито.

Извор: Државен архив на Република Македонија

Водите на Вардар ги поплавиле Градскиот парк и просторот околу градскиот стадион, потоа десната страна на кејот, градскиот плоштад, главната пошта, притоа зафаќајќи бројни станбени објекти и продавници, додека од излевањето на реката Серава, се загрозени куќите по должината на улицата Цветан Димов.  Поради високото ниво на реката Вардар, забренето било движењето низ новиот бетонски мост, пешачкиот дрвен мост кај Народниот театар и Железничкиот мост, потоа Железничкиот мост кај Воена болница бил забранет за сите возови, а движењето по Железничкиот мост кај Ѓорче Петров било лимитирано. Само еден мост на Вардар бил сигурен – Камениот мост. Исто така, поплавата предизвикала прекин на работата на училиштата, а поради силниот притисок, водата започнала да се излегува и од градската канализација, дополнително предизвикувајќи поплавување. 

Низводно од градот, голем дел од Скопското Поле (околу 6750 хектари) е поплавено се до селото Катланово. Поплавата причинила големи материјлани штети и регистрирани се четири човечки жртви. Притоа се поплавеи и урнати 1.050 куќи, 157 згради а над 4.400 жители останале без своите домови, урнати се шест мостови, од кои три во Ѓорче Петров, оштетена била канализационата и водоводната мрежа на градот, исто така, пумпната станица за вода од изворот Рашче била надвор од функција. Причината штета се проценува на околу 18,5 милијарди тогашни динари.

Извор: marh.mk

Исто така, низ долгогодишната историја на Скопје, градот и неговата околина неколку пати биле зафатени од поплави со различен интензитет, а вакви поплави се регистрирани во 1778 година, 1858, 1876, 1895, 1897, 1916 1935, 1937, 1962 и 1979 година.

Користена литература:

Ирзаботил: Арсе Кузманоски – Виш лаборант, Институт за географија

Објавено од:

Од категорија: Географски вести · Tags: , , ,

Leave a Reply

*