Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Чудесна Македонија » Водопади и слапови на Башибоска Река

Водопади и слапови на Башибоска Река

На 2 километри северно од селото Кочули  односно 14 километри  од градот Валандово на Башибоска Река се изградени неколку мали водопади и неколку слапа. Се наоѓаат на источната страна на планината Беласица од 750 до 800 м.н.в., а се распоредени еден над друг во должина од околу 200 м. Водопадите и слаповите се од ерозивно потекло, а се настанати како резултат на не еднаквото вертикално всекување на Башибоска Река. Височините на водопадите им се движи од 1 до 4 метри, додека еден од слаповите е со должина од 7 метри. Во подножјето на секој од нив има изградено џиновски лонци. Вкупниот број на овие водопади и слапови не се знае, а исто така можно  е да има и некој повисок водопад на некоја од притоките која ја формира Башибоска Река. Во овој дел на планината Беласица има уште многу што да се види, и за сите авантуристи да се прошета, истражи и воедно да се пронајде нешто ново.

 

 

 

 

Напишал: Глигорије Џилвиџиев

Оваа статија е прочитана 4930 пати!

Објавено од:

Од категорија: Чудесна Македонија

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger