Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Природник... » 8 ГОДИНИ ЕГЕА СКОПЈЕ

8 ГОДИНИ ЕГЕА СКОПЈЕ

1.12.2012

Се започна во учебната 2003/2004 година кога група на студенти од 4-та година, помогнати од професори и асистенти од Институтот за Географија, одлучија да формираат друштво на студенти географи.  На првиот состанок (15.03.2004) од страна на 9 студенти-географи (Арсова.А, Колев.М, Ангеловска С, Јовановска Е, Петров З, Петковски Т, Николиќ А, Тасков А и Јовевска Н.) одлучено е друштвото да се именува како ИЗСГ ПРИРОДНИК (истражувачко здружение на студенти географи – Природник), чие седиште ќе биде Институтот за Географија. Истата година друштвото е примено за редовен член во ЕГЕА (Европска географска асоцијација), па затоа на меѓународен план е познато како Егеа Скопје. Како официјален ден на зачленување во оваа асоцијација е 1 – ви декември. Одтогаш па наваму, овој ден го означува отварањето на европскaтa вратa за ИЗСГ Природник.

Изминатиов период во ИЗСГ Природник (Егеа Скопје) доста активно се работеше на повеќе полиња, во оваа прилика ќе се потсетиме на поголемиот дел. До сега, Егеа Скопје (ИЗСГ Природник) има организирано и учествувано на вкупно 39 активности, од кои 21 настан е од меѓународен карактер, пред се учество на конгреси, семинари,  размени на студенти  и  останати активности. Егеа Скопје има присуствувано на 6 конгреси, од кои 5  се во матичниот регион – Euromed, (Кладово/Србија 2005, Похорје/Словенија 2006, Гоч/Србија 2009, Крањска Гора/Словенија 2011 и Н.П. Тара/Србија 2012), а еден конгрес е на годишно ниво – Пулио/Грција 2006. Покрај ова Егеа Скопје има организирано и учествувано на 5 размени на студенти (Скопје – Нови Сад  2005, Скопје – Загреб 2005/06, Скопје – Љубљана 2009, Скопје – Нови Сад 2010/11 и Скопје – Белград 2012). Исто така трага е оставенa на 3 семинари (Фрушка Гора/Србија 2007, III Балканијада – Чачак/Србија 2011 и  IV Балканијада  Пелистер/Македонија 2012), 4 експедиции (Олимп 2005, Стаза Шопова/Србија 2009; Стаза Шопова/Србија-Бугарија 2010; Стаза Шопова/К.Паланка –Македонија 2011) и останати активности (летен камп Пријепоље 2005, новогодишна прослава Дарувар/Хрватска 2005/06 и мотивационен викенд Рајац 2006). Во рамки на Република Македонија спроведени се 18 домашни активности (терени), од кои најголем дел се мотивационите викенди и еднодневните терени. До сега вкупно се организирани 8 мотивациони терени (Нова Брезница 2004, Пелистер 2006, Чеплес 2007, Чеплес 2008, Чеплес 2009, Караџица 2009, Пелистер 2011 и Папрадиште 2011), 5 еднодневни терени (Златоврв 2005, Водно 2010, Водно – Матка 2010, Матка 2010 и Водно 2011), 3 летни кампа (Караџица 2006, Преспа 2007 и Караџица 2011) и 2 екскурзии (Куклица 2004 и Охрид 2012). Гледано, Егеа Скопје (ИЗСГ Природник) најмногу активности има организирано во текот на 2005 година (7 активности) и во текот на 2011 година (7 активности). Како еден од најмасовните (најпосетени) терени, значитално се извојува семинарот Балканијада – Пелистер 2012, кој беше посетен од 52 учесници (17 домашни претставници, 2 професори и 33 гости). Меѓу најмасовните размени на студенти е првата размена на Егеа Скопје со Нови Сад (2005 год), на која учествувале 13 студенти од Егеа Скопје. Еден од најмасовните мотивациони терени е Пелистер – 2011, со учество на 19 студенти. Во оваа група на најмасовни терени, секако има место за двете досега одржани екскурзии Куклица 2004 и Охрид 2012.  За сета оваа успешната работа на ИЗСГ Природник (ЕГЕА Скопје) досега се имаат погрижено 5 претседатели (Петковски Т., Темовски М., Кирковски А., Милосковска М. и Стојчески Д.), како и нивните колективи. Покрај нив заслужни се многуте генерациии на студенти, кои несебично помагале во развојот, функционирањето и надоградувањето на ова географско друштво. Секако овде мора да се додаде дека исто така голема заслуга има Институтот за Географија, без кој нашето постоење не би го замислиле. Денес, Егеа Скопје (ИЗСГ Природник) e подмладена и со нови сили продолжува да се развива и издигнува уште повеќе!

 Нека е вечна годишнината!!!

Напишал: Дарко Стојчески

Оваа статија е прочитана 3962 пати!

Објавено од:

Од категорија: Природник... · Tags:

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger