Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Географски вести » 33-ти Државен натпревар по географија, Делчево – 2012

33-ти Државен натпревар по географија, Делчево – 2012

5.05.2012

На 4 и 5 мај 2012 година беа одржани 33-тите државни натпревари по географија за основните и средните училишта. Организатор беше Македонското географско друштво, а домаќин основното училиште “Ванчо Прке” од  Делчево.

Настанот беше свечено отворен во О.О.У. “Ванчо Прке”, со поздравни говори  на претседателот на Македонското географско друштво проф. д-р Благоја Маркоски и Директорот на О.О.У. “Ванчо Прке”, Ванчо Атанасовски. Во продолжение следуваше програма со музички настапи на учениците од училиштето.

 

На натпреварите учество земаа вкупно 142 ученици, од кои 93 од основните училишта и 49 од средните училишта. Свеченото прогласување на првите три места беше извршено на 5 мај во манасирот Света Богородица-Балаклија во близина на градот Делчево.

На натпреварот за основните училишта првото место го освои ученикот Зоран Гаврилов од Кочани, второто Елена Мојсоска од Кривогаштани, додека третото место и припадна на Сандра Стојановска од Скопје .

Во категоријата на средношколците, првото место го зазема Софија Велиновска од Крива Паланка, второто место го поделија Бранкица Чачарова од Радовиш и Маринела Антовска од Куманово, додека третото место го освои Маријана Јаневска од Кавадарци.

Добитниците на првите три места во двете категории добија и награди (глобуси, карти, атласи) донирани од Тримакс Картографија од Скопје. Сите останати учесници добија дипломи за учество, додека на менторите им беа доделени пофалници за менторство. По доделувањето на наградите државните натпревари по географија за 2012, официјално беа затворени.

Целиот настан беше поддржан од Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, Општината Делчево, Тримакс Картографија-Скопје и др.

Настанот воедно беше можност за дружење и стекнување нови пријателства помеѓу натпреварувачите, наставниците и организаторот. Резултатите за сите учесници поединечно може да ги видите на следниот линк.

http://www.igeografija.mk/MGD/Rezultati-drz-2012.htm

Подготвил

Асистент м-р Свемир Горин

 

Објавено од:

Од категорија: Географски вести

Еден одговор на "33-ти Државен натпревар по географија, Делчево – 2012"

  1. Blagoja Markoski says:

    Bravo za Makedonskoto geografsko drustvo, najstarata opshtestvena organizacija vo Republika Makedonija.

Leave a Reply

*