Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Географски вести » Посета на коралните гребени со Google Maps

Посета на коралните гребени со Google Maps

Google и The Catlin Seaview Survey денес официјално го стартуваа новиот проект, кој на интернет корисниците им овозможува виртуелно да посетат неколку светски локации и да го видат подводниот свет. Можете да пливате со желки и ражи и да го разгледате Заливот Ханаума.

Сето тоа е изведено со подводни камери кои ќе снимаат фотографии, а корисниците можат да одберат некоја локација на гребен и виртуелно да набљудуваат околу 50.000 панорами.

Дел од тие панорами и подводен свет можете да ги погледнете уште денес. Станува збор за Хаваи, Филипините и делови од Австралија( Големиот Корален Гребен.), чии фотографии се довршени од страна на нуркачките експедиции. Кон нив постапно ќе се додаваат и други локации од 20 различни гребени во состав долг 2.300 километри, а длабок 100 метри.

Снимките ќе можат да ги погледнат повеќе од милијарда луѓе кои се корисници на Google Maps, потоа преку посебен канал поставен на YouTube, како и преку веб страната Panoramio.com.

Во овој проект, снимките се прават преку посебни HD камери познати како SVII кај нуркачите од The Catlin Seaview Survey. кои снимаат слики на 360 степени, на секои четири до шест секунди, а кои на роботизираната подморница патуваат со четири километри на час.

 

Извори:

http://kajgana.com/google-360-ve-vodi-na-turneja-po-koralnite-grebeni

http://365.com.mk/28449/google-maps-pod-moreto

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=7syWPIZt9B4

Приготвил: Глигорије Џилвиџиев

Оваа статија е прочитана 3962 пати!

Објавено од:

Од категорија: Географски вести

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger