Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Географски вести » Приматијада (Албена) 2012

Приматијада (Албена) 2012

Приматијада претставува научно-спортско натпреварување на студентите од природно-математичките факултети, од повеќе држави: Србија, Црна Гора, Македонија, Словенија и Босна и Херцеговина. Манифестацијата се организира успешно 38 години, а секоја година учествуваат околу 2000 студенти. Приматијада се организира, поради размена на искуства, презентација на научни трудови, дружење и зближување на студентите од сродните факултети. Спортскиот дел од овие натпреварувања го чинат натпреварувањата во: фудбал, ракомет, кошарка, одбојка, тенис, пинк понк и др.

Од 28.04 до 03.05.2012 во Албена, Република Бугарија се одржа приматијадата, која беше организирана од Сојузот на студенти од Хемискиот факултет од Белград. Како и секоја година така и оваа, околу 85 студенти од Природно-математичкиот факултет од Скопје, зедоа учество на Приматијадата 2012. Студентите од ПМФ,  по неколкудневните натпревари, постигнаа успеси речиси во секое натпреварување. Како резултат на тоа на ПМФ – Скопје и припадна титулата „Апсолутни победници“, Оваа титула веќе неколку години по ред им припаѓа на студентите од Природно-математичкиот факултет од Скопје.

Во областа на научни трудови од областа на географијата од Институтот за Географија од Скопје имаше двајца претставници, кои своите способности во презентација и одбрана  на своите трудови пред стручното жири, ја имаа во конкуренција со своите колеги. Двајцата студенти од Институтот за географија беа: Глигорије Џилвиџиев со темата „Состојба и перспективи во развој на туризмот на планината Кожуф“ и Драгана Живковиќ со темата „ Природно- географски фактори за развој на туризмот на Шар Планина“. И двата труда беа успешно одбранети, а трудот, на студентот Глигорије Џилвиџиев беше второ пласиран на натпреварувањето во оваа категорија.

 

 

Напишал: Глигорије Џилвиџиев

Оваа статија е прочитана 3530 пати!

Објавено од:

Од категорија: Географски вести · Tags:

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger