Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Активности » Прв роденден на ИГЕО порталот!

Прв роденден на ИГЕО порталот!

12.11.2012

Денес, на 12.11.2012 година, ИГЕО порталот го прославува својот прв роденден откако пред точно една година беше поставена првата официјална статија. Во изминатата година, на порталот се објавени вкупно 340 статии или во просек по околу 28 статии месечно. Најголем број статии се објавени во ноември 2011 година – дури 48, а најмалку во октомври оваа година, 14. По категории, најголем број се „Географски вести“ 128, потоа „На тема…“ 87, „Чудесна Македонија“ 47 и др. Иако многумина беа скептични во опстанувањето на првиот географски портал во Република Македонија, тој до денес одлично функционира кога се имаат во предвид сите околности и ограничувања.
Инаку, од самиот број на објавени статии, позначаен е нивниот квалитет за кој е водено максимална грижа и посветеност. Статиите се внимателно избрани, прегледани, проверени од евентуални дезинформации или несоодветно преземени податоци, најчесто со цитиран извор за кој е водено сметка да биде релевантен. Над 100 статии се авторизирани, оригинални и претставуваат придонес за географската наука, но и извор на нови информации за наставниците и учениците. Сето тоа во услови кога на порталот се работи сосема волонтерски, без никакви финансиски сретства, спонзорства или други извори.
За квалитетот на статиите и следеноста на самиот портал, говори податокот што веќе има речиси 45.000 „поединечни“ посетители со преку 130.000 посети на самиот ИГЕО-портал. На таа бројка треба да се додадат и над 40.000 посетители и 100.000 прегледи од други портали и интернет страници кои пренесуваат или преземаат содржини од ИГЕО. Така, вкупната бројка на прегледи на содржините веќе е над 230.000 што за нас претставува огромен успех, задоволство и мотивација повеќе да се продолжи понатаму.
Овде треба да се напомене дека од вкупниот број статии (340), 185 или 55% се објавени или подготвени од д-р Ивица Милевски, кој е покренувач и уредник на порталот. Покрај тоа, голем е придонесот и на студентите кои објавиле речиси 130 статии, а значаен е и бројот на статии од колегите на Институтот за географија.
Во идниот период, настојувањето ќе биде да се зголеми мотивацијата и бројот на авторите кои ќе објавуваат интересни теми на ИГЕО-порталот, особено вклучување на повеќе студенти, но и наставници по географија и сите оние кои се интересираат за географијата.

Нека ни е честит роденденот!

Оваа статија е прочитана 3791 пати!

Објавено од:

Од категорија: Активности

Еден одговор на "Прв роденден на ИГЕО порталот!"

  1. Горан Китевски says:

    За многу години да е!

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger