Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Географски вести » Африка лежи на големи резерви подземна вода!

Африка лежи на големи резерви подземна вода!

20.04.2012

Британските геолози тврдат дека под сушниот африкански континент се наоѓаат огромни резерви на подземни води со вкупен капацитет околу стотина пати поголем од количеството на водата на површината. Како што пренесува BBC, овој научен тим изработи најдетална карта на капацитетите и потенцијалите на овој скриен ресурс. Ширум Африка над 300 милиони луѓе нема пристап до чиста вода за пиење. Во идните пак децении, потребите за вода уште повеќе ќе се зголемат, пред се заради растот на населението и потребите за наводнување. Сега, стручњаците од Британскиот геолошки институт (BGS) и Универзитетскиот колеџ во Лондон (UCL) по прв пат успеа да изработат анализа на целиот континент во потрага по подземна вода.

Според Хелен Бонсор од BGS и еден од авторите на овој документ, „Најголем резервоар на подземна вода се наоѓа во северна Африка, во големите седиментни басени во Либија, Алжир и Чад“. Поради големите климатски промени кои со текот на вековите Сахара ја претворија во пустина, многу подземни резервоари на вода, последен пат се наполниле пред повеќе од 5000 години! Според истражувачите, новите карти покажуваат дека многу држави кои се сметаат за сиромашни со вода, поседуваат значителни резерви на подземни води. Сепак, научниците се внимателни во врска со најдобриот начин за пристап до овие скриени ресурси. Според нив, не би требало да се поставуваат големи дупнатини без целосно согледување на состојбата на локалните подземни води. Помали дупнатини преку кои ќе се доставува вода до руралните подрачја би биле многу подобро решение. Бидејќи денес, поради малата количина на врнежи, овие резервоари речиси не се „полнат“ (прихрануваат) со вода, научниците се загрижени дека иако станува збор за огромни подземни резервоари, тие сепак би биле брзо исцрпени или загадени.

Извори:

http://www.index.hr/vijesti/clanak/spas-za-300-milijuna-ljudi-afrika-lezi-na-golemim-zalihama-pitke-vode/610894.aspx
http://www.b92.net/zivot/nauka_vesti.php?yyyy=2012&mm=04&dd=20&nav_id=602240

Подготвил: д-р Ивица Милевски

Оваа статија е прочитана 5159 пати!

Објавено од:

Од категорија: Географски вести · Tags: ,

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger