Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Отворено... » Поуки за Министерот за образование и наука!

Поуки за Министерот за образование и наука!

29.09.2012

Можеби не е мое да речам (како што би рекла црногорска снаа), меѓутоа, од поодамна на своја рака има практика на преименување на училишта, улици или слично. Ароганцијата е голема, постојана и мошне иритирачка за македонскиот народ и нација. Не е во ред да се покренува гневот кај луѓето. Некој вели народот има идеја и таа никој неможе да ја тргне од главата на луѓето. Да но само навидум аргументите на некој градоначалник може да звучат реално. Никој нека не се занесува дека министерот или државата нема механизми.
Во случајов ќе наведам само две-три мерки за санација на ароганција и непочитувањето на законите и сопствената држава. Едно е тоа што државата во такви случаи може да го преиспита проблемот на дадените ингеренции (и убеден дека е крајно време да се одземат таквите големи ингеренции) на градоначалниците во сверата на еден мошне важен систем како што е образовниот, дотолку повеќе што тие, градоначалниците не обезбедуваат пари за системот туку само ги манипулираат парите што ресорното министерство им ги доделува. Во контекст на наведеното, втората мерка би била таква што министерот не може по закон да исплати плати на нерегистриран правен субјект, а ако пак ги исплаќа платите на име на училиште кое е напишано само над вратата на училиштето, а не е во судскиот регистар, тогаш проблемот е симптоматичен (јас не можам ни да замислам такво нешто). Постојат и трети солуции поврзани со валидноста на дипломите на учениците.
Овие и уште некои други сегменти треба да му се објаснат на народот кој веќе има искуство и убеден е дека нема фајде од исполнување желби на поеднци кои сакаат да градат лични кариери и да прават лични богатства токму на грбот на тој народ. И тој таквиот народ знае дека од такви идеи не се живее, туку се живее од работа.

Проф. д-р Благоја Маркоски,
Институт за географија-ПМФ
Скопје

 

 

Објавено од:

Од категорија: Отворено...

Leave a Reply

*