Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Географски вести » Студенти од Универзитетот Ломоносов во посета на Институтот за географија

Студенти од Универзитетот Ломоносов во посета на Институтот за географија

Вчера во просториите на Природно – математичкиот факултет, пред група студенти од реномираниот Московски Универзитет „Ломоносов“, од страна на м-р Горан Китевски, беше одржано предавање на тема „Македонската геополитика и регионот“. На предавањето, покрај студентите од Русија, присуствуваше и поголем дел од наставничкиот кадар од Институтот за географија, како и голем број на студенти од самиот географски институт при ПМФ.

Претходно, студентите од „Ломоносов“ беа примени од раководителот на Институтот за географија, проф. д-р Никола Панов, и од проф. д-р Ристо Мијалов. Студентите беа запознаени со историјатот на Институтот, научно – наставничката дејност, и понатамошниот развој и планови. Студентите, накратко, го претставија својот факултет, и ја искажаа искрената желба за соработка на високо ниво помеѓу двата институти.

Во двочасовното предавање, студентите беа запознаени со богатата историја на Македонија, главните социо – економски карактеристики на државата, внатрешната и надворешната политика на Македонија, врските со соседството и регионот, како и Евро-атлантските интеграции и вкупните геополитички проблеми, процеси и перспективи на Република Македонија.

Географите од Московскиот Државен Универзитет го изразија своето задоволство од топлиот прием на факултетот, како и од сознанијата здобиени од предавањето, за кои, како што самите пренесоа, ќе им бидат од голема корист во нивното истражување за геополитичките состојби на просторите на Балканскиот Полуостров.

Соработката меѓу Институтот за географија и реномираниот Московски Универзитет претставува уште еден вид на признание и афирмација за самиот географски институт, како и за Природно – математичкиот факултет, создавајќи здрава основа за што поголема понатамошна соработка на интернационално ниво и со останати научно – наставнички институции од Европа и светот.

 

Напишале: Горан Китевски и Дарко Стојчески

Објавено од:

Од категорија: Географски вести · Tags:

Leave a Reply

*