Примероците од почвата на Марс неверојатно слични со оние од Хаваи

2.11.2012

Како што објави НАСА, спрема првите податоци, примероците од минерали што ги собра роверот Кјуриозити, неверојатно се слични со вулканскиот песок на Хаваи. Роверот користел X-зраци при анализа на атомската структура на кристалите во почвата. Со досегашните анализи се покажа дека зрнцата песок од Марс се слични со базалтната подлога каква што е пронајдена во вулканските региони на Земјата, на пример од Хавајските острови. Со сите наведени анализи научниците сакаат да соберат информации од планетата Марс со цел да утврдат дали некогаш, а можеби и денес на таа планета има траги од елементарен жив свет. За почеток, резултатите се доста охрабрувачки, а можеби уште повеќе изненадувања ќе следат во идниот период.

Подготвил: Стефани Стојановиќ

Оваа статија е прочитана 4137 пати!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *