Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Отворено... » Концертни манипулации

Концертни манипулации

15.09.2012

По повод 8-ми Септември, денот на независноста на Република Македонија, во арената Филип II се одржа голем концерт наводно на изворни македонски народни песни. Велам наводно, затоа што Македонскиот изворен национален мелос не трпи преработки, доработки и интерпретатори кои неможат да изговорат некои од буквите и зборовите македонски (инаку секоја чест на нивните имиња и индивидуални кариери).
Големите уметници нека се потрудат да останат големи како што ги знаеме и да не дозволат да бидат исвиркувани. Нека го негуваат македонскиот мелос, но само и исклучиво инструментално.
Вистинската македонска публика при такви неартикулирани извитоперувања на песната е збунета, ритамот во душата на слушателот е пореметен, така што, не се знае кога да се дигнат рацете, кога да се аплаудира, кога да се запее заедно со интерпретаторот и т. сл
Како што го доживеав овој концерт на така убав ден, од душата нешто ми вели дека многумина се изманипулирани, дури и оние кои имале најдобри намери.
Македонската телевизија не би требало да се фали и да не потсетува на ваков наводен спектакл, бидејќи, мене а убеден сум и на сите Македонци јасно им звучи манипулацијата која водителот на концертот (големиот шоумен) ја направи со публиката гога ги наведе да викаат У а потоа А и на крај Македонија. Како тоа ечеше заедно? Срамно е на така голем ден да се дозволи таква манипулација.
Многу жалам што морав ова да го напишам, но чувствата кон мојата земја македонска и народ македонски не дозволија да премолчувам. Ова го чувствуваа сите Македонци, бидејќи ги слушав коментарите на пазар, во продавница, на улица, меѓу пријателите.
Побрзо да заборавиме. Никој да не се фали со ваков концерт.

Проф. д-р Благоја Маркоски

Објавено од:

Од категорија: Отворено...

Leave a Reply

*