Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Природник... » Екскурзија до Охрид предводена од ИЗСГ„Природник„

Екскурзија до Охрид предводена од ИЗСГ„Природник„

На 03.03.2012 година истражувачкото здружение на студенти географи „Природник“ организираше еднодневна екскурзија до Охрид. Оваа екскурзија беше во склоп со програмата за размена помеѓу ЕГЕА-Скопје и ЕГЕА- Белград. Дел од оваа екскурзија беа членовите на ИЗСГ-Природник, гостите од ЕГЕА-Белград и дел од наставниот колектив на ПМФ и тоа: д-р Дејан Илиев; д-р Милена Талевска и Анита Тодорова.

Тргнувањето беше во 8.30 часот од паркингот наспроти Скопски Саем. При патувањето до Охрид се направи и мала пауза на Стража, а воедно и ужинка со топли мекици. Во Охрид се пристигна во 12 часот. Веднаш по пристигнувањето целата група се упати кон разгледување на дел од знаменитостите на градот Охрид. Беа посетени црквите „Св.Богородица Перивлепта“; „Св. Јован Канео; „ Св. Климент и Св. Пантелејмон на Плаушник“; Самоилова тврдина и други места. По тричасовната прошетка групата студенти имаше групен ручек во еден од охридските ресторани, кој за гостите од Белград беше одлична можност за да ја пробаат македонската кујна. После групниот ручек имаше време за уште кратка прошетка која беше со цел фотографирање на Охридското Езеро, а и купување на сувенири. Во 18:30 часот групата се упати назад кон Скопје.

Гостите беа презадоволни од посетата на градот Охрид и воодушевени од убавината на езерото и градот. Севкупно земено одлична екскурзија како за гостите така и за домаќините. ИЗСГ-Природник им се заблагодарува на сите кои на некој начин помогнаа да се реализира оваа екскурзија до Охрид.

Напишал: Глигорије Џилвиџиев

Објавено од:

Од категорија: Природник... · Tags: ,

Leave a Reply

*