Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Географски вести » Во Северното Море откриена „Британска Атлантида“

Во Северното Море откриена „Британска Атлантида“

4.07.2012

При истражувањата на нафтените резерви во Северното Море, неколку нафтени компании дојдоа до интересни откритија. Имено, голема копнена површина која се протегала помеѓу Северна Шкодска и Данска позната под името Догерленд, во периодот од 18.000 до 5.500 година п.н.е. исчезнала во водите на Северното Море. Се верува дека на овој копнен простор живееле мамути, разни други животни, но и десетици илјади луѓе кои некогаш можеби биле срцето на Европа. Научниците веруваат дека за потопувањето на оваа таканаречена „Британска Атлантида“ е виновно разорно цунами. Според Ричард Бејтс од Универзитетот Сент Ендрју во Шкотска, за време на глацијалниот период пред околу 20.000 години, оваа површина го постигнала својот максимум, иако поголемиот дел бил прекриен со мраз. Како се топел мразот, така се повеќе се откривало копното, но и се искачувало нивото на морето. На крај, целото копно било потопено, така што денес тоа се наоѓа на дното на Северното Море. Инаку, површината на Догерленд била значително поголема од многу држави во денешна Европа. Всушност, вакви потопувања на копнените површини и појавувања на ново копно, често се случувале во геолошката историја, па се до денес. Така, поради повеќе причини (геолошки, топење на мразот на Антартикот и сл.) тоне делот од Јадранскиот, Егејскиот брег и други крајбрежни подрачја на Средоземно Море, но и во разни останати приморски делови на Светот.

Извор: http://www.dailymail.co.uk

Подготвил: д-р Ивица Милевски

Оваа статија е прочитана 4003 пати!

Објавено од:

Од категорија: Географски вести · Tags: , , ,

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger