Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Географски вести » Разрешена мистеријата за изградбата на Ангкор Ват?

Разрешена мистеријата за изградбата на Ангкор Ват?

2.11.2012

Големите камени блокови од песочник, од кои бил изграден познатиот комплекс Ангкор Ват во Камбоџа, до местото на градење биле транспортирани преку систем од канали. Овој комплекс од 12-ти век се состои од 5 до 10 милиони камени блокови тешки и до 1,5 тон кои биле донесени од блиската планина Кулен. Замокот бил изграден за време на еден крал, така што се поставува прашањето, како толку многу блокови се пренесени од Светата Планина до местото на замокот и тоа за само неколку децении. Поставен во центарот на империјата, во градот Ангкор, комплексот требало да биде во чест на хиндуистичкиот бог Вишну, меѓутоа од 14-от век па наваму, владетелите го претвориле местото во будистички замок кој како таков се користи и денес. Камбоџанците толку се приврзани со Ангкор Ват, што тој како симбол стои и на нивното знаме. Претходно се сметаше дека за изградба на овој комплекс, Кмерите ги транспортитале блоковите околу 40 км низводно со помош на сплавови, потоа уште 35 км по брзите води на реката Сием и на крај уште 16 км спротиводно по една притока кон местото на замокот. Меѓутоа, денес се смета дека таков начин на транспорт, долг 80 км, би бил многу тежок, па и неостварлив. Јапонските научници од универзитетот во Токио, анализирајќи детални сателитски снимки на областа утврдиле дека сепак постоел пократок воден пат кој се состоел од канали. Тој бил долг само 34 км или многу помалку од она што се сметаше претходно. Всушност, се знае дека во тој период Кмерите граделе многу канали за наводнување, транспот и други цели, така што ваквата идеја се чини сосема возможна. Сето наведено, покажува колку биле досетливи луѓето во изградбата на вакви импозантни градби.

Извор: http://www.dailymail.co.uk/sciencetech/index.html

Подготвил: Стефани Стојановиќ

Објавено од:

Од категорија: Географски вести

Leave a Reply

*