Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Вселена, По Светот » Вселенски туризам

Вселенски туризам

24.02.2012

Вселенски туризам претставува патување во вселената за одмор, рекреација, но пред се за авантура. Оваа идеа во минатото беше сметана за фантазија и футуристична од голем број, како на научници така и на обични граѓани. По неколкуте пробни летови во вселената и скептични умови, Јуриј Алексеевич Гагарин (1934-1968) на 12 април 1961 беше човекот што за прв пат излегол од атмосверата на нашата планета, и воедно ја развил желбата кај секој човек за ѕвездениот простор. Подоцна се прават и првите обиди за да се овозможи престој на туристи во вселената.
Првите почетоци на реализацијата на оваа идеа е во 1997 година кога руската вселенска станица Мир поради несреќи, судири, пожари и разни дефекти, немала повеќе сретства за одржување, па затоа за прв пат е поставено прашањето за вселенски туризам. НАСА вложила половина милијарда долари за спас на Мир, но не било доволно, па така руската вселенска организација била пред банкрот. Но за да не дојде до тоа американскиот бизнисмен Петер Левалина понудил 100 милони американски долари за еднонеделен престој на Мир, тоа била добра прилика за руската вселенска организација, затоа што тогашниот годишен буџет бил 120 милиони американски долари. Подоцна Левалина се докажал како лажливец, а тоа му пружило прилика на Денис Тито кој со неколку месечни ригорозни тренинзи и само 20 милони американски долари влезе во историјата како прв вселенски турист на 29 Април 2001. Денис Тито престојувал во модулот Алфа, каде што бил гостин на пуските астронаути. По Тито отидоа уште шест мултимилионери кои можеа да си го дозволат овој фантастичен одмор меѓу ѕвездите, а меѓу нив Анушех Аспари во 2006 стана првата жена турист во вселената.
Во иднина се планираат суб-орбитни летови кои ќе бидат многу поевтини и ќе траат по неколку часа, а цената ќе им биде околу 200.000 долари. Овој план е на компанијата Virgin Galaktic која има подготвено летало за ваква намена под име Спејсшип 2. Плановите на некои јапонски компании се до 2020 година да пуштат сместувачки капацитети во вселената кои ќе имаат своја орбита како сателит. Наше е само да чекаме да поевтинат летовите или да работиме напорно и да се збогатиме за да можеме да го живееме сонот кој сите го имаме.

Напишал: Боби Стојчевски

Оваа статија е прочитана 3576 пати!

Објавено од:

Од категорија: Вселена, По Светот · Tags:

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger