Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Вселена, Географски вести » Компанијата Вирџин Галактик се подготвува за првите вселенски туристички летови

Компанијата Вирџин Галактик се подготвува за првите вселенски туристички летови

29.02.2012

Компанијата Вирџин Галактик, дел од групацијата Вирџин Груп на Ричард Бренсон, очекува до крајот на оваа година да ги направи првите тест-летови до земјината орбита. Првите пак комерцијални летови се најавени за 2013 или 2014 година, во зависност од резултатите на тестовите и подготвеноста на пилотите. На листата на чекање веќе се запишани околу 500 заинтересирани авантуристи, кои за две години би требале да се „прошетаат“ до вселената со специјалното новоконструирано летало Спејсшип 2. Оваа летало има вкупно 8 места од кои 2 за пилотите и 6 за патниците. Инаку, со неколкучасовните летови кои ќе чинат по околу 200.000 долари е предвидено патниците да се искачат до височина од 100 км, нудејќи можност на половина час да се почувствува нултата гравитација и да се види планетата Земја од навистина прекрасна перспектива.

Компанијата Вирџин Галактик денес е една од водечките која работи на вселенски летала наменети за туризам, истражувачки и едукативни цели. Нејзиното летало Спејсшип 2 кое помина серија од бројни тестови е првото од планираните пет летала за ваква намена. Самиот сопственик на групацијата Вирџин, милијардерот Ричард Бренсон е познат како голем авантурист, со повеќе рекорди во брзото препловување на Атлантикот, Пацификот, а една од неговите огромни желби е конечно вселенскиот туризам да биде достапен на „обичните“ луѓе. Веќе до крајот на оваа деценија, со уште поголемо усовршување на технологијата, се очекува цената на ваквите летови да се намали на „само“ околу 50.000 долари, а веќе во следната деценија и до околу 20-30 илјади долари. Можеби тогаш ќе има можност и некој од нашата држава за прв пат да ја посети орбитата и да ужива во неверојатната глетка.

Извор:

Делумно преземено од: PALO ALTO, California, Feb. 27, 2012 (Reuters)

Подготвил: д-р Ивица Милевски

Оваа статија е прочитана 3122 пати!

Објавено од:

Од категорија: Вселена, Географски вести · Tags: , , , , ,

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger