Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Природник... » Извадок од статутот на ИЗСГ Природник

Извадок од статутот на ИЗСГ Природник

ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ

Член 4

Истражувачко здружение на студенти географи ПРИРОДНИК – Скопје ги остварува целите и задачите во согласност со овој Статут. Здружението ги има следниве цели:

1. Потикнување и организирање на студенти географи заинтересирани за занимавање со научно истражувачка работа, овозможувајќи им прошитување на своите знаења;
2. Развивање на интересот на студентите за науката;
3. Развивање на еколошката свест на студентите и учениците;
4. Формирање на научни збирки на здружението;
5. Изработка на елараборати, програми, планови и проекти како за свои така и за потребите на другите субјекти;
6. Обука и едукација на заинтересираните субјекти од областа на делување на здружението;
7. Организирање на предавање, излети, работа во работилници, конгрси, симпозиуми и други слични собири;
8. Издавачка дејност на здружението (издавање на брошури, публикации, билтени и др.);
9. Информирање на јавноста за резултатите и постигнувањата од својата работа.

За остварување на своите цели и задачи здружението ќе се потпира врз иницијативата, активностите, мислењата и предлозите на своето членство, Собранието и другите органи и тела со донесување на програма и план за работа.Програмата за работа се донесува на седница на собранието на здружението секоја година.
Планот за работа се донесува на првиот состанок на претседателството секоја година.
Целите ќе се остваруваат преку постоечки институции согласно Уставот на Р.М. законот за здружение на граѓаи и фондации овој статут другите акти на здружението, како и сите, важечки прописи на Р, Македонија.

Активности на здружението

Член 5

Активности на здружението се:
– Изработка на студентски проекти;
– Конкретна соработка со организации од стручен карактер;
– Размена на студенти;
– Подготовка на студенти – претставници за учество на меѓународни собири на студентите по географија, и
– Други активности кои ја подпомагаат реалиацијата на целите на здружението

Член 6

Во остварувањето на своите цели и задачи националната, верската, расната и половата припадност како и политичкото убедување нема да имаат никакво значење и влијание врз работењето на здружениетп, напротив здружението ќе се спротистави на секаква дискриминација и тоталитарна тендеција.

Член 7

За остварување на своите цели и задачи здружението соработува со наставно-научни институции, невладини организации, државни органи на Република Македонија, фондации, стопански и други субјекти, како од земјава така и од странство.

Член 8

Здружението има својство на правно лице и се основа на неопределено време.
За обврските на правниот промет одговара со сиот свој имот. Здружението неможе да обавува стопанска дејност.
Здружението може да основа друштва со ограничена одговорност и акционерски друштва за остварување на целите и задачите утврдени со статутот.

Објавено од:

Од категорија: Природник... · Tags: , , , , , , ,

Leave a Reply

*