Разгледајте ги познатите светски локалитети преку Google World Wonders!

4.06.2012

Google официјално го објави својот World Wonders Project кој овозможува 360-степенски панорамски преглед на значајните културно-историски, архитектонски, пејсажни и природни локалитети. До сега се опфатени над 140 локалитети низ 19 различни држави, но секако нивниот број постепено ќе се зголемува. Сите локалитети се поделени според континенти и држави, како и според тематиката на која се однесуваат. Проектот е изработен со помош на познатата и напредната Street View технологијата со која располага компанијата, а за деловите до кои не може да се пристапи со кола е користена специјална камера монтирана на тритркален мопед (трицикл). Страницата вклучува 3Д модели од Google Earth, YouTube видеа и фотографии за локалитетите (се избираат на десната страна од панорамскиот приказ), а сето тоа е достапно на шест светски јазици. World Wonders го следи Google Art Project и е посветен да им понуди на корисниците можност виртуелно да ги истражат најпознатите светски културни, историски, архитектонски и природно-пејсажни места и се надеваат дека сервисот ќе биде добар образовен ресурс. За таа цел имаат изработено и едукативен пакет кој е достапен за преземање и може да се користи низ образовните установи. Целиот проект е изработен во партнерство со UNESCO, World Monuments Fund и Cyark, од кои се презентирани официјалните информации и фотографии од локалитетите. Сите наведени содржини можете да ги погледнете на веб-страницата http://www.google.com/culturalinstitute/wonders.html.

Извор:

http://www.google.com/culturalinstitute/wonders.html

Подготвил: д-р Ивица Милевски

Оваа статија е прочитана 3653 пати!

Leave a Reply

Your email address will not be published.