Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Вселена, По Светот » Картирање на свлечиштата од вселената (Мисијата Енвисат)

Картирање на свлечиштата од вселената (Мисијата Енвисат)

Свлечиштата како природна појава се многу важни во  Алпскиот регион. Сателитите кои ја набљудуваат Земјата (поточно оние кои се опремени со радари) можат да им помогнат на научниците за следење на придвижувањата на Земјата, а со тоа и секоја промена да може да се картира. Податоците кои се добиваат од овие проучувања можат да се користат од локалните власти со цел безбедно планирање на инфраструктурата која се планира да се гради, но исто така и за заштита на постоечката инфраструктура.

Сателитските радари кои се оделечени на 800 километри од земјата можат да евидентираат промени кои се случуваат на Земјата од неколку сентиметри. Кога сликите за една област од два или повеќе радари ќе се спојат се добиваат детални параметри за некоја промена во таа област на Земјата. Оваа технологија е наречена   DlnSAR (Differential Interferometric Synthetic Aperture Radar) и претставува многу корисна алатка за откривање на земјината деформација. Мисијата Енвисад била лансирана во 2002 година и веќе една деценија дава резултати за движењето на земјиштето во Алпската област. Архивираните податоци од мисијата Енвисат играат важна функција во картирањето на свлечиштата на земјиштето во Швајцарија.

Иако оваа програма имала тешки почетоци сепак продолжила со собирање на податоци за областа. Инаку мисијата е надгледувана од Швајцарската федерална канцеларија за Заштита на животната средина која е одговорна за природните непогоди  и заштита на здравјето на луѓето . Мисијата Енвисат била прекината во април оваа година, а податоците кои биле архивирани и денеска се користат.

Од 2014 година ќе започне нова мисија Сентинел-1 која ќе биде базирана на досегашните архивирани податоци од Енвисат. Сентинел-1 мисијата се гради со цел вршење на глобален мониторинг на Европа (Заштита на животната средина и безбедност (GMES ) програма).

Извор:http://geology.com/news/

Приготвил:Глигорије Џилвиџиев

 

Оваа статија е прочитана 4064 пати!

Објавено од:

Од категорија: Вселена, По Светот

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger