Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Географски вести » Речиси 1/5 од територијата на Македонија е под ризик од појава на свлечишта и одрони!

Речиси 1/5 од територијата на Македонија е под ризик од појава на свлечишта и одрони!

10.10.2012

Според најновите истражувања, околу 10-20% од територијата на Република Македонија е потенцијално подложна на појава на свлечишта, одрони и други форми на гравитациско движење на земјишните (карпести) маси. Особено изразени потенцијални подрачја  се оние по рабовите на котлините и во централниот дел на државата. Резултатите се добиени врз основа на посебен софтверски модел, користејќи 3″ и 1″ дигитален модел на релјефот (SRTM DEM, ASTER GDEM), потоа спектарот 3 од сателитските снимки Landsat ETM+, CORINE (CLC2006) моделот на покровност на земјиштето и дигиталната инженерско-геолошка карта. Преку постапката се издвоени подрачја со соодветни гранични вредности за наклон, експозиции, литологија, вегетација и други карактеристики, кои се погодни за појава на процеси на движење, лизгање, свлекување или одронување на земјиштето и карпите. Секако, добиениот модел (карта) даваат само општа претстава за локацијата на потенцијалните и ризичните подрачја, а за натамошна конкретна анализа потребни се уште подетални податоци, особено во однос на дигиталниот модел на релјефот, појавата на интензивните врнежи, разни инфраструктурни и други антропогени објекти, градежни активности и слично. Сепак, споредбата на моделот со веќе регистрираните појави на свлечишта и одрони, покажува дека истиот доста реално ја одразува фактичката состојба. Во таа смисла, софтверскиот модел може да биде доста корисен во идните истражувања и планирања на соодветни мерки за превенција и заштита од свлечишта и слични појави на геохазарди.

Автор: д-р Ивица Милевски

Оваа статија е прочитана 3406 пати!

Објавено од:

Од категорија: Географски вести

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger