Некои од најизолираните цивилизации во Светот

13.04.2012

И покрај брзиот и динамичен раст на населението и ширењето на цивилизацијата во светот сеуште има изненадувачки голем број на култури кои останаа недопрени од страна на човекот. Нивните културни традиции на нас може да ни делуваат неразбирливо, но можеби тие традиции да се постари од нашите. Ова е изборот на петте наjизолирани цивилизации на нашата планета кој го направи Би-Би-Си.

1. Мистериозно амазонско племе (Бразил)

Најмистериозно на листата е едно племе од прашумите во Бразил. Неодамна е откриено и за него скоро и ништо да не се знае, па сеуште модерниот свет нема ниту име за ова племе. Откриено е благодарејќи на криумчарите со дрога, кои со мали спортски авиони вршеле транспорт на опојните средства и на дрвокрадците кои се приближиле до нивното село.

Ова  племе има ограничени контакти и со другите племиња во тој регион, имаат еден заедничи јазик кој се нарекува пано, но го зборат на досега непознат дијалект. Покрај тоа се знае дека припадниците на племето живееат во големи колиби, што подразбира дека тие колиби ги делат поголеми семејни заедници. Главните намирници со кои се прехранува ова племе се бананите, пченката и кикириките.

2. Инуити – Северна Канада

Канадските Инуити припаѓаат на најстарите народи на планетава, чии траги водат до 20000 години во минатото. Притоа сите тие милениуми ги преживувале во еден од најсуровите делови на светот: на крајниот дел на северна Канада, каде преку лето деновите се долги, а температурите умерени, но затоа во зима владее тотална темница и температурите не се издигнуваат над нулата.

Најголемито дел од животот Инуитите го поминуваат во лов на морски цицачи, китови и фоки и во риболовот каде што се врвни мајстори. Во технолошки поглед Инуитите биле понапредни од своите соседи се до колонизирањето на Америка.

3. Сами (северот на Скандинавија)

Домородната цивилизација на Самите ги опфаќа крајните делови на Шведска, Норвешка, Финска и Русија. Самите се единствен автохтон народ признат на скандинавскиот полуостров. Низ годините овој народ ги усовршил своите вештини во лов и риболов со помош на замки, но најпознати се по своите големи стада на ирваси.

Ирвасите не им служат само за храна , туку од нивната кожа изработуваат шатори во кои живеат и разна облека како што е погоре на сликата. Најголемиот дел го говорат својот мајчин јазик сами, кој како прв јазик се изучува во голем број на школи на далечниот север.

4. Сентинелези (Aндамански архипела, Индија)

Како и новооткриеното племе во Бразил така и Сентинелезите енергично се противат на контактите со надворешниот свет. Живеат на Сентинелескиот остров кој што се наоѓа во Индискиот океан. Се проценува дека ги има помалку од 250 луѓе. Овој народ исклучиво се занимава со лов и риболов. Прилично се вешти во ракување со лак и стрела.

За нивниот социјален живот многу малку се знае. Индијскиот антрополог Т.Н. Пандит, кој цели 17 години ги проучувал увидел дека брак помеѓу блиски роднини е многу честа појава.

5. Вапишани (Бразил и Гвајана)

Вапишани се индијански народ од северните делови на Бразил и јужните делови на Гвајана. Со европските народи за првпат се сретнуваат во 1428 година на третото патување на Колумбо. Првобитно практикувале полигамија (еден маж можел да има поголем број на жени), но под влијание на мисионерите од Европа денеска поголемиот дел од браковите се склопува со благослов од католичката црква.

Од друга страна, Вапишаните успеале да го сочуваат најголемиот дел од својата култура и традиција, и го сочувале огледувањето на еден вид на корен кој им претставува главна земјоделска култура. Најголемиот број на домаќинства се составени од потесното семејство со баба и со дедо, додека селските поглавици живееат во големи куќи, кои се опкружени со помали куќички.

Подготвил: Бојан Давидовски, дипломиран географ 

Оваа статија е прочитана 6750 пати!

Leave a Reply

Your email address will not be published.